Христо Ботев
Христо Ботев (бугарски: Христо Ботьов Петков; 6 јануари 1848 — 1 јуни 1876) — револуционер, писател и теоретичар на бугарското национално ослободување од турското ропство. Бугарските анархисти го сметаат Ботев за истакнат анархист, тврдејќи дека тој факт намерно се игнорира од страна на бугарската официјална историографија.[1]
Христо Ботев | ||
Роден | 6 јануари 1848 Калофер, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1 јуни 1876 врв Вола, Стара планина, Отоманско Царство |
Животопис
уредиРоден е во Калофер. Со помош на рускиот вицеконзул во Пловдив тргнува да студира во Одеса, Русија. По една година пишувал дека „овдешните учители и наредби не се човечки, туку ѕвески“. Тешко ги поднесува строгите правила и неговото уточиште станува библиотека. Од училиштето го исклучуваат, но тоа за него не била казна, туку ослободување. Заминува како бугарски учител во Бесарабија. Авантуристичкиот дух го носи во Романија каде што станал печатар кај издавачот Паничков од Браила.
Во 1868 година во близина на Букурешт се среќава со Васил Левски, идеологот на ослободителната борба (од Турците), а таму го среќава и Иван Вазов, кој исто така е воодушевен од младиот поет. Во тек на следните години е учител во Александрија, Исмаилија, се занимава со конспиративна дејност. Во април 1871 со телеграма ја поздравува Париската комуна, а во јуни започнува да го издава својот прв весник од кој излегуваат само пет броја. Во април следната година е затворен поради револуционерната дејност. Потоа живее во Букурешт каде работи на своите книжевни дела. Во 1875 се жени со Венета Рашева, а идната година му се раѓа ќерката Иванка. Но веќе во мај го презема водството на четата и се вклучува во бунтот и се качува на паробродот „Радецки“ кој собира уште двесте борци од неговата чета.[2] Неговата чета се формирала во денешна Романија и се состоела од 172 четници, кои од Ѓурѓево се качуваат на бродот „Радецки“ на 16 мај 1876 година и по еден ден слегуваат на бугарскиот брег.
По влегувањето во Бугарија, четата се движела на југ, но на 1 јуни во Балканот крај Враца е опколена од голема турска (черкеска) потера, при што Христо Ботев е убиен од страна на еден Черкез. Врз основа на истражувањата на д-р Стефан Влахов Мицов кои тој ги презентира во неговата книга „Кој го уби Христо Ботев“, тој бил убиен од неговите соборци.[3][4]
Како што пишува Даме Груев, револуционерите од ВМОРО дејствувале по примерот на Ботев.[5]
Покрај револуционер, Христо Ботев е славен и како поет. Најпознати се песните: „Елегија“, „Зададе се облак темен“, „Бесењето на Васил Левски“ и „Хаџи Димитар“.
Со името на Ботев се именувани
уреди- Ботевград во Софиска област (до 1934 г. Орхание)
- врв Ботев - Највисок врв на Стара планина
- Бугарски баталјон „Христо Ботев“, прва воена единица во Втората светска војна формирана од поранешни бугарски војници на територијата на Македонија и Југославија кои одлучиле да им се приклучат на партизаните.
- Програма "Христо Ботев" на Бугарското национално радио
- Улици и булевари во многу бугарски градови и села
- Училишта, читалишта и библиотеки
- ФК "Ботев" - Пловдив - Фудбалски клуб од Пловдив
- ФК "Ботев" - Враца - Фудбалски клуб од Враца
Наводи
уреди- ↑ Георги Хаџиев. Историја на анархистичкото движење во Бугарија
- ↑ Раде Силјан, Странски автори&дела, Матица Македоонска, Скопје, 2001, стр. 217-218.
- ↑ Кой уби Христо Ботев?, Нов ден, София, 1994
- ↑ http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1077&ArticleID=70510 Архивирано на 27 септември 2007 г.
- ↑ [1]
Надворешни врски
уреди- Мрежно место за Христо Ботев (бугарски)
- Творештвото на Христо Ботев (бугарски)
- Текстови: поезија, сатира, фејлетони, публицистика, писма (бугарски)
- Лјудмил Стојанов - Живот и творештво на Ботев (бугарски)
Викиизвор има текст за |