„Трубадур“ (италијански: Il trovatore) е опера во четири чина од Џузепе Верди, а либретото претежно е напишано од Салвадоре Камарано, и е заснована на драмата Трубадур (шпански:El trovador) (1836) од Антонио Гарсија Гутиерез. Ова е најуспешната драма на Гутиерез.

Трубадур
Опера од Џузепе Верди
Скица за создавање на костумот за Манрико од Алфредо Колорно за Ла Скала во 1883 г.
ИзворноIl trovatore
ЛибретоСалвадоре Камарано а подоцна и Леоне Емануел Бардаре
ЈазикИталијански
СпоредДрамата „El trovador“ од Антонио Гарсија Гутиерез
Премиерна изведба
Датум19 јануари 1853 (1853-01-19)
МестоТеатро Аполо, Рим

Операта Трубадур е премиерно изведена во Аполо Театарот во Рим на 19 јануари 1853 година,[1] од каде што го „започна победничкиот марш низ оперскиот свет“.[2] Верди ја спремал операта три години, а сѐ започнало кога му пришол на Камарано во јануари 1850 година со идејата за Трубадур. Подготовката на либретото од страна на Камарано била бавна и пропратена со прекини, а по неговата смрт во средината на 1852 година, го довршил младиот либретист Леоне Емануел Бардаре, по кое што, според упатствата на Верди, извршени се значајни промени во либретото.[3] Промените најмногу се во проширувањето на улогата на Леонора.

Во текот на овие три години Верди бил прилично активен на музички план; не работел на оваа опера сè додека композиторот не ја напишал операта Риголето, и нејзината премиера во Венеција (март 1851 година). Неговите лични работи, исто така, ја ограничиле неговата професионална работа. Во мај 1851 година по успехот на Риголето, понуден му е дополнителен надомест од страна на венецијанска компанија за нова опера. И во Париз му е понуден надомест додека бил на посета во овој град, од крајот на 1851 до март 1852 година. Пред да биде завршено либретото за „Трубадур и операта премиерно прикажана, Верди работел на четири други оперски проекти.

Денес,,Трубадур е често изведувана опера и е стандардна на оперскиот репертоар.

Компонирање

уреди
 
Верди околу 1850 година

Непознато е кога и како Верди добил примерок од драмата на Гутиерез, но Буден мисли дека најверојатно Џузепина Стрепони, која живеела со Верди во Бусето од септември 1849 година, ја превела драмата, што се потврдува во нејзиното писмо две недели пред премиерата, барајќи од Верди да „побрза и да го објави „нивниот“ Трубадур “.[4]

Кога почнал да размислува да направи опера според драмата од Гутиерез, Верди почнал да соработува со Камарано.[5] Нивните преписки почнуваат во јануари 1850 г., прилично долго време пред Верди да почне да соработува со Пиаве за либретото на Риголето. Ова е, исто така, прв пат по Оберто, Верди да почне да подготвува опера со либретист, без претходно да добие надомест од оперска куќа. Во своето прво писмо до Камарано, Верди предлага во Трубадур да има „две главни женски улоги. Првата, циганката, жена со необичен карактер по која сакам да ја наречам операта.“[6]

Во јули 1852 г., Верди во списание за театар прочитал за смртта на Камарано. Ова бил тежок професионален и личен удар за него. Композиторот дознал дека Камарано ја завршил аријата на Манрико во третиот чин („Di quella pira“) само осум дена пред неговата смрт. Се обратил до Де Санктис за да му најде друг либретист. Леоне Емануел Бардаре бил млад поет од Неапол, во зародиш на својата кариера; напишал повеќе од 15 либрета до 1880 година.[7] Композиторот и либретистот се сретнале во Рим на 20 декември 1852 г. и Верди започнал да работи со него на Трубадур и Травијата .

Главна цел на Верди, откако се премислил за ликовите во операта, било да ја подобри улогата на Леонора, но сепак да си остане „опера со две жени“.[8] Своите замисли и пренесол на Де Санктис преку писма во текот на неколку месеци. Промени се направени во првиот чин кај Леонора со додавање на нова арија; и во „Stride la vampa“ на Ацучена и во стиховите на Грофот.

Изведби

уреди
 
Тенорот Карло Баукарде (Манрико)
 
Сопранистката Росина Пенко (Леонора)
 
Емилија Гоџи ја отпеа Ацучена
 
Баритонот Џовани Гикиарди (Ди Луна)

Огромната популарност на операта - иако била популарна меѓу народот, но не и кај критиката - придонела за 229 изведби ширум светот за три години по нејзината премиера на 19 јануари 1853 година.[9]

Премиерата во Париз на италијански јазик била на 23 декември 1854 година.

