Сава Петровиќ Његош
Сава Петровиќ Његош (18 јануари 1702 — 9 март 1782) бил црногорски владика и митрополит, втор владетел од динстијата Петровиќ-Његош. Го наследил владиката Данило I кој умрел на 11 јануари 1735 година.
Сава Петровиќ Његош | |||||
---|---|---|---|---|---|
владика на Црна Гора | |||||
На престол | 1735-1782 [белешка 1][белешка 2] | ||||
Претходник | Данило I Петровиќ Његош | ||||
Наследник | Василије Петровиќ Његош | ||||
| |||||
Династија | Петровиќ-Његош |
Во 1736 година, го помагал Руското царство и Хабсбуршката монархија во нивната војна против Османлиското Царство. Патувал во Русија. Царицата Елисавета му издала грамота, во која биле пофалени Црногорците и било признато нивното јунаштво и заслуги за руската борба за ослободување на христијаните на истокот. По враќањето од Русија, во Пеќ го испратил својот внук митрополитот Василије, кој бил завладичен од патријархот Атанасиј.
Владиката Сава во текот на својот живот намал големо политичко значање и најчесто играл второстепена улога во историските случувања во Црна Гора, секогаш бил потиснуван од влијателни лица.
Животопис
уредиПо смрта на Данило I, владичкото место било преземено од неговиот внук Сава кој бил избран за наследник од самиот Данило. Сава Ивановиќ Петровиќ Његош за владика бил хиротонисан од патријархот Мојсије Рајовиќ при неговата посета на Црна Гора. Задржувањето на владичкото достоинство во една куќа било спротивно од дотогашната пракса, а подоцна им овозможило на цетинските владици да го истакнат своето право на првенство.
Владиката Сава соработувал со Венецијанците и го поддржувал нивното влијание во Црна Гора. Меѓутоа, