Камерон Мајер

австралиски велосипедист

Камерон Мајер (англиски: Cameron Meyer; р. 11 јануари 1988) — поранешен австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2009-2022.

Камерон Мајер
Мајер на Трката околу Британија 2019
Лични податоци
Цело имеКамерон Мајер
Роден11 јануари 1988 (1988-01-11) (35 г.)
Вивиш, Австралија Австралија
Висина1,81 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и велодромски
велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
Мидленд CC
Професионални клубови
2009–2011
2012–2015
2016
2017
2018-2022
Гармин-Слипстрим
ГринЕЏ
Тим Дименжн Дата
Мичелтон Скот
Мичелтон-Скот
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 етапа ТТТ (2014)
Тур де Франс
1 етапа ТТТ (2013)

Етапни трки

Тур Даун Андер (2011)
Хералд Сан Тур (2015)

Еднодневни трки и класици

MaillotAustralia.PNG Национален хронометарски првак (2010, 2011)
MaillotAustralia.PNG Национален друмски првак (2020, 2021)

КариераУреди

Започнал со велосипедизам на 13-годишна возраст во 2001 година и првпат настапил за неговата земја на Светското јуниорско велодромско првенство во 2005 година. Бил носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт.[1]

Мајер го освоил неговото прво сениорско светско првенство во бодовната трка во Прушков, Полска. Во 2009 година, избрал да вози на Џиро д’Италија. Тој го освоил хронометарскиот настан на австралискито национално друмско првенство во 2010 година.

Помладиот брат на Мајер, Травис е исто така професионален велосипедист и бил еден од првите потписници за истата екипа заедно со Камерон и сонародникот Џек Бобриџ.[2] По четири сезони со Орика-ГринЕЏ, во октомври 2015 година, Мајер објавил дека ќе се приклучи на Тим Дименжн Дата за сезоната 2016, заедно со сонародниците Нејтан Хас и Марк Реншо.[3]

Мајер најавил дека ќе се повлече од Дименжн Дата на 14 јуни 2016 година наведувајќи лични причини.[4] По кратка пауза одлучил да настапи на велодромската трка Шест дена Лондон со Калум Скотсон и завршил трет.[5] Подоцна настапил за Австралија на Светското велодромско првенство, каде освоил две златни медали во бодовна трка и како дел од австралискиот состав во екипна потера и возел за австралискиот тим на Светското друмско првенство во текот на 2017 година, победувајќи на Дварс дор де Вламсе Арденен и забележувајќи врвни пласмани на Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“ и Хералд Сан Тур. Во август 2017 година, Мичелтон-Скот објавиле дека Мајер ќе им се приклучи повторно со тригодишен договор од 2018 година со фокус на Игрите на Комонвелтотот 2018 и Летните олимписки игри 2020.[6] Во 2020 и 2021 го освоил националното друмско првенство.[7]

Мајер се повлекол од спортот во септември 2022 година, откако тринаесет години бил професионалец.[8] Потоа, Мајер станал тренер за женската екипа на Бритиш Сајклинг.[9]

ДостигнувањаУреди

ВелодромскиУреди

2005
1.   Државно првенство - медисон (со Адам О’Конор)
2006
Светски јуниорски првенства
1.   Поединечна потера
1.   Медисон (со Травис Мајер)
1.   Екипна потера
Национални јуниорски првенства
1.   Поединечна потера
1.   Бодовна трка
1.   Екипна потера
1.   Медисон (со Травис Мајер)
2007
Светски куп класици
3. Бодовна трка, Сиднеј
3. Бодовна трка, Пекинг
2008
Светски куп класици
1. Бодовна трка, Лос Анџелес
3. Екипна потера, Копенхаген
2009
Светски првенства
1.   Бодовна трка
2.   Медисон (со Ли Хауард)
2.   Екипна потера
2010
Светски велодромски првенства
1.   Бодовна трка
1.   Екипна потера
1.   Медисон
Комонвелтски игри
1.   Екипна потера
1.   Бодовна трка
1.   Скреч
Светски куп класици, Мелбурн
1. Медисон (со Ли Хауард)
1. Екипна потера
2011
Светски првенства
1.   Медисон (со Ли Хауард)
2.   Бодовна трка
Океански првенства
1.   Медисон (со Ли Хауард)
1.   Екипна потера
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Национален медисон првак (со Ли Хауард)
2012
1.   Светско првенство - бодовна трка
2016
1.   Национален медисон првак (со Сем Велсфорд)
2.   Светски куп - медисон (со Калум Скотсон)
3. Шест дена Лондон (со Калум Скотсон)
2017
Светски првенства
1.   Бодовна трка
1.   Екипна потера
2.   Медисон (со Калум Скотсон)
Национални првенства
1.   Бодовна трка
1.   Екипна потера
2. Поединечна потера
1. Шест дена Лондон (со Калум Скотсон)
2018
Светски првенства
1.   Бодовна трка
3.   Медисон (со Калум Скотсон)