Улоги

уреди
 
Улога Вид на глас Оригинална италијанска верзија,
Премиерна екипа, 19 January 1853[10]

Диригент : Емилио Анџелини
Грофот Ди Луна, благородник во служба на принцот од Арагон баритон Ovanовани Гикиарди
Манрико, трубадур и офицер во војската на принцот Ургел тенор Карло Баукарде
Ацучена, циганка, наводно мајка на Манрико мецосопрано Емилија Гоџи
Леонора, благородна дама, вљубена во Манрико и додворувана од Ди Луна сопран Росина Пенко
Ферандо, капетан на чуварите во Луна бас Аркангело Балдери
Инес, доверлива другарка на Леонора сопран Франческа Квадри
Руиз, војник кај Манрико тенор Узепе Бацоли
Стар циган бас Рафаел Маркони
Гласник тенор Лујџи Фани
Пријателите на Леонора, калуѓерки, лакеите на грофот, војници, Цигани

Синопсис

уреди
Место: Бискеј и Арагон (Шпанија)
Време: петнаесетти век. [11]

Чин 1: Двобој

уреди

Сцена 1: Стражарска соба во замокот на Луна (Палатата Алаферија, Сарагоса, Шпанија)

Предворие на замокот Алаферија. На ноќна стража, Ферандо раскажува еден настан од семејната историја: една стара Циганка е неправедно обвинета дека го маѓепсала најмладиот син на грофот Ди Луна, детето се разболело, и циганката била осудена на запалена жива на клада како вештерка. Умирајќи, ѝ рекла на ќерка си - Ацучена да ја одмазди нејзината смрт. Ацучена го направила тоа со грабнување на бебето. Иако коски од детето биле најдени во пепелта на кладата, таткото не поверувал дека неговиот син е мртов. На смртна постела, таткото го заветил својот првороден син, новиот гроф Ди Луна, да ја најде Ацучена.

Сцена 2: Градина во палатата

Леонора на својата пријателка Инес ѝ признава дека е заљубена во Трубадурот, и кажува како се вљубила во мистериозен витез, победник на турнирот; изгубила контакт со него кога избувнала граѓанска војна, но повторно се сретнале, кога тој преправен во скитник трубадур пеел под нејзиниот прозорец. Кога ќе заминат, влегува грофот Ди Луна (кој е вљлубен во Леонора), и ја слуша песната на неговиот ривал, трубадурот во далечина: ( Deserto sulla terra / „Сам на оваа земја“). Леонора, поради мракот мисли дека грофот е нејзиниот љубовник, а кога Трубадур ќе влезе во градината, таа ја сфаќа грешката и му оди во прегратки. Грофот го предизвикува својот ривал да го открие својот вистински идентитет. Се дознава дека тоа е Манрико (отпуштен и осуден на смрет витез поради верноста кон непријателот). Грофот го предизвикува Манрико на двобој за раката на Леонора. Леонора ги преколнува но тие не престануваат со кавгата. (Трио: Di geloso amor sprezzato / „Огнот на љубоморната љубов“).

Чин 2: Циганката

уреди

Сцена 1: Кампот на циганите

Циганите пеат. Ацучена, ќерката на Циганката запалена на клада е сѐ уште прогонувана од заветот да се одмазди за мајка си. Ацучена му признава на Манрико дека откако го украла бебето од Ди Луна сакала да го запали заедно со мајка ѝ, меѓутоа врисоците и грозоморната сцена ја збуниле и го фрлила сопственото бебе во пламенот.

 
Пласидо Доминго (ди Луна), Ана Нетребко (Леонора), Франческо Мели (Манрико), фестивал во Салцбург 2014, чин 2, нау. 2

Манрико сфаќа дека не ѝ е син на Ацучена, но сепак ја сака како родена мајка, поради нејзината верност и љубов, неодамна му го спасила животот откако го нашла на бојно поле оставен таму од непријателските војници мислејќи дека е мртов. Манрико ѝ кажува на Ацучена дека го победил Ди Луна во двобој, но не можел да го убие поради некоја натприродна сила; и Ацучена го прекорува, потсетувајќи го дека војниците на грофот го победиле во битките кај Пелила. Пристигнува гласник и ги известува дека сојузниците на Манрико го зазеле замокот Кастелор, а исто така и дека Леонора, која мисли дека Манрико е мртов, ќе се замонаши истата вечер. Манрико брза да го спречи тоа.

