Адолф Хитлер (германски: Adolf Hitler, 20 април 188930 април 1945) — водач на нацистите и канцелар на Германија од 1933 до 1945 година.

Адолф Хитлер
Adolf Hitler
Адолф Хитлер


Мандат
2 август 1934 – 30 април 1945
Претходник Паул фон Хинденбург (како претседател)
Следбеник Карл Дениц (како претседател)

Роден 20 април 1889
Браунау на Ин, Австроунгарија Знаме на Австроунгарија
Починал 30 април 1945
Берлин, Германија Знаме на Нацистичка Германија
Партија НСДАП

Адолф Хитлер е роден во Браунау на Ин, Австроунгарија (денес Австрија), како син на цариник. Работел како цртач на разгледници и молер. За време на Првата светска војна се борел во Франција, бил изложен на бојни отрови и потоа бил одликуван за храброст.

По поразот на германско-австриските сили, тој станал еден од бројните бесцелни, невработени и депримирани луѓе, кои се сновеле низ Германија и размислувале што ќе се случи со нивната некогаш голема нација.

На оваа тема Хитлер почнал да размислува не како за неуспех во воена смисла, туку како за „нож во грб“ од германските политичари, корумпирани од комунистите и Евреите. Решил да формира партија, која ја нарекол Националсоцијалистичка германска работничка партија (накусо Нацистичка партија) и испланирал одмазда за поразот и реставрација на германската гордост.

Набргу потоа во себе почнал да открива талент за говорништво и способност да ги врзува луѓето за своите идеи.

Нацизмот почнал вртоглаво да се шири меѓу широките народни маси во Германија, но првиот обид за преземање на власта со сила пропаднал. Но со паѓањето на Германија во длабока економска криза и со растење на невработеноста, Хитлер почувствувал дека дошло неговото време и успеал да си го пробие патот до власта, нудејќи му на народот само едно решение: слепа послушност на неговата волја.

Хитлер успеал на 30 јануари 1933 година да го придобие и натера претседателот фон Хинденбург да го назначи за канцелар. Следната година Хинденбург починал, а Хитлер ги приграбил и неговите функции и се нарекол Фирер (водач).

Набргу потоа Хитлер започнал да размислува за освојување на светот. Се насочил кон соседните земји и со инвазијата на Полска на 1 септември 1939 ја предизвикал Втората светска војна. До 1942 година станал господар на цела Европа и на Советските територии до Москва. Но потоа, Сојузниците со нивните комбинирани сили ја разбиле германската војска и во април 1945 додека руската артилерија го разорувала Берлин, Хитлер во својот бункер си го одзел животот.

Адолф Хитлер бил генијален на свој начин. Но својот потенцијал го искористил за нечовечни цели - директно бил одговорен за смртта на 60 милиони луѓе, стотици милони ранети и безброј разурнати градови и така на светот му нанел поголемо зло од било која личност во историјата.

