Жозе Семедо
Жозе Витор Мореира Семедо (роден на 11 јануари 1985 година во Сетубал) — португалски фудбалер кој игра за португалската Виторија Сетубал, најчесто како дефанзивен играч за врска.
Жозе Семедо José Semedo | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 11 јануари 1985 | ||
Роден во | Сетубал, Португалија | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | одбрана, среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Шефилд Венздеј | ||
Број | 6 | ||
Младинска кариера | |||
Спортинг Лисабон | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004–2007 | Спортинг Лисабон | 0 | (0) |
2004-2005 | →Каса Пиа (позајмен) | 34 | (2) |
2005–2006 | →Феиренсе (позајмен) | 18 | (0) |
2006-2007 | →Каљари (позајмен) | 3 | (0) |
2007-2011 | Чарлтон Атлетик | 137 | (2) |
2011-2017 | Шефилд Венздеј | 144 | (1) |
2017- | Виторија Сетубал | 3 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2006-2007 | Португалија 21 | 13 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Својата кариера Семедо ја започнал во тимот на Спортинг Лисабон, но кога бил селектиран во ростерот за првиот тим тој бил позајмен на нисколигашот Каса Пиа, тим кој исто така се наоѓа во главниот град на Португалија, Лисабон. Следната сезона наместо да заигра за првиот тим на Спортинг тој е пратен на уште една позајмица сега во второлигашот Феиренсе за кого одиграл 18 натпревари.
Пред почетокот на сезоната 2006-07 тој бил позајмен на италијанскиот калчолигаш Каљари. Своето деби за клубот го имал во натпревар од купот, а во Серија А дебитира на 21 април 2007 кога влезе како резерва во поразот на неговиот тим од Милан со 3-1 нагости.
Во 2007 година, конечно за стално го напушта Спортинг и заминува во Англија каде потпишал со третолигашот, Чарлтон Атлетик. Тој одигра четири сезони за Атлетик од 2007 до 2011, кога по истекувањето на неговиот договор како слободен играч потпишува со Шефилд Венздеј. Во сезоната 2011-2012 Семедо изборува промоција со Венздеј од третото ниво на англискиот фудбал во Чемпионшип лигата.
Надворешни врски
уреди- Жозе Семедо на soccerway