Лидија Размоска (Охрид, 21 јануари 1982) — македонска поетеса и културен работник[1][2].

Лидија Размоска
Родена 21 јануари 1982
Македонија Охрид, Македонија

Животопис

уреди

Размоска е родена е во Охрид, на 21 јануари 1982 година. Основно и средно образование завршува во Охрид, а во Скопје дипломирала на катедрата за педагогија. Во 2011 година магистрира на тема „Делотворна деловна комуникација во основното училиште“. Работи како педагог и културен работник. Член е на литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид. Учествувала на културни манифестации од областа на литературното творештво.[3]

Размоска се јавува како уредник на книги од разни македонски автори: Ристо Стефов (Short history of the Macedonian People), Мишо Јузмески („Премин во маглата“, „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, „Сто години копнеж“), Наум Трајчески („Секојдневие“, „Грст мудрости“, „Патеки на животот“) и др.[4]

Објавени книги

уреди
  • „Езерска воздишка“ - стихозбирка (Скопје, 2005) ISBN 9989-922-97-7
  • „Делотворна деловна комуникација во основното училиште“ - (Охрид, 2012) ISBN 978-9989-911-33-0

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Културни манифестации ДЕНЕС...“. Вечер. 5 септември 2006. Посетено на 2010-11-07.[мртва врска]
  2. Л. Размоска ја промовира книгата „Сто години копнеж“
  3. „ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ НА ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ, „ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ". Блесок. 23 септември 2010. Посетено на 2010-11-07.[мртва врска]
  4. Јузмески, Мишо:„Сто години копнеж“; „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“;„Премин во маглата“