Ран живот

уреди

Се родил во Браунау на Ин како четврто од шест деца на Ајлоз и Клара Хитлер. Како мал сакал да стане опат, но подоцна кога созреал го привлекувало сликарството. Својот татко го гледал со страв и почит и повеќе ја сакал својата мајка. По нивната преселба во Линз татко му се пензионира и се почесто му ги кажува своите искуства кои ги доживеал работејќи како цариник, и Адолф уште од тогаш ја замразил професијата на својот татко. По смртта на Алојз,(1907) Адолф попушта со учење иако дотогаш се покажал како доста интелигентно дете, тој продолжува да ги учи само оние предмети кои го интересираат - историја и географија додека за другите се изјаснува дека се апсолутно непотребни и дека не би му послужиле за ништо. На шеснаесет годишна возраст го напушта училиштето и заминува за Виена. Таму останува одреден период сè додека не дознае дека мајка му е сериозно болна. Тој се обидува да стапи во контакт со повеќе доктори (сите кои ги молел за помош биле Евреи) но нитуеден од нив не сакал да му помогне. Се враќа во Линз со надеж дека мајка му успеала да најде доктор, и дознава дека не и останува уште долго време за живеење. Во 1907 умира Клара Хитлер и тој се враќа во Виена каде што се обидува да влезе во Виенската академија на уметностите, но две години по ред го одбиваат со објаснување дека темите на неговите цртежи се од неживата природа. Бил навистина талентиран уметник. Следните пет години во Виена му биле најужасните години во неговиот живот. Тогаш конечно се откажал од сликарството и се вработил во библиотека од каде што земал книги и се одлучил да го продолжи своето образование. Платата која ја добивал била многу мала и тој сите пари што ги имал ги трошел на книги и театарски претстави. Потоа ја изгубил работата во библиотеката поради недоразбирање со евреите кои работеле со него и се вработил на градилиште од каде што слушајќи ги своите соработници и сфаќајќи дека неговите размислувања се многу по интелектуални од оние на луѓето кои работеле со него, се обидува да им ги појасни работите за власта, но овој настан завршил трагично и тој се вработил на друго градилиште. И од таму го избркале и го претепале, па сѐ уште во него имало надеж дека може да успее да работи како секој нормален човек па уште еднаш се обидел да работи како градежник, но и овој обид завршил трагично за него. После ова конечно сфаќа дека никогаш нема да биде како останатите и тука уште повеќе ја воздигнува во своите ставови Германската нација над другите нации во Германија како единствена нација која заслужува простор за живеење. Потоа учествува во првата светска војна на Австроунгарскиот фронт каде што само двапати е повреден. Пред првата повреда среќата одлично го служела, каде и да се појавел неколку минути по неговото заминување се случувало или бомбардирање или експлозија. Но сепак среќата го изневерува кога во едно бомбардирање е повреден, но сепак само со една несериозна повреда на раката. Потоа во една експлозија се здобива со сериозна повреда на ногата каде што го губи едниот семеник.

Воздигнување до моќ

уреди

По напуштањето на болницата, тој активно почнува да го живее политичкиот живот во Минхен во мај - јуни 1919. Како воен-политички агент се зачленил во една мала Работничка партија во Минхен во септември 1919. Во 1920 тој доаѓа на чело на Работничката партија. Се откажал од војската, и се жртвувал себеси унапредувајќи го своето место во партијата која истата година била преименувана во Националсоцијалистичка Германска Работничка Партија. Имало поволни услови за развивање на оваа партија. Економските грижи, како и навредата на Германија со поразот во Првата светска војна особено биле изразени во Баварија за време на традиционалниот сепаратизам како и омразата кон републиканската влада во март 1920 неколку воени офицери се обиделе да воспостават десницата во владата.

Постоеле поволни услови за развивање на оваа мала партија, кои Хитлер успешно ги искористувал. Кога се приклучил на партијата тој бил неактивен, тој се придружил на програма со разни националистички и социјалистички идеи и го развил своето водство. Неговата пропаганда и неговите лични амбиции кои ги покажувал предизвикале многу конфликти со другите водачи во партијата. Тој им го возвратил ударот на останатите кои сакале да го избркаат од партијата на тој начин што му понудиле оставка, но кога виделе дека иднината на нивната партија стои во негови раце се откажале од идејата. Во 1921 годнина Хитлер станал нивни водач со речиси неограничена моќ. Со самото стапнување на водачкото место тој на преден план решил да формира масовно движење, чија мистичност и моќ ќе ги заслепи сите и ќе ги направи да му бидат лојални. Тој својата пропаганда ја започнал преку партискиот весник, и преку митинзи на кои публиката од неколкумина прераснала во илјадници фанатици. Со својата харизматична личност и своето динамично водство, тој привлекол верен кадар на нацистички водачи, луѓе чии имиња денес живеат во срам - Алфред Росенберг, Рудолф Хес, Херман Геринг и Јулис Стречер.

Кулминацијата на наглото растење на нацистичката партија во Баварија во обидот да зададе државен удар е во ноември 1923, кога Хитлер и генералот Ерик Лудендорф се обиделе да ја одземат предноста на актуелната конфузија и опозицијата на Вајмарската Република да ги натераат водачите на Баварската влада и командантот на локалната војска да прокламираат национална револуција. Во пресметката која што се случила, полицијата и армијата испалиле предупредувачки оган. Хитлер бил повреден а четири полицајци убиени. Тој нацртал и неколку лекции од движењето кое морало легално да ја достигне власта. Хитлер бил обвинет со казна затвор од пет години од кои одслужил само девет месеци и тоа во релативна удобност во Ландсберскиот замок. За време на одслужувањето на казната затвор тој успеал да го напише првиот том на книгата „Мојата борба“, кое претставува негова политичка автобиографија.