Сцена 2: Пред манастир

Ди Луна со придружниците сакаат да ја киднапираат Леонора. Леонора и калуѓерките се појавуваат во поворка, но Манрико го спречува ди Луна во своите намери и ја зема Леонора со себе, оставајќи го уште еднаш грофот неповреден.

Дејство 3: Синот на Циганката

уреди

Сцена 1: Кампот на Ди Луна

 
Денешна руина на замокот Кастелар во близина на Сарагоса

Ди Луна со својата војска ја напаѓа тврдината Кастелор каде се засолнил Манрико со Леонора. Ферандо ја довлекува Ацучена, кој е фатена како талка во близина на кампот. Кога ќе го слушне името на Ди Луна, Ацучена почнува да се сомнева и Ферандо ја препознава како наводен убиец на братот од грофот. Ацучена го повикува Манрико да ја спаси. Грофот им наредува на своите војници да постават столб и да ја запалат Ацучена пред ѕидовите.

Сцена 2: Одаја во замокот

Во замокот, Манрико и Леонора се подготвуваат за свадба. Таа е исплашена; неизбежна е битка со Ди Луна и неговите војници се побројни. Кога ќе чуе за фаќањето на Ацучена, ги повикува војниците и се подготвуваат за напад. Леонора се онесвестува.

Акт 4: Казна

уреди

Сцена 1: Пред занданата

Манрико не успева да ја ослободи Ацучена и бил заробен. Леонора се обидува да го ослободи преколнувајќи го Ди Луна за милост и се нуди таа да биде затворена наместо нејзиниот љубовник. Му ветува на грофот дека ќе му се предаде, но скришно испива отров за да умре пред ди Луна да ја има.

Сцена 2: Во занданата

Манрико и Ацучена го чекаат своето погубување. Манрико се обидува да ја смири Ацучена, која се потсеќа на среќните денови во планините (дует: Ai nostri monti ritorneremo / „Повторно во нашите планини ќе се вратиме“). Најпосле циганката заспива. Влегува Леонора и му вели на Манрико дека е спасен, преколнувајќи го да избега. Кога дознава дека Леонора нема да оди со него, одбива да го напушти затворот. Тој мисли дека Леонора го предала, но потоа дознава дека се напила отров за да му остане верна. Додека умира во агонија во прегратките на Манрико, Леонора му признава дека претпочита да умре со него отколку да се омажи за друг. Грофот ги слуша последните зборови на Леонора и наредува да се погуби Манрико. Ацучена се буди и се обидува да го сопре Ди Луна. Откако ќе види дека Манрико е мртов, почнува да плаче.

Критички осврт кон делото

уреди

Иако сижето на операта е крајно сложено и на моменти нелогично, Верди го облагородува со својата музика, нагласувајќи ги суштинските акценти на драмата, во прв ред, спротивставувањето на насилството. Токму поради тоа, гиганските песни и кабалетата на Манрико се префрлиле од оперската сцена на улиците, претворајќи се во патриотски песни. Целата опера е проткаена со особен мелодиски раскош, а некои музичко-драматуршки ефекти како, на пример, спојувањето на повеќе планови на дејството во Мисерере во четвртиот чин, отвораат нови перспективи во операта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Giuseppe Verdi, Il Trovatore, НУ Национална опера и балет, Скопје, 11.5.2024.
  2. Budden, p. 66
  3. Budden, p. 65
  4. Strepponi to Verdi, 3 January 1853, in Budden, p. 59. Her emphasis on the "OUR".
  5. Budden, p. 60: Budden notes that it is with this librettist that the composer hoped to work on his project for adapting King Lear
  6. Verdi to Cammarano, 2 January 1850, in Werfel and Stefan, pp. 149–150. [The implication here is that the opera would be named Azucena.]
  7. Phillips-Matz, p. 307
  8. Budden, pp. 65–66
  9. Martin, George Whitney (Spring 2005). „Verdi Onstage in the United States: Le trouvère“. The Opera Quarterly. 21 (2): 282–302. doi:10.1093/oq/kbi018.
  10. List of singers taken from Budden, p. 58.
  11. The synopsis is adapted from Melitz (1921), pp. 363–363, and Osborne (1977), pp. 251–255.