Олга Милосавлева
Олга Милосавлева (Тетово, 14 септември 1935 - Скопје, 16 јануари 1997) — македонска балерина, кореограф и педагог[1].
Животопис
уредиМилосавлева била родена во Тетово на 14 септември 1935 година. Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова. Ѝ припаѓа на првата балетска генерација во Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко обликување на улогата. Со кореографија почнала да се занимава од 1958 година. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален и современ израз.
- Улоги
- Гитана (М. Равел, „Болеро“),
- Канделас (М. Равел, „Љубовта волшебница“),
- Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“) и др.
- Кореографии
- „Лабин и Дојрана“ (Т.Прокопиев),
- „Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица),
- „Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др.
Наводи
уреди- ↑ Boris Višinski, Pero Korobar (1966). 20 godini obrazovanie, kultura i nauka vo SR Makedonija. Nova Makedonija.