Идеите на Хитлер вклучувале нееднаквост меѓу расите, нациите и единките како дел од природната селекција која што ја издвоила Ариевската раса како креативен елемент на човештвото. Според него природна единка на човештвото бил човекот, од кои најмоќни биле Германците. Тој верувал дека државата постои за да му служи на народот, елемент кој Вајмарската Германска Република го предаде. Парламентарно демократската влада била двојно проколната. Ги апсорбирала еднаквоста на поединците која за Хитлер не постоела и претпоставувала дека тоа може преку парламентарни процедури да биде донесено во корист на народот. Наместо тоа Хитлер се залагал за обединување на народот кое ќе го најде своето очовечување во Фирер, што придонело перфектен авторитет. Под Фирерот, партијата била обликувана од народот и се претворила во негово обезбедување.

Најголемиот непријател на нацизмот не биле погледите на Хитлер, ниту пак либералната демократија во Германија која била пред колапс туку тоа бил марксизмот. Покрај марксизмот, уште поголеми непријатели биле Евреите, кои Хитлер ги сметал за реинкарнација на злото. Постојат различни верувања на историчарите за тоа кога антисемитизмот стана најдлабоката и најсилната Хитлерова осуда. Во 1919 тој напишал: „Рационално антисемитизмот мора да води кон систематска легална опозиција. Неговата крајна цел мора да биде елиминирање на сите Евреи“. Во „Мојата Борба“ тој ги опишува Евреите како „уништувачи на културата“, „паразити на нацијата“ и „закана“.

За време на присуството на Хитлер во затворот, Нацистичката Партија ослабела како резултат на внатрешни недоразбирања. По излегувањето од затворот, Хитлер се соочил со потешкотии кој не постоеле пред 1923. Економската стабилност била постигната со реформи во финансиите. Се чинело дека републиката станала многу повеќе почитувана. На Хитлер му се забранувало да одржува говори, најприн во Баварија, а подоцна и во многу други Германски држави. Но и покрај ова партијата растела полека, и во 1926 Хитлер успешно ја воспоставил својата позиција против Грегор Страсер, чии следбеници биле од северна Германија.

Пристигнувањето на финансиската криза во 1929 предвидувало нов период на политичка нестабилност. Во 1930 Хитлер влегол во сојуз со националистот Алфред Хугенберг во поход против Јунг План, втор преговарач за Германските воени давачки за обесштетување. Со помош на Хугенберговиот весник, Хитлер бил во можност за првпат да стигне до националната публика. Сојузништвото исто така му овозможило да побара помош од голем број на моќни влијателни индустриски лица кои ги контролирале политичките фондови и сакале да ги искористат за создавање на силна десно-ориентирана антисоцијалистичка влада. Сумата која што Хитлер ја добил од индустријалците ја поставиле неговата партија на сигурна финансиска нога и му овозможиле да ја направи делотворна неговата емоционална појава пред средната класа и невработените, заснована на прокламацијата на неговата судбина дека Германија ќе се ослободи од нејзините страдања. Врската на Хитлер со Хугенберг и индустријалците ги илустрирала вештините да ги користи оние кои сакале да го искористат него. Но најважно негово достигнување било воспоставувањето на вистинска националистичка партија ( со нејзини гласачи и следбеници од различни класи и религиозни групи).

Непопусливата пропаганда, поставена против неуспехот на владата да ги подобри условите за време на финансиската криза, придонела со огромен гласачки одзив во полза на нацистите. Партијата станала втора по големина во земјата. Во 1932 Хитлер бил опозиционер на Хинденбург во претседателските избори, и добил 36,8 проценти од гласовите во вториот круг. Тој бил на силна позиција поради верноста на големата маса народ која го следела, и влегол во серии на интриги со конзервативците како што се Франц фон Папен, Ото Меиснер и синот на претседателот Хинденбург, Оскар. Стравот од комунизмот и одбивањето на социјалдемократите ги соединиле. Без оглед на падот на гласовите на нацистичката партија во ноември 1932, Хитлер инсистирал дека канцеларството е единствена опција која би ја прифатил. На 30 јануари 1933 Хинденбург му ја понудил канцеларската фотелја на Хитлер.

Втора светска војна

уреди

Германската воена стратегија била преземена од Хитлер. Кога успешниот поход против Полска[1][2] не успеал да го произведе посакуваниот мир со Британија, тој и наредил на германската армија да се припрема за офанзива кон западот. Лошото време направило некои од неговите неподготвени генерали да ја одложат офанзивата. Ова водело кон две огромни промени во плановите. Првата промена била Хитлеровата наредба да попречи евентуално британски претседател во Норвешка на тој начин што би ги окупирал Норвешка и Данска во април 1940. Хитлер имал лични интереси во оваа операција. Од тој момент па натаму неговата интервенција во деталите на воените операции пораснала. Втората промена била прифаќањето на планот за напад преку Ардените на генералот Ерик вон Маштајн кој започнал на 10 мај. Ова бил брилијантен план и почетокот на успехот на Германија. Германската војска сигнала до каналните порти, каде што не успеале да стасаат во првата светска војна, за време од 10 дена. Холандија се предала по 4 дена, а Белгија по 16 дена. Хитлер ги задржал тенковите на генералот Карл вон Рундштед јужно од Динкерк, што им овозможило на британските војски да се евакуираат. Меѓутоа западната кампања во целост била неверојатно силна. На 10 јуни Италија влегла во војната на страната на Германија. На 22 јуни Хитлер триумфално и одмазднички го прифатил и потпишал договорот за капитулација на Франција во истата просторија од истиот вагон од истиот воз на истото место каде што Германија потпишала капитулација кон крајот на Првата светска војна.

Хитлер се надевал дека Британците ќе сакаат да преговараат за примирје. Но тоа не се случило, па тој продолжил со неговиот план за инвазија на Британија и елиминација на британската воена сила. Во исто време почнале и подготовките за инвазија на СССР, кои според Хитлер, биле последна надеж за Британската заштита од контролата на Германија над континентот. Потоа Мусолини извршил инвазија врз Грција, каде што поразите на италијанската армија ги намамиле германските сили да дојдат на Балканот но и во Северна Африка. Хитлеровите планови биле нарушени од страна на Југославија во март 1941 на тој начин што била отфрлена владата која имала склучено договор со Германија. Хитлер веднаш и наредил на германската армија да ја покори Југославија. Нападите на Средоземјето, иако успешни, биле ограничени, споредувајќи ја инвазијата на СССР.

Нападот врз СССР започнал на 22 јуни 1941 година под името Барбароса. Германската армија многу брзо навлегувала на територијата на СССР, заробувајќи околу 3 милиони Руси, но не успеала да го победи противникот. Хитлер станал арогантен кон своите генерали. Тој не се сложувал со нив во врска со главниот напад, и го трошел своето време и сила на концентрирање во една единствена цел. Во декември 1941, неколку милји пред Москва, контраофанзивата на Црвената Армија конечно му докажала на Хитлер дека неговите планови не можат да бидат реализирани.

На 7 декември, Јапонија ја нападнала американската поморска воена база, Перл Харбор. Хитлеровиот сојуз со Јапонија го натерал да им објави војна на САД. Од тој момент целата негова стратегија се променила. Тој се надевал и пробал (како неговиот идол Фредерик II Велики) да го скрши она што мислел дека е натприродна коалиција на неговиот противник на тој начин што сакал да го натера еден од нив да склучи примирје со Германија. Неговиот план за растурање на натприродната коалиција меѓу Сталин, Черчил и Рузвелт се остварил, но дури по Втората светска војна кога веќе било предоцна за Хитлер. Тој исто така наредил и реорганизација на германската воена економија.

Во меѓувреме, Химлер ја подготвувал земјата за нова распределба на Европа. Од 1933 до 1939 а во некои барања дури и за време на првите години на војната, Хитлер правел планови да ги избрка Евреите од Големиот Германски Рајх. Во 1941 неговиот план за бркање на Евреите се променил во план за чистење на Евреите. Концентрационите логори кои ги создал под нацистички режим биле проширени и вклучувале уништувачки логори, како Аушвиц, и мобилни бригади за чистење како што била Ајнсатз-групата. Дури и католиците, Пољаци, Роми, хомосексуалци, и хендикепираните биле мета на прогонување. Дури 6 милиони Евреи биле убиени за време на војната. На крајот на 1942, поразот кај Ел Аламеин и Сталинград како и пристигнувањето на американските трупи во француска северна Африка придонеле до пресвртница во војната. Со ова почнал да се менува и карактерот на Хитлер. Тој почнал да ги предводи операциите на исток од главните штабови, одбил да ги посети бомбардираните градови или да дозволи повлекувања, станал зависен од неговиот психијатар, Теодор Морел, и бил под лекарства. Сепак Хитлер не ја изгубил моќта да реагира енергично.

