22 јануари
датум
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2023 |
22 јануари — 22-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 343 денови до крајот на годината (344 во престапна).
Настани:
1506 | Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда. |
1727 | Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство. |
1964 | Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија). |
1978 | Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите. |
1990 | Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ . |
2001 | Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово. |
Родени:
1561 | Френсис Бејкон — англиски филозоф, научник, есеист и државник, еден од основачите на современиот материјализам. |
1788 | Џорџ Гордон Бајрон — англиски поет од времето на романтизмот. |
1875 | Дејвид Грифит — американски филмски режисер. |
1879 | Франсис Пикабија — француски сликар. |
1898 | Сергеј Ејзенштајн — советски филмски режисер и теоретичар. |
1907 | Дикси Дин — англиски фудбалер. |
1909 | У Тант — бурмански дипломат и почесен граѓанин на Скопје. |
1911 | Бруно Крајски — австриски политичар. |
1924 | Џ. Џ. Џонсон — американски џез-музичар. |
1931 | Сем Кук — американски соул-пејач. |
1936 | Предраг Живковиќ Тозовац — српски фолк-пејач. |
1953 | Џим Џармуш — американски филмски режисер. |
1955 | Рајко Жижиќ — српски и југословенски кошаркар. |
1964 | Стојко Вранковиќ — хрватски и југословенски кошаркар. |
1977 | Хидетоши Наката — јапонски фудбалер. |
1987 | Дмитриј Комбаров — руски фудбалер. |
1987 | Кирил Комбаров — руски фудбалер. |
1988 | Марсел Шмелцер — германски фудбалер. |
1990 | Артем Волвич — руски одбојкар. |
Починале:
1919 | Карл Ларсон — истакнат шведски битово-историски сликар. |
1994 | Тели Савалас — американски глумец. |
1997 | Ордан Петлески — македонски академски сликар. |
2004 | Руди Шелиго - словенечки писател и политичар. |
2017 | Јаки Либецајт — германски рок-тапанар, член на групата Кен (Can). |
2021 | Хенк Арон — американски бејзбол играч. |
2022 | Аки Рахимовски — македонско-хрватски пејач, член на рок- групата Парни ваљак. |