Бредли Купер
Бредли Чарлс Купер (роден на 5 јануари 1975 г.) — американски глумец и продуцент. Тој е еден од највисоко платените глумци во светот, и во кариерата бил номиниран за различни награди, вклучувајќи четири Оскари, две БАФТА награди и два Златни глобуси. Купер двапати се нашол на списокот на највисоко платени славни личности на списанието Форбс и еднаш на списокот 100 највлијателни луѓе во светот кој го објавува магазинот Тајм, и тоа во 2015 година.
Бредли Купер | |
---|---|
Купер во 2009 година | |
Роден(а) | Бредли Чарлс Купер 5 јануари 1975 Филаделфија, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1999–сè уште |
Купер ја започнал својата кариера со гостинска улога во серијата Сексот и градот во 1999 година, а две години подоцна ја добил својата прва филмска улога во комедијата Влажно топло американско лето. Негова прва впечатлива улога била улогата на Вил Типин во шпионско-акционата серија Алијас (2001–2006), а потоа стекнал успех со споредната улога во комедијата Расипувачи на венчавки (2005). Тој направил пробив во 2009 година со улогата во Мамурлак, комерцијално успешна комедија која добила две продолженија во 2011 и 2013 година.
За изведбите во филмовите Без ограничувања (2011) и Местото зад боровите (2012), Купер добил пофалби од филмските критичари. Тој постигнал уште поголем успех со филмовите Во добро и во зло (2012), Американски измамници (2013), и Американски снајперист (2014). За неговата работа во овие филмови, Купер двапати бил номиниран за Оскар за најдобар глумец, и еднаш за најдобар спореден глумец. Купер станал десеттиот глумец во историјата кој добил номинации за Оскар во три последователни години. Во 2014 година, тој го толкувал Џозеф Мерик во обновената претстава Човекот-слон на Бродвеј, и за неговата изведба добил номинација за наградата Тони за најдобар глумец во претстава.
Младост
уредиКупер е роден во Филаделфија, Пенсилванија, а пораснал во близина на Џенкинтаун, Пенсилванија. Неговата мајка Глорија (родена Кампано) е италијано-американка, а неговиот татко, Чарлс Џ. Купер имал ирско-американско потекло и работел како посредник во менаџерскиот оддел Мерил Линч. Има една сестра која се вика Холи. Купер бил израснат со католичка вера. Додека одел во училиштето “Џермантаун Академи” (Germantown Academy), Купер работел во весникот “Филаделфија Дејли Њуз” (Philadelphia Daily News). Откако матурирал во училиштето “Џермантаун Академи” (Germantown Academy), одел на Универзитетот “Виланова” (Villanova) додека бил бруцош, а подоцна се префрлил на Универзитетот “Џорџтаун” (Georgetown) каде што добил почесна диплома за уметност на англиски јазик во 1997 година. Купер зборувал течно француски јазик во “Џорџтаун” (Georgetown), и поминал шест месеци како студент на размена во областа Екс- ан -Прованс (Aix en-Provence) во Франција. Подоцна, во 2000 година добил диплома за магистер на уметнички науки за глума од драмското училиште “Акторс Студио” (Actors Studio) на Универзитетот “Новото училиште” (The New School) во градот Њујорк.
Кариера
уредиКупер ја започнал својата професионална кариера како глумец во телевизиската серија “Сексот и градот” во 1999 година, а исто така бил водител на телегвизиската емисија “Глоуб Трекер” (Globe Trekker). Купер го направил своето филмско деби со филмот “Влажно Топло Американско Лето” (Wet Hot American Summer) во 2001 година, пред прифаќање на улогата како Вил Типијан во успешната телевизиска драма “Ејлиас ” (Alias). Тој се вратил двапати во серијата “Ејлиас” (Alias) како гостин, по напуштање на шоуто во 2003 година, а исто така гостувал и во краткотрајната телевизиска серија “Мис Меч” (Miss Match) истата година. Купер снимал сцени за психолошкиот трилер во 2002 година, “Чејнџинг Лејнс” (Changing Lanes), должината на филмската лента била отстранета од завршениот филм, но е применета во ДВД-то на филмот и изданијата на дискот Блу Реј. Купер глумел во филмот “Ај Вонт Ту Мери Рајан Бенкс” (I Want To Marry Ryan Banks) на телевизијата ЕјБиСи Фемили (ABC Family) со