Иџет Мемети (роден на 8 јануари 1961 година во село Раковец, Тетовско) — член на Советот на јавни обвинители. Мемети е поранешен Народен правобранител кој ја извршувал функцијата од декември 2004 до 2020 година.

Иџет Мемети
Народен Правобранител
На должноста
2004 – 2020
Претходник Бранко Наумоски
Министер за правда
На должноста
мај 2001 – 1 ноември 2002
Премиер Љубчо Георгиевски
Претходник Џевдет Насуфи
Наследник Исмаил Дарлишта
Министер за правда
На должноста
октомври 2003 – 17 декември 2004
Премиер Хари Костов
Претходник Исмаил Дарлишта
Наследник Мери Младеновска - Ѓорѓиевска
Лични податоци
Роден(а) 8 јануари 1961
Раковец, Тетовско
Националност Албанец

Животопис

уреди

Иџет Мемети дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина во 1986 година со положен правосудниот испит во Скопје.

Професионалното искуство го започнал во 1987 година како секретар во Основно училиште во село Требош, Тетовско. Подоцна бил избран за заменик-секретар на Владата на Република Македонија, функција на која бил сѐ до 1999 година. Во 1999 бил номиниран за државен советник, а на двапати (во 2001, и ноември 2003) би избран за Министер за правда, а од мај до ноември 2003 работел како судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Џевдет Насуфи
Министер за правда
мај 20011 ноември 2002
Наследник
Исмаил Дарлишта
Претходник
Исмаил Дарлишта
Министер за правда
2 јуни 200417 декември 2004
Наследник
Мери Младеновска - Ѓорѓиевска
Претходник
Бранко Наумоски
Народен Правобранител
2004
Наследник
во служба