Рене Декарт (фр. René Descartes, Хаг, 31 март 1596Стокхолм, 11 февруари 1650), исто така познат и како Картезиус, работел како филозоф, физичар и математичар. Тој е подеднакво важен со неговите круцијални дела и во филозофијата и во математиката. Со измислувањето на координатниот систем, тој ја поставил основата за модерната геометрија (аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање.

Портрет на Рене Декарт од Франс Халс

Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се „Принципи на филозофијата“, „Расправа за методите“,„Медитации“ и „Геометрија“.

Декарт, понекогаш нарекуван основач на модерната филозофија и татко на модерната математика, се вбројува меѓу најзначајните и највлијателните мислители во западната историја. Тој ги инспирирал и неговите современици како и следните генерации на филозофи.

Неговата најпозната реченица е cogito ergo sum, што значи: „Мислам, значи постојам“.

Декарт и физика (проучување на светот)

уреди

Во своите книги Правила за насока на умот (1628) и Дискурс за методот (1637) Декарт пишувал за научниот метод што се занимава со научен пристап, размислување, метод што тој го измислил. Тој исто така пишувал за формите (геометрија), светлината (оптика) и времето (метеорологија). Потоа измислил начин за опишување на форми кои сега се нарекува Декартов координатен систем и теорија за тоа што сега се нарекува виножито. Физиката на Декарт била важна за подоцнежниот познат мислител, Исак Њутн, кој рекол за него, како и Џејмс Хук: „Ако видов понатаму, тоа беше затоа што стоев на рамениците на гиганти!“

Декарт и филозофија (проучување на апстрактни идеи)

уреди

Во својата книга Размислувања за првата филозофија (1641) Декарт го користел својот научен метод за да разгледа филозофски прашања. Тој се спротивставил на скептицизмот (ставот дека светот не е реален и дека не постои). Открил дека тој и самиот мора да бил вистински (постои), затоа што чувствувал дека размислува; и ако размислувал, тогаш тој мора да бил вистински. Ова е затоа што ако тој не бил вистински, тогаш како би го имал ова чувство за кое размислувал. Тој го скратил ова гледиште, велејќи на латински: „Cogito ergo sum“, што значи: „Мислам, зnaчи постојам“.

Тој исто така сметал дека може да покаже дека Бог постои, на ист начин како што чувствувал дека размислува. Декарт рекол дека Бог е ист како бесконечност и дека тој јасно може да ја види бесконечноста затоа што може да мисли на секој поголем предмет, но не и на најголемиот предмет. Декарт рекол дека ако Бог постои, тогаш мора да постои и светот, бидејќи Бог бил добар и не дозволувал да мислиме дека светот е реален (постои) ако не бил реален.

Конечно, Декарт помислил дека бидејќи знаел дека размислува, но знаел и сè друго за себе (на пример дека има две раце и две нозе) затоа што знаел дека Бог постои, тогаш тој морал да биде составен од две работи: ум што мисли и тело кое е независно од размислување, сепак тие се обединети заедно. Ова се нарекува „картезијански дуализам“.[1]

Значење и влијание

уреди

Една песна од стихозбирката „Шифра“ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1981 година носи наслов „Декарт“.[2]

Наводи

уреди
  1. „Rene Descartes | Biography, Ideas, Philosophy, 'I Think, Therefore I Am,' & Facts“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  2. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 15-16.