<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

31 јануари — 31-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 334 денови до крајот на годината (335 во престапна).

Настани:

1945  Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.
1958  САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“.
1994  Швајцарската Конфедерација и Кнежевството Лихтенштајн воспоставиле дипломатски односи со Република Македонија.
1994  Во Скопје е основано Друштвото на македонско-турско пријателство и соработка.

Родени:

1624  Арнолд Гелинкс — фламански филозоф и следбеник на Декарт
1797  Франц Шуберт — австриски композитор, претставник на музичкиот романтизам.
1841  Лаза Костиќ — српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика.
1911  Баба Ванѓа — бугарска јасновитка.
1921  Марио Ланца — американски тенор.
1923  Норман Мајлер — американски писател.
1927  Ацо Караманов — македонски поет и борец во НОБ.
1937  Филип Глас — американски композитор.
1943  Ристо Василевски — македонски поет, есеист, критичар, преведувач.
1964  Џеф Ханеман — американски хеви-метал гитарист.
1965  Влада Стошиќ— српски фудбалер.
1969  Ивана — бугарска пејачка.
1981  Џастин Тимберлејк — американски поп-музичар и глумец.
1982  Елена Папаризу — грчка пејачка.
1983  Фабио Кваљарела — италијански фудбалер.
1984  Џереми Воринер — американски атлетичар.
1985  Каломира — грчка пејачка.
1997  Мелвин Ричардсон — француски ракометар.
2000  Хулиан Алварес — аргентински фудбалер.

Починале:

1632  Јост Бирги — швајцарски часовничар и математичар.
1933  Џон Голсфорди — англиски писател.
1948  Махатма Ганди — индиски национален водач.
1973  Рагнар Фриш — норвешки економист, добитник на Нобеловата награда во 1969 година.
1979  Грант Грин — американски џез-музичар.
2007  Мухамед Џамал Калифа — саудиски претприемач и зет на Осама Бин Ладен.
2015  Удо Латек — германски фудбалер и тренер.