Хасан Салихамиџиќ
Хасан Салихамиџиќ (роден на 1 јануари 1977) во Јабланица) — босански поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Хасан Салихамиџиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 јануари 1977 | ||
Роден во | Јабланица, СФРЈ | ||
Висина | м | 1,80||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред, лев и десен бек | ||
Повлекување | 2012 | ||
Младинска кариера | |||
Турбина Јабланица | |||
Вележ | |||
Хамбургер | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1995–1998 | Хамбургер | 72 | (19) |
1998-2007 | Бајерн Минхен | 234 | (31) |
2007–2011 | Јувентус | 61 | (7) |
2011-2012 | Волфсбург | 15 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
1996-2006 | БиХ | 43 | (6) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Технички одлики
уредиТоа е играч од средниот ред способен подеднакво добро да игра и со левата и со десната нога. Кариерата ја започнал како втор напаѓач, потоа бил користен како десен фул-бек (бек-крило) од страна на Отмар Хицфелд во формација 3-5-2, но кога во Бајерн Минхен дошол неговиот учител Феликс Магат кој ја променил формацијата во 4-4-2 тој играл како класично крило, утврдувајќи се како играч од средниот ред. Меѓутоа, исто така, тој може да игра и по страничните позиции во одбрана со четирворица, и лево и десно. Токму на овие позиции во одбраната Салихамиџиќ најчесто бил користен во периодот кога настапувал за својот трет клуб, Јувентус.
Кариера
уредиФудбалски почетоци
уредиПрвите фудбалски чекори Салихамиџиќ ги направил во дресот на екипата на Турбина. По кратко време преоѓа во тимот на Вележ од Мостар како голем талент, а во тоа време на тимот не можеше да му помине низ раце ниту еден фудбалски талент, а особено не оваков како што во тоа време бил Хасан Салихамиџиќ. Вележ по војната подготвува нова екипа со нова генерација на фудбалери, кој сметаат дека ќе ги надминат сите претходни генерации. Хасан во тоа време игра за сите младински селекции на Југославија и во секоја категорија бил еден од најдобрите. Иако голем талент за овој спорт, во тоа време како петнаесет годишник размислува како да замине од војаната која во Босна сè повеќе се шири. Шест месеци работел како келнер во едно кафуле како би заработил пари за патните трошоци. И покрај работата тој и понатаму редовно тренира и не се откажува од желбата еден ден да стане професионален фудбалер. Во ноември месец 1992 Салихамиџиќ заминува за Хамбург со помош на својот роднина Ахмет Халихоџиќ и се приклучува на тренинзите на јуниорскиот тим на ХСВ. Во тоа време тренер на Хасан е Феликс Магат кој многу го цени Салихамиџиќ и еден од најзаслужните за неговата одлична кариера.
Бундеслига
уредиПо краток период во јуниорскиот тим, Салихамиџиќ почнува да игра за првиот тим на ХСВ, каде брзо станува еден од најдобрите фудбалери. Еден период тој живее кај својот соиграч Франциско Копадо. Таму се запознава со неговата сестра Естер со која е во врска. По извонредните игри во Хамбург, многу тимови почнуваат да се распрашуваат за неговите услуги меѓу кој и великаните Барселона и Бајерн Минхен. Хасан на крајот се одлучува за Бајерн кој повеќе му одговара заради неговата желба да остане во Германија. Во својата прва сезона со баварците постигнува неколку важни погодоци во Лигата на шампионите (против Барселона и Манчестер Јунајтед), кој го доведоа Бајерн до финалето на ова натпреварување. Во финалето Бајерн е поразен од Манчестер Јунајтед со два постигнати гола во трите минути судиско продолжение (за пресврт од 2-1).
Јувентус
уредиНа 15 јануари 2007, Салихамиџиќ потпишал четиригодишен договор со Јувентус, преку босмановото правило.[1] Тој му се приклучил на клубот во јули истата година, по истекувањето на неговиот договор со Бајерн Минхен. Своето деби во дресот на Јувентус го имал на 25 август 2007, во победата со 5-1 на домашен терен против Ливорно, а првиот гол го постигнал околу еден месец подоцна на 26 септември во победата со 4-0 на домашен терен над Реџина. Во својата прва сезона, под водство на тренерот Клаудио Раниери, Салихамиџиќ бил редовен стартер, иако поради повреда пропуштил неколку натпревари. Тој забележал 30 настапи за својот нов клуб, постигнувајќи импресивни пет гола, меѓу кој и двата гола во победата со 3-2 во дербито против Милан на 12 април 2008. Неговата втора и трета сезона со клубот, се покажале како помалку успешни откако босанецот претрпел многубројни повреди.
Во сезоната 2010-11, новиот тренер Лујџи Делнери го исклучил Салихамиџиќ од неговиот проект-план. Заедно со Фабио Гросо, Салихамиџиќ бил единствениот здрав играч од првиот тим кој не се нашол на листата од 25 играчи пријавени за настап во Лигата на Европа. Салихамиџиќ бил ослободен од Јувентус кога истекол неговиот договор со клубот во јуни 2011 година.
Волфсбург
уредиНа 4 јули 2011 Салихамиџиќ потпиша едногодишен договор со германскиот бундеслигаш, Волфсбург. Тука тој се среќава одново со тренерот Феликс Магат кој му помогнал многу во почетокот на неговата кариера во Германија. Дебитирал за волците на 29 јули 2011, во поразот со 3-2 од Ред Бул Лајпциг во Купот на Германија, притоа постигнувајќи гол во 29-тата минута за моментален резултат 2-2. На 19 ноември, постигнал два гола во победата над Хановер со 4-1 на домашен терен.
По завршувањето на сезоната и истекот на договорот со Волфсбург, објавил крај на кариерата.
Репрезентативна кариера
уредиСалихамиџиќ е поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина за која одиграл вкупно 42 натпревари и постигнал 6 гола. Дебитирал во 1996 година, во натпреварот против Хрватска во Болоња каде го постигнал првиот гол во историјата босанската репрезентација. Во следниот натпревар постигнал гол и против Италија во победата со 2-1. Репрезентативната кариера ја завршил на 16 август 2006 по натпреварот против Франција во Сараево.
На прашањето на новинарите која му е најдрага победа Хасан одговорил, победата против Данска со 3-0.
Новинарот за Guardian, Џонатан Вилсон, објавил приказна за Салихамиџиќ при неговиот трансфер во Јувентус која говори за тоа каде би бил денес овој фудбалер денес да не избегал од војната во Босна и Херцеговина.[2]
Личен живот
уредиСалихамиџиќ има три деца, Селина, Ник и Лара Џун сите родени во Минхен, со својата сопруга шпанска сопруга Естер Копадо. Неговиот поранешен соиграч Франциско Копадо е негов зет.
Титули
уредиБајерн Минхен
уреди- Бундеслига (6) : 1998-98, 1999–2000, 2000–01, 2002–03, 2004–05, 2005–06
- Куп на Германија (4) : 1999–2000, 2002–03, 2004–05, 2005–06
- Лига на шампиони (1) : 2000–01
- Интерконтинентален куп (1) : 2001
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Лујџи Пероне (31 август 2007). „I volti nuovi della serie A: Hasan Salihamidzic“ (италијански). Realsoccer.it. Посетено на 19 март 2014.
- ↑ Џонатан Вилсон (31 January 2007). „Salihamidzic: a heartening succcess story“ (англиски). The Guardian. Посетено на 19 март 2014.