Џејсон Пристли, и се појавил како постојан гостин во серијата “Џек и Боби” (Jack &Bobby) на телевизијата ДаблјуБи (WB). Го глумел познатиот бандит Сак Лоџ во хит комедијата “Вединг Крашрс” (Wedding Crashers), и се појавил во филмот “Неуспех да се започне” (Failure to Launch) како другар на ликот на Метју МекКонавеј. Купер ја имал главната улога во комедијата “Кичен Конфиденшл” (Kitchen Confidential) на телевизијата Фокс (Fox), врз основа на биографија на готвачот Ентони Бурдејн, кој дебитираше во септември 2005 година. Сепак, покрај критичкото одобрување, телевизијата Фокс (Fox) по само четири епизоди соопштила дека серијата била откажана. Во март 2006 година, Купер глумел во филмот “Три дождливи дена” (Three Days of Rain) со Џулија Робертс и Пол Род во тетатарот “Бернард Б. Џејкобс” (Bernard B. Jacobs Theater). Купер исто така се појавил на сцената како Џејк во продукција на драмата “Д Андерстади” (The Understudy) на Тереза Ребек во 2008 година, во театарот “Вилијамстаун Тиатар Фестивал” (Williamstown Theatre Festival) заедно со Кристин Џонсон. Во 2007 година, Купер глумел во петтата сезона на серијата “Нип/Так” (Nip/Tuck) како Аидан Стоун, телевизиска ѕвезда на измисленото шоу “Срца и Скалпели” (Hearts ‘N Scalpels). Купер исто така глумел во филмот “Да Човеку” (Yes Man) со Џим Кери. Се појавил и во филмот “Рокерот” (The Rocker) со Рејн Вилсон, во 2008 година. На 7 февруари 2009 година, Купер бил домаќин на телевизиското шоу “Сатрдеј Најт Лајв” (Saturday Night Live) со музичкиот рок бенд “ТиВи он Д Рејдио” (TV on the Radio) како гости. Купер го импресионирал Кристијан Бејл во лажна реклама за ДВД во која имало познати личности кои викаат на членовите на филмската екипа, наречена “Не, Брус! Дозволи ми да завршам! Најдоброто од славните критичари.” Во 2009 година, Купер глумел во филмовите “Хис Џст Нот Дат инту Ју” (He’s Just not That into You), “Случај 39” (Case 39) и “Мамурлак” (The Hangover). Во октомври 2009 година, Купер ја освоил наградата за комедија во Холивуд, на 13-ет годишнината од Холивудскиот филмски фестивал и Холивудските награди. Успехот на филмот “Мамурлак” (The Hangover) донел нови можности за Купер, но на прес- конференција Купер рекол: “Тоа е исто. Мислам погледнете, вратите секако беа отворени, но не изгледа како јас да седам со цигара во понеделник наутро и да ги разгледувам сценаријата кои биле понудени”. Во 2010 година глумел во филмот “Денот на вљубените” (Valentine’s day) и ја имал улогата на измислен лик “Темпелтон “Фејсмен” Пек” (Templeton “Faceman” Peck), во филмска верзија на филмот “Тимот А” (The A-Team). Гостувал во шоуто “ДаблјуДаблјуИ Ро” (WWE Row) на 7 јуни 2010 година, заедно со неговите колеги од филмот “Тимот А” (The A-Team), Шарлито Коплеј и Кинтон Џексон. Во 2001 година, Купер глумел во филмот “Без граница” (Limitless), инспириран од новелата “Мрачните полиња” (The Dark Fields) на Алан Глин од 2001 година, како и комедичното продолжение на филмот “Мамурлак: 2 Дел” (The Hangover Part 2). Во август 2011 година, го снимал филмот “Д Плејс Бијонд д Пајнс” (The Place Beyond the Pines) во улога на полициски офицер во почетокот на 90-те години. Подоцна продолжил со снимање на адаптација на серио-комичната новела “Д Силвер Лајнингс Плејбук” (The Silver Linings Playbook) со Роберт Де Ниро и Џенифер Лоренс, во режија на Дејвид О. Расел. Во септември 2011 година, британското списание “ЏиКју” (GQ) го прикажало Купер со награда за “Меѓународен човек на годината”. На 16 ноември 2011 година, списанието “Луѓе” (People) го прогласило за “Најсекси маж на светот”. Во јануари 2012 година, на Купер му било соопштено дека одново треба да се најде со звездата Џенифер Лоренс од филмот “Д Силвер Лајнингс Плејбук” (The Silver Linings Playbook), за адаптација на периодичниот роман “Серена” (Serena) од Рон Раш, во режија на Сузан Биер. Во март 2012 година, Купер и компанијата Ворнер Брос (Warner Bros), склучиле двегодишен договор за неговата продукциска компанија “22&Индијана Пикчрс” (22&Indiana Pictures).
