<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

8 јануари — 8-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 357 денови до крајот на годината (358 во престапна).

Настани:

1198  Инокентиј III станува папа.
1679  Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величествените Нијагарини Водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција.
1991  Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.
1993  На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ.

Родени:

1589  Иван Гундулиќ — хрватски поет и драмски писател.
1883  Павел Филонов — руски и советски сликар и поет.
1910  Галина Уланова — руска и советска балерина.
1922  Дон Патинкин — израелско-американски економист.
1931  Видое Видичевски — македонски поет.
1935  Елвис Присли — американски пејач.
1937  Ширли Бејзи — велшка пејачка.
1942  Стивен Хокинг — англиски теориски физичар.
1942  Валја Балканска — бугарска пејачка.
1942  Џуничиро Коизумипремиер на Јапонија од 2001 до 2006 година.
1946  Роби Кригер — американски рок-музичар, член на групата „Дорс“.
1947  Дејвид Боуви — англиски пејач и рок-уметник.
1957  Ризван Сулејмани — македонски политичар.
1958  Игнасио Солозабал — шпански кошаркар.
1961  Калвин Смит — американски атлетичар.
1961  Иџет Меметинароден правобранител на Република Македонија.
1979  Адријан Муту — романски фудбалер.
1979  Стипе Плетикоса — хрватски фудбалски голман.
1982  Џонатан Кантвел — австралиски велосипедист.
1985  Џереми Хамонд — политички активист и хакер од Чикаго.
1986  Давид Силва — шпански фудбалер.
1986  Жељко Муса —хрватски ракометар.
1991  Стефан Савиќ — црногорски фудбалер.
1992  Коке — шпански фудбалер.
1998  Мануел Локатели — италијански фудбалер.

Починале:

1198  Целестин IIIримски папа.
1324  Марко Поло — венецијански трговец и истражувач.
1642  Галилео Галилејиталијански астроном и физичар.
1713  Арканџело Корелииталијански композитор и виолинист.
1896  Пол Верлен — истакнат француски симболистички поет.
1951  Војдан Чернодрински — македонски драматург, основоположник на македонскиот театар.
1965  Борис Барнет — советски филмски режисер и глумец.
1980  Џон Мокли — американски физичар.
1991  Стив Кларк — англиски рок-музичар, член на групата Деф лепард (Def Leppard).
2007  Ѓорѓи Здравев — македонски етнолог и костимограф.
2010  Славка Манева — македонска писателка.
2016  Отис Клеј — американски соул-пејач.