Златко Портнер (Рума, 16 јануари 1962 - 23 септември 2020) — српски и југословенски ракометар. Тој е татко на ракометниот голман Никола Портнер кој настапува за Швајцарија.

Златко Портнер
Лични податоци
Роден(а) 16 јануари 1962(1962-01-16)
Рума, СФРЈ
Починал(а) 23 септември 2020(2020-09-23) (возр. 58)
Швајцарија
Националност Српска / швајцарска
Спорт Ракомет
Висина 1,90 m
Позиција Средиштен бек

Кариера уреди

Ракометната кариера ја започнал во РК Слога од Хртковац, потоа се преселил во Црвенка и продолжил да игра во Металопластика од Шабац, кој бил еден од водечките југословенски клубови во тоа време. Портнер и Веселин Вујовиќ го сочинуваа таканареченото „волшебно дуо“ на Металопластика. По Шабац заминал во Барселона со која ја освоил Лигата на шампионите на ЕХФ. Кариерата ја продолжил во Венисје, Франција. Последните години од кариерата ги поминал во Берн и Зофинген, Швајцарија. По Зофинген се вратил во Берн каде ја завршил кариерата. Покрај титулата со Барселона, Портнер освоил уште две европски шампионски титули со Металопластика (1985 и 1986 година). Второ место освоил во 1984 година со Металопластика, а во финалето загубиле од Дукла.[1]

Починал во септември 2020 година. во Швајцарија.[2]

Репрезентација уреди

Портнер бил член на југословенската репрезентација која освоила злато на Светското првенство во 1986 година и бронза на Олимпијадата во 1988 година. Настапил на Светското првенство во 1990 година каде Југославија го освоила четвртото место, губејќи го мечот за бронза од Романија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди