Љупчо Георгиевски
Љупчо Георгиевски[1] или Љубчо Георгиевски[2] (17 јануари 1966, Штип) е претседател на ВМРО-Народна партија. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година. Тој е првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година. Од 1998 до 2002 бил Премиер на Република Македонија.
Љупчо Георгиевски | |
---|---|
![]() | |
Премиер на Република Македонија | |
На должноста 30 ноември 1998 – 1 ноември 2002 | |
Претседател | Киро Глигоров Борис Трајковски |
Претходник | Бранко Црвенковски |
Наследник | Бранко Црвенковски |
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ | |
На должноста 17 јуни 1990 – 13 мај 2003 | |
Наследник | Никола Груевски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 17 јануари 1966 Штип, СР Македонија |
Државјанство | македонско и бугарско |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ (1990–2003) ВМРО-НП (2003–денес) |
Сопружник | Снежана Георгиевска |
Деца | 1 |
Установа | Св. Кирил и Методиј |
ЖивотописУреди
После параментарните избори 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Никола Груевски е избран за водач на партијата, со протекција на дотогашниот претседател Георгиевски. Во 2004 година, по несогласувања со политиката на Груевски, Георгиевски се повлекол од матичната партија и ја формирал ВМРО-Народна партија.
Во 2006 година, Георгиевски добил бугарско државјанство[3] со што во Македонија и Бугарија предизвика бројни полемики за вистинските мотиви за ваквиот чин. Самиот тој се дефинира како бугарофил.
На парламентарните избори во јуни 2011 година, како носител на гласачка список на партијата ВМРО-Народна партија, освоил 1,300 гласови, што бил негов најслаб резултат, освојувајќи помалку гласови дури и од тогашниот претседател на ВМРО-Народна партија.
Во јуни 2012 г. ја објавил својата автобиографска книга „Тоа сум јас“, во која говори за својот личен живот и политичка кариера.[4] Георгиевски, констатира во кигата метафорично, дека „Македонците се најголеми фалсификатори на балканската историја“ и дека ќе го „проколнат мајчиното млеко затоа што се откажале од св. Климент и св. Наум“. Тој остро ја критикува спроведуваната бугарофобска политика на Груевски, кого го дефинира како србофил. Георгиевски го оценува наметнатиот процес на антиквизација во земјата како карикатура, а проектот "Скопје 2014" како "Дизниленд на Балканот".
НаводиУреди
- ↑ Правопис на македонскиот литературен јазик XVI издание, Б. Видеоски и други, Просветно дело, Скопје, 2007, стр. 84, § 191
- ↑ Оваа верзија на името е според бугарскиот правопис, односно за разлика од македонскиот кај бугарскиот јазик нема изедначување на согласките по звучност, па така согласката „б“ не се менува во „п“
- ↑ Агенция за българите в чужбина. Издаване на удостоверение за български произход. Архивирано на 29 јануари 2008 г. (бугарски)
- ↑ „Тоа сум јас“, нова книга на Љубчо Георгиевски Архивирано на 2 септември 2012 г.; преземено од Плус Инфо, 25.06.2012
Надворешни врскиУреди
- Кој со кого ќе се помирува?, Љубчо Георгиевски одговара и полемизира на темата за национално помирување
- Љубчо Георгиевски има потврдено бугарски пасош (бугарски)
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Бранко Црвенковски |
Премиер на Република Македонија 1998–2002 |
Наследник Бранко Црвенковски |
Партиски функции | ||
Претходник — |
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ 1990–2003 |
Наследник Никола Груевски |