Џон Маклохлин
Џон Маклохлин[1] (англиски: John McLaughlin), р. 4. јануари 1942, Донкастер, Англија е англиски џез гитарист.
Списанието Ролинг Стоун го смести во 2003 година на 49. место на неговата листа во „100 најголеми гитаристи на сите времиња“.[2] Тој свири различни музички жанрови, како што се џез, џез фјужн, индиска класична музика и фламенко.
Кариерата ја започнал во Англија, а во 1969 г се преселил во САД и свирел заедно со Мајлс Дејвис на албуми кои ја промовираат џез фузијата. Потоа ја основал групата Махавишну оркестар (1970-76 и 1984-86), која станала позната по својата џез-фјужн интерпретација. Тој исто така, свирел со музичари како што се Лери Корјел, Вејн Шортер, Ролинг Стоунс, Карлос Сантана. Маклохлин, исто така, основал неколку други групи: Шакти, со индиски музичари, кои изведувале комбинација од индиска музика и џез, и Гитарското трио со Пако де Лусија и Лари Корјел (подоцна заменет со Ал Ди Меола).
Извори
уреди- ↑ Твртко Прћић: Нови транскрипциони речник енглеских личних имена, Прометеј, Нови Сад, 1998, стр. 92.
- ↑ „Rolling Stone 100 Greatest Guitarists of All Time“. Архивирано од изворникот на 26 мај 2009. Посетено на 7. 03. 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)