Владимир Костов (Битола, 22 септември 1932Битола, 3 јануари 2023) — писател на кратка проза и романи, писател за деца и млади.

Владимир Костов
Владимир Костов
Роден/а22 септември 1932
Македонија Битола, Македонија
Починат/а3 јануари 2023 (возраст: 90)
Македонија Битола, Македонија
ЗанимањеПисател
НационалностМакедонец
Апсолвент наФилозофски факултет - Скопје

Животопис

уреди

Владимир Костов е роден во Битола на 22 септември 1932 година. Основното и средното (гимназија) образование ги завршил во родниот град и во 1951 година се запишал на Филозофскиот факултет, група Југословенска книжевност, на “Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година дипломирал по што се вработил во Радио-драмата на Радио Скопје.[1]

Во 1956 година се враќа во родниот град и почнува да работи како професор по македонски јазик во Средното ветеринарно училиште. Во 1964 година бил избран за професор на Педагошката академија во Битола, каде работел сè до своето пензионирање. Во 1957 година, Владимир Костов бил еден од основачите на КУД „Илинден“ и негов долгогодишен уметнички директор. Во 1963 година се појавува и како еден од основачите на литературното списание „Развиток“ каде бил долгогодишен главен и одговорен уредник. Во 1977 година станува член на Друштвото за наука и уметност во Битола, во 1983 година член на Друштвото на писателите на Македонија, a од 1988 година член е и на Асоцијацијата на независните писатели на Македонија.

Во 2016 година избран е за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.[2]

Починал на 3 јануари 2023 година во Битола.[3][4]

Творештво

уреди

Творештвото на Владимир Костов е големо по обем и разновидност.

Се занимавал со истражување и проучување од областа на јазикот, литературата и писателската дејност. Објавил поголем број трудови од оваа област, меѓу кои се:

  • „Отстапување на битолскиот говор и неговиот стил“,
  • „Поетскиот јазик на К. Рацин“,
  • „Зборникот на Миладиновци и Рациновите „Бели мугри“,
  • „Личните заменки во битолскиот градски говор“.

Неговите први книжевни творби датираат од неговите гимназиски денови, а прва објавена книга му била романот „Лица со маски“ (1967). Неговото творештво е обемно, има објавено 18 романи, 10 збирки новели и раскази и 8 книги за деца и млади. Објавил и 2 драми. Пишува и проза за млади. Неговите дела амбиентално и тематски се поврзани со настани од историјата и современиот живот на Битола.

Неговото творештво е застапено во програмата по македонски јазик за средните училишта, како и во повеќе антологии и едиции како:

  • Во антологијата на македонскиот роман е застапен со романот „Нов ум“,
  • Во едицијата „10 најчитани романи“ со романот „Свадбата на Мара“,
  • Во едицијата „Бисери“ повторно со „Свадбата на Мара“.

Повеќе негови дела се драматизирани:

  • Свадбата на Мара (1977), изведба на Народниот театар од Битола. Претставата успешно е одиграна на повеќе сцени во Македонија и Југославија како, Сараево, Стериино позорје во Нови Сад, Дубровнички летни игри, и др.
  • Грешниот Захарија“ (1986), ), изведба на Народниот театар од Битола, во режија на Љубиша Георгиевски. Претставата исто така е одиграна на Фестивалот за мали и експериментални сцени во Сараево.
  • Црквичето Четириесет маченици во Битола“ (2001), изведба на Народниот театар од Битола.[5]

Дела

уреди

Романи

уреди
  • Лица со маски (роман, 1967)
  • Свадбата на Мара (роман, 1968)
  • Нов ум (роман, 1970)
  • Учителот (роман, 1976)
  • Црквичето Четириесет маченици во Битола (роман, 1984)
  • Вујко (роман, 1984)
  • Клетва (роман, 1989)
  • Последното целивание (роман, 1992)
  • Грешка (краток роман, 1992)
  • Битолски триод (роман, 1994)
  • Сениште во град Битола (роман, 1994)
  • Битолска хроника - обителска трагедија (два кратки романи, 1998)
  • Тане (роман, 2000)
  • Писание за Страшниот суд (роман, 2011), Матица македонска
  • Дива мисла (роман, 2014), издание на Матица македонска

Раскази и новели

уреди
  • Игра (кратки раскази, 1969)
  • Ах, бре (кратки раскази, 1970)
  • Шумата ечеше (сказна, 1982)
  • Грешниот Захарие (новели, 1986)
  • Тестамент (кратки раскази за млади)
  • Чума (новели, 1989)
  • Келешот (новели)
  • Маргарит (кратки раскази, 1996)
  • Строгата школа на животот (кратки раскази за деца и младинци, 1998)
  • Хераклејски мозаик (збирка од 201 расказ, 2003)
  • Битолијада (2006)
  • Скршена чаша (раскази, 2007)
  • Лингва латина (раскази, 2010, Матица македонска)
  • Даровна (раскази, 2012, Матица македонска)
  • Патар (раскази, 2020, Матица македонска)

Книги за деца и млади

уреди
  • Каде си тргнал, сине (роман за млади, 1982)
  • Тој ми кажа (роман за млади, 1992)
  • Солза за Мите (роман за млади, 1997)
  • Еврејчето Шами (проза за деца и младинци, 2007)
  • Скршена чаша (раскази, 2007)

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. Значајни личности за Битола – писатели
  2. Владимир Костов избран за почесен член на МАНУ[мртва врска] на ТВ Тера
  3. „ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ И ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА МАНУ ВЛАДИМИР КОСТОВ“. СДК. 3.01.2023. Посетено на 5 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „In memoriam: Владимир Костов“. 3.01.2023. Посетено на 5 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 125.

Надворешни врски

уреди