Галина Уланова
Галина Сергеевна Уланова (26 декември 1909, Санкт Петербург - 21 март 1998, Москва) беше руска балерина. Најчесто ја наведуваат како една од најголемите балерина на 20 век[1].
Галина Уланова | |
---|---|
Галина Уланова во1968 год | |
Роден(а) | Галина Сергеевна Уланова 26 декември 1909 Санкт Петербург, Руска Империја |
Починал(а) | 21 март 1998 |
Почивалиште | Новодевически гробишта, Москва |
Занимање | Прима балерина |
Работодавач | Мариински театар, Болшој театар |
Познат(а) по | Ромео и Јулија , Жизел, Црниот лебед |
Награди | Заслужен артис на СССР |
Животопис
уредиГалина Уланова била ќерка на балетант од Театарот Мариински.
Своето образование како балерина го започнала на 9-годишна возраст во затвореното балетско театарско училиште. Во 1928 таа се запишала на Државната академија за опера и балет, која подоцна ќе стане Киров балет. Многу брзо таа станала првиот солист. Ученичка била на Агрипина Ваганова. Прво танцувала в Ленинград, а по-късно се премества в Болшой театър в Москва. Најпрво танцуваше во Ленинград, а подоцна се пресели во театарот Болшој во Москва[2].
Во 1940 година настапувала во насловната улога Јулија за премиерата на Балетот од Сергеј Прокофиев Ромео и Јулија. Постоијат информации дека била инспирација за оваа музика. Стекнала светска слава во 1940-тите. Таа ја носи титулата Народен уметник на СССР, двапати херој на социјалистичкиот труд, и била лауреат на 4 награди Сталин и на Лениновата награда[3].
После повеќе гостувања, 1944 станала член на Болшој театар во Москва[4]. Следната година таа ја имала насловната улога во праизведбата на „Пепелашка“ (исто така од Прокофиев). Во Балшој стеатарот останала до пензионирањето 1963.
После тоа работела како наставничка по балет.
Таа е единствената балерина на која и бил подигнат споменик за време на нејзиниот живот. Во Холандија, видови на лалиња се именувани по неа.
По повод 100-годишнината од нејзиното раѓање, пуштена била во промет сребрена паричка со нејзината слика во вредност од 2 рубли. Има и поштенски марки со нејзиниот портрет[5].
Наводи
уреди- ↑ „Galina Ulanovа“. Архивирано од изворникот на 2021-01-22. Посетено на 2020-04-03.
- ↑ „For Ulanova, preparing the role“. Архивирано од изворникот на 2020-11-27. Посетено на 2020-04-03.
- ↑ Obituary: Galina Ulanova
- ↑ Galina Ulanova (1910–1998)
- ↑ ulanova galina