Личен живот
уредиВо октомври 2006 година, Купер се верил со глумицата Џенифер Еспозито. Парот се венчал во декември истата година. Во мај 2007 година, Еспозито поднела барање за развод, кое било завршено во ноември.[1] Пред да стапи во брак, тој ја запознал Рене Зелвегер на снимањето на филмот Случајот 39 во 2006 година. Медиумите шпекулирале за природата на нивната врска во 2009 година кога филмот бил издаден. И покрај тоа што одбиле да зборуваат за нивната романса, тие неколкупати се појавиле заедно, и во 2011 година, медиумите известиле за крајот на нивната врска.[2][3] Во декември 2011 година, тој започнал романтична врска со глумицата Зои Салдана која завршила во јануари 2013 година.[4] Во март 2013 година, тој започнал врска со англискиот модел Суки Ватерхаус која била 17 години помлада од него. Според извештај на телевизијата E!, тие раскинале во март 2015 година поради разликата во години и поради желбата на Ватерхаус да се фокусира на сопствената кариера.[5] Купер започнал врска со рускиот модел Ирина Шајк следниот месец.[6] Во ноември тој се преселил во нејзиниот стан во Вест Вилиџ, Њујорк.[7]
Филмографија
уредиГод. | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
2001 | Влажно топло американско лето | Бен | |
2002 | Мое мало око | Тревис Патерсон | |
2002 | Кршење на сите правила | Џеф | |
2005 | Расипувачи на венчавки | Закари Лоџ | |
2006 | Најубаво е дома | Демо | |
2007 | Повратници | Каубој | |
2008 | Постар од Америка | Лук Питерсон | |
2008 | Рокер | Треш Грајс | |
2008 | Полноќен воз на смртта | Леон Кауфман | |
2008 | Само кажи да | Питер | |
2009 | Тој едноставно не е заинтересиран за тебе | Бен Гандерс | |
2009 | Мамурлак | Фил Венек | |
2009 | Се за Стив | Стив Милер | |
2009 | Њујорк, те сакам | Гас Купер | |
2009 | Случајот 39 | Даглас Џеј Ејмс | |
2010 | Ден на вљубените | Холден Вилсон | |
2010 | Тим А | Темпелтон Пек | |
2010 | Братска неправда | Себеси / Двајт Сејџ | |
2011 | Без граници | Еди Мора | Исто и извршен продуцент |
2011 | Мамурлак 2 | Фил Венек | |
2012 | Зборовите | Рори Џенсен | Исто и извршен продуцент |
2012 | Удри и бегај | Алекс Димитри | |
2012 | Местото зад боровите | Ејвори Крос | |
2012 | Во добро и во зло | Пат Пиполс | Исто и извршен продуцент |
2013 | Мамурлак 3 | Фил Венек | |
2013 | Американски измамници | Ричи Димазо | Исто и извршен продуцент |
2014 | Чувари на галаксијата | Рокет | Гласовна улога |
2014 | Серена | Џорџ Пембертон | |
2014 | Американски снајперист | Крис Кајл | Исто и продуцент |
2015 | Алоха | Брајан Гилкрест | |
2015 | Пеколна кујна | Адам Џонс | |
2015 | Џој | Нил Вокер | |
2016 | Кловерфилдска 10 | Бен | Гласовна улога |
2016 | Кучиња на војната | Хенри Жирар |
Год. | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
1999 | Сексот и градот | Џејк | Епизода: „They Shoot Single People, Don't They?“ |
2000–2001 | Улица | Клеј Хамонд | 5 епизоди |
2001–2006 | Алијас | Вил Типин | 46 епизоди |
2003 | Мис Меч | Гери | Епизода: „I Got You Babe“ |
2003 | Последниот каубој | Морган Марфи | ТВ филм |
2004 | Допирајќи го злото | Агент Марк Риверс | 6 епизоди |
2004 | Сакам да се омажам за Рајан Бенкс | Тод Доерти | ТВ филм |
2004–2005 | Џек и Боби | Том Векслер Грејам | 14 епизоди |
2005 | Закон и ред: Одделение за посебни жртви | Џејсон Витакер | Епизода: „Night“ |
2005 | Закон и ред: Судење пред порота | Џејсон Витакер | Епизода: „Day“ |
2005–2006 | Тајни во кујната | Џек Бурдејн | 13 епизоди |
2007–2009 | Сечи докторе | Аидан Стоун | 6 епизоди |
2015 | Влажно топло американско лето: Прв ден од кампот | Бен | 7 епизоди |
2015–2016 | Без граници | Еди Мора | 4 епизоди; исто и извршен продуцент |
Наводи
уреди- ↑ Fromm, Emily (May 2, 2007). „Jennifer Esposito, Bradley Cooper Split“. People. Посетено на July 16, 2010.
- ↑ Jordan, Julie (March 18, 2011). „Bradley Cooper & Renée Zellweger Break Up“. People. Посетено на August 24, 2016.
- ↑ Zakarin, Jordan (March 16, 2011). „Bradley Cooper Talks Dating Renee Zellweger, Losing Virginity“. The Huffington Post. Посетено на July 14, 2003.
- ↑ Nudd, Tim (January 3, 2013). „Buzz:Bradley Cooper & Zoe Saldana Split Again“. People. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на October 30, 2016.
- ↑ Malec, Brett. „The Reason Behind Bradley Cooper and Suki Waterhouse's Breakup“. E!. Посетено на August 30, 2016.
- ↑ „Bradley Cooper and Irina Shayk are dating“. Hellomagazine.com. May 5, 2015. Посетено на January 11, 2016.
- ↑ „Bradley Cooper quits apartment hunt, moves in with Irina Shayk“. New York Daily News. November 23, 2015. Посетено на August 29, 2016.
Надворешни врски
уреди„Бредли Купер“ на Ризницата ? |
- Бредли Купер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Бредли Купер — Internet Broadway Database (англиски)
- Бредли Купер на Charlie Rose
- Дела од или за Бредли Купер во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)