Радован П. Цветковски

Радован П. Цветковски (3 септември 193123 јануари 2022) — македонски поет, раскажувач, книжевен критичар, писател за деца и млади и фолклорист.

Радован П. Цветковски
Роден/а3 септември 1931
Сопотница, Демирхисарско
Починат/а23 јануари 2022
Занимањепоет, есеист, книжевен критичар, научен работник и професор
НационалностМакедонец

Роден е во Сопотница, Демирхисарско. Основното образование го започнува во родното село, а го завршил во Битола (1947). Средното образование го започнал во Учителската школа „Браќа Миладиновци“ во Битола, а го завршил во Учителската школа „Никола Карев“ во Скопје. Потоа продолжува на Вишата педагошка школа и Филозофскиот факултет - група југословенска книжевност со македонски и српски јазик.

Првото вработување му било како учител во селото Лесково, а учителствувал и во други села во Демир Хисар (Радово, Сопотница, Жван и Прибилци).

Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво - Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија.[1] исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе - кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: „Современост“, „Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.[2]

Починал во 2022 година по кратко боледување.[3]

Библиографија

уреди

Поезија

уреди
  • Моето поднебје (1971)
  • Кругови од лузни (1974)
  • Камен и небо (1977)
  • Бели несоници (1982)
  • Дедо ми во балканските војни (1985)
  • Кога ѕвездите кон небото паѓаа (1993)
  • Јазли на душата (1996)
  • Корени од прагот (1998)
  • Даги (1999)
  • Прекршено време (1999)
  • Сонето претчувство (2006)
  • Потпрено небо (2012)

Проза

уреди
  • Ангелот и клучот (1995)
  • Блиску до умот (2009)

Проза за деца и млади

уреди
  • Смокот пештерски (1994)
  • Рашко (1997)
  • Приказни од лозје (2000)

Критики и студии

уреди
  • Видувања (2003)
  • Отаде и одавде времето (2003)

Дела од фолклористика

уреди
  • Македонски народни пословици (1993)
  • Сказанија демирхисарски (1996)
  • Демирхисарски и други сказанија (2003)

Дела од областа на дијалектологијата

уреди
  • Студија за демирхисарскиот говор (2006)
  • Речник за демирхисарскиот говор (заедно со Божо Стефановски) (2008)

Други книги

уреди
  • Печатарството и издаваштвото во Битола (1999)
  • Македонски писатели - биобиблиографски прирачник (2000)

Награди и признанија

уреди
  • Трета награда за песна на весникот „Трудбеник“ (1976)
  • Прва награда за поема на ЈУ средбите во Краљево (1982)
  • 4 Ноември - награда за Општина Битола (1983 и 1999)
  • Втора награда за поезија на Меѓународната манифестација „Празник на липите“ (2005)
  • Трета награда за поезија на Меѓународната манифестација „Празник на липите“ (2007)
  • Награда за животно дело на Општина Демир Хисар (2010)
  • Плакета „50 години Македонско научно друштво - Битола (2010)
  • Голема плакета на Сојузот на боречки организации на Македонија (2011)

Наводи

уреди
  1. Мишо Јузмески: „Пофални слова“ , Благоевград, 2006
  2. Цветковски, Радован П. (2018). Анегдотски кажувања. Скопје: Академски печат. стр. 570–571. ISBN 978-608-231-247-7.
  3. „Почина писателот Радован П. Цветковски“. Макфакс. 24 јануари 2022. Посетено на 25 јануари 2022.