друмскиУреди

2005
7. Светско јуниорско хронометарско првенство
2006
Национални јуниорски првенства
1.   Друмска трка
2. Хронометар
5. Светско јуниорско хронометарско првенство
2007
1.   Краен пласман Трка околу Тасманија
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 3 Трка околу Гипсланд
2. Национално друмско првенство под 23 години
2008
1.   Краен пласман Трка околу Јапонија
3.   Светско хронометарско првенство под 23 години
3. Гран Премио Индустри дел Мармо
2009
2. Национално хронометарско првенство
2010
1.   Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Оман
2011
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Краен пласман Тур Даун Андер
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4
1.   Краен пласман Тур де Перт
3. Сајкл Сингапур
2012
2. Национално хронометарско првенство
3.   Светски првенство во екипен хронометар
10. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
2013
1.   Океански друмски првенства
1.   Државно првенство во критериум
1.   Планински пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Краен пласман Трка околу Турција
10. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 1 (ITT)
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
1. Етапа 2 Тур де Свис
4. Национално друмско првенство
9. Краен пласман Хералд Сан Тур
2015
1.   Краен пласман Хералд Сан Тур
1.   Спринтерски пласман
1. Етапа 1
4. Пруеба Вилјафранка де Ордисија
  Награда за борбеност на етапа 1 Вуелта а Еспања
2016
2. Национално друмско првенство
2017
1. Дварс дор де Вламсе Арденен
3. Краен пласман Рас Таилтеан
3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
4. Краен пласман Хералд Сан Тур
7. Краен пласман Трка околу Кина I
7. Краен пласман Трка околу Заливот Гуанжу
2018
Игри на Комомвелтот
1.   Хронометар
9. Друмска трка
1. Етапа 2 Трка околу Британија
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
2019
1. Етапа 1b (TTT) Сетимана Интернационале Копи е Бартали
Национални првенства
3. Хронометар
3. Друмска трка
2020
1.   Национално друмско првенство
2021
1.   Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
  Џиро СО 137 136 СО СО 111
  Тур 130
  Вуелта СО СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. „AIS Athletes at the Olympics“. Архивирано од изворникот на 6 June 2011.
  2. Australian Associated Press (5 август 2011). „Australian cycling team GreenEdge sign young cyclists Cameron and Travis Meyer and Jack Bobridge“. The Courier-Mail. Посетено на 18 мај 2013.
  3. „News shorts: Meares aiming high for record-breaking Rio Olympics“. Cyclingnews.com. 13 октомври 2015. Посетено на 13 октомври 2015.
  4. http://www.cyclingnews.com/news/cameron-meyer-leaves-dimension-data-citing-personal-reasons/
  5. „Six Day London 2016: Day 6 Results“. Cyclingnews.com. Посетено на 1 ноември 2016.
  6. „Cameron Meyer returns to the WorldTour with Orica-Scott“. cyclingnews.com. 5 август 2017. Посетено на 5 август 2017.
  7. „Cameron Meyer takes back-to-back Aussie titles in incredible sprint finish“. 7 February 2021.
  8. „Cameron Meyer ready to move onto the next chapter, concluding his 13-year long road cycling career“. greenedgecycling.com. Тим БајкЕксчејнџ-Џејко. 5 September 2022. Посетено на 21 September 2022.
  9. Tom Davidson (7 September 2022). „Australian pro Cameron Meyer appointed as British Cycling track coach“. cyclingweekly.com.

Надворешни врскиУреди