Даниел Ос
Даниел Ос (италијански: Daniel Oss; р. 13 јануари 1987 во Тренто) — италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за американската UCI World Tour екипа Бора-Хансгрое.[1]
Ос на Јапонскиот куп 2012 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Даниел Ос | |||||||||||||||||||||||
Роден | 13 јануари 1987 Тренто, Италија | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,90 м | |||||||||||||||||||||||
Маса | 75 кг | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Бора-Хансгрое | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2009–2012 2013–2017 2018- | Ликвигас Аксент Џобс-Ванти Бора-Хансгрое | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
Последна промена 19 јануари 2019 |
Кариера
уредиВо 2004 година, првите резултати на Ос во велодромски и друмски велосипедизам биле извонредни; тој се покажал на Националното студентско велодромско првенство во Порденоне, собирајќи три подиума во поединечен пласман; во истата година бил трет во медисон на Европското студентско првенство.
По една година надвор од велосипедизмот, Ос се вратил во 2006, успевајќи да заврши пет трки, вклучувајќи ги Понтон, Исолатес Вичентина, Кремона Песина и Бибано. Во 2007, тој освоил две помали трки, додека во 2008, покрај три други трки, учествувал на Светското друмско првенство во Варезе, постигнувајќи го осмото место во хронометарот за возачи под 23 години.
Во 2009, станал професионалец, придружувајќи ѝ се на екипата Ликвигас;[2] тој бил меѓу првите десет за првпат на една професионална трка, кога на прологот на Волта а Каталуња завршил на деветтото место, четири секунди зад победникот Тор Хушовд. Во текот на истата година, тој учествувал на Националното велодромско првенство и бил прв во екипниот пласман заедно со колегите Јакопо Гварниери, Елија Вивијани и Давиде Чимолаи. Кон крајот на сезоната, тој бил способен да заврши во првите пет на бројни професионални трки: две четврти места на Трката околу Мисури и петти на ГП Индустрија е Комерчио ди Прато.
Во 2010, Ос бил петти на Гент-Вевелгем и четврти на една од етапите на Три дена Де Пане. Исто така, учествувал по првпат на некоја голема трка, каде завршил 124. на Тур де Франс,[3] каде исто така ја добил и наградата за борбеност на етапата 18, за неговото учество во бегството. Тој одиграл клучна улога како водач за спринтерот и колегата Елија Вивијани во воведната етапа на Про Сајклинг Челинџ. Водството на Ос му донело две етапни победи на Вивијани и бодовниот пласман. На шестата етапа во Денвер, Вивијани му донел награда за помошта на Ос, дозволувајќи да победи во спринтерската завршница.
Ос го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Аксент Џобс-Ванти за сезоната 2013.[4] Поминал пет години со екипата пред да се пресели во Бора-Хансгрое за сезоната 2018.[1]
Достигнувања
уреди- 2004
- 1. Јуниорски првак во поединечен пласман
- 2007
- 1. Бибано ди Годега С. Урбано
- 2008
- 2. ГП Индустрија дел Куојо е деле Пели
- 2010
- 1. Џиро дел Венето
- 5. Гент-Вевелгем
- 6. Краен пласман, Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
- 1. Пласман за млад возач
- 2011
- 3. Краен пласман, Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
- 1. Пласман за млад возач
- САД Про Сајклинг Челинџ
- 1. Етапа 6
- 2012
- 9. Милано-Санремо
- 2013
- 3. Е3 Харелбеке
- 4. Краен пласман Тур де Валони
- 2014
- 1. Светско првенство во екипен хронометар
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
- 2015
- 1. Светско првенство во екипен хронометар
- 1. Етапа 9 (ТТТ) Тур де Франс
- 1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
- 1. Планински пласман Трка околу Калифорнија
- 8. Гент-Вевелгем
- 10. Е3 Харелбеке
- 2016
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Енеко Тур
- 2. Светско првенство во екипен хронометар
- 10. Е3 Харелбеке
- 2017
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 1. Планински пласман Трка околу Гуангси
- 2. Светско првенство во екипен хронометар
- 2018
- 5. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | 140 | 104 | — | 111 | — | — |
Тур | 124 | 100 | 105 | — | 69 | 97 | — | — | 112 |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | СО | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Daniel Oss signs for Bora-Hansgrohe“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 1 август 2017. Посетено на 2 јануари 2018.
- ↑ Браун, Грегор (28.08.2008) Прво Цауг, сега Ос и Гварниери доаѓаат во Ликвигас cyclingnews.com..
- ↑ 2010 Тур де Франс: Краен поредок letour.fr..
- ↑ Аткинс, Бен (6 август 2012). „Доминик Нерц и Даниел Ос во БМЦ Рејсинг Тим за 2013“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 6 август 2012.
Надворешни врски
уреди„Даниел Ос“ на Ризницата ? |
- Матична страница (италијански) (англиски) (јапонски)
- „Достигнувања на Даниел Ос“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Даниел Ос“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Даниел Ос“. ProCycling.
- Даниел Ос на Твитер