По апсењето на Мусолини во јули 1943 и капитулацијата на Италија, тој не само што наредил окупација на сите важни позиции окупирани од италијанската армија, туку исто така и наредил да се спаси Мусолини, со намера да биде премиер на новата фашистичка влада. На источниот фронт, имало се помалку и помалку можност да биде под офанзива на германската армија. Односите со неговите коаманданти на армијата станале напнати, сè повеќе и повеќе со растењето на важноста на СС дивизиите. Во меѓувреме неуспехот на мисијата на У-бродот како и бомбардирањето на Германија многу ги намалиле шансите за победа. Очајните офицери и анти-нацистичките цивили се спремале да го отстранат Хитлер и да преговараат за мир. Биле планирани неколку обиди во периодот од 1943-1944; најблиску до успехот бил оној на 20 јули 1944 кога Колонел Клаус вон Стауфенберг подметнал бомба на конференцијата во Хитлеровиот штаб во источна Прусија. Но Хитлер се извлекол без големи повреди, и со неколку исклучоци, сите кои учествувале во тој план биле убиени.

Намалувањето на независноста на неговата армија било комплетно; Национал Социјалистичките политичари биле избрани за сите воени штабови. Потоа Хитлер се разболел, но не се одморал, ниту губел контрола, и продолжил да вежба скоро хипнотичка моќ кон неговите потчинети. Сојузната инвазија над Нормандија (6 јуни 1944) го обележила почетокот од крајот на војната. За неколку месеци, 8 европски главни градови (Рим, Париз, Букурешт, Софија, Атина, Белград, Хелсинки) биле ослободени од сојузниците или се предале на нив. Во декември 1944 Хитлер ги преместил неговите штабови на запад за да организира офанзива на Ардените насочена кон разделување на американските и британските армии. По неуспехот, неговите надежи за успех сега биле минимални, засновани на употребата на нови оружја (Германските ракети биле лансирани во Лондон од јуни 1944) или на раскинување на сојузничките сили.

Смртта на Хитлер

уреди

По јануари 1945 Хитлер не ја напуштил канцеларијата во Берлин или неговиот бункер, смислувајќи план за последен отпор на југот како што се ближеле советските сили кон Берлин. Во состојба на целсона исцрпеност и нервоза, тој на крајот го прифатил неизбежниот пораз, и одлучил да си го одземе својот живот и да ја остави земјата врз која имал апсолутна моќ на милост и немилост на нејзините окупатори. Пред ова, останале уште две работи да се извршат. Првата - се оженил со Ева Браун на полноќ помеѓу 28 и 29 април. Веднаш потоа го издиктирал својот политички тестамент, оправдувајќи ја неговата кариера и назначувајќи ги адмиралот Карл Дениц за претседател и Јозеф Гебелс за канцелар. На 30 април за последен пат се поздравил со Гебелс и неколку останати коишто биле со него, и влегле во бункерот со неговата жена. Хитлер се застрелал, а неговата жена се отрула.

Според неговите инструкции, нивните тела биле запалени. Хитлеровиот успех бил во врска со осетливоста на поствоена Германија на неговиот уникатен талент како национален водач. Неговото воздигнување до моќ не било неизбежно. Сè уште нема никој кој може да се спореди со неговата способност да ги управува настаните до неговата смрт. Моќта која што ја имал била безценета. Неговите идеали и намери биле прифатени во целиот свет или во дел од милиони луѓе, особено во Германија. Со текот на времето тој бил поразен, уништил голем дел од тоа што останало од старата Европа, додека германскиот народ морал сам да се справи со тоа што би го нарекле подоцна "Нултата година" 1945.

Хитлер како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди

Поврзано

уреди