30 јануари
датум
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
30 јануари — 30-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 335 денови до крајот на годината (336 во престапна).
Настани:
1889 | Австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Карл Јосиф Рудолф Хабсбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница, баронесата Марија извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Маерлинг. |
1944 | На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со подготовките за свикување на АСНОМ. |
1945 | Руска подморница го торпедирала и потопила германскиот брод „Вилхелм Густлов“, преполн со бегалци при што загинале над 9.000 лица. Тоа се смета за најголема поморска катастрофа во историјата. |
1948 | Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. |
1996 | Како прилог на весникот „Вечер“ излегол првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје — Стопанска комора на Македонија. |
Родени:
133 | Дидиј Јулијан — римски цар. |
1491 | Франческо Марија Сфорца — син на Џан Галеацо Сфорца. |
1781 | Аделберт фон Шамисо — германски писател. |
1830 | Григор Прличев — македонски поет. |
1848 | Фердинанд Манлихер — австриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката. |
1875 | Климент Шапкарев — македонски револуционер. |
1878 | Дончо Лазаров — македонски револуционер. |
1882 | Франклин Делано Рузвелт — американски претседател. |
1883 | Јарослав Хашек — чешки писател. |
1894 | Борис III — цар на Бугарија. |
1909 | Харалампие Поленаковиќ — еден од основоположниците на историјата на македонската книжевност. |
1925 | Даглас Енгелбарт — американски пронаоѓач. |
1930 | Џин Хекман — американски глумец. |
1937 | Ванеса Редгрејв — британска театарска и филмска глумица. |
1937 | Борис Спаски — руски и советски шахист, светски првак од 1969 до 1972 година. |
1951 | Фил Колинс — англиски рок и поп-музичар. |
1954 | Чак Свирски — кошаркарски коментатор. |
1954 | Хусеин Хасанефендиќ — хрватски и југословенски рок-музичар, член на групата „Парни валјак“.. |
1956 | Дарко Рундек — хрватски и југословенски рок-музичар, член на групата „Хаустор“. |
1970 | Васил Шишков — македонски глумец. |
1974 | Кристијан Бејл — англиски глумец. |
1975 | Жунињо — бразилски фудбалер. |
1976 | Ѓорѓи Христов — македонски фудбалер. |
1981 | Димитар Бербатов — бугарски фудбалер. |
1981 | Питер Крауч — англиски фудбалер. |
1983 | Влатко Грозданоски — македонски фудбалер. |
1983 | Стив Морабито — швајцарски велосипедист. |
1985 | Ричи Порт — австралиски велосипедист. |
1987 | Арда Туран — турски фудбалер. |
1988 | Рамунас Навардаускас — литвански велосипедист. |
1989 | Џакомо Ницоло — италијански велосипедист. |
1995 | Маркос Љоренте — шпански фудбалер. |
Починале:
1948 | Махатма Ганди — водач на индиското ослободително движење. |
2024 | Чита Ривера — американска танчерка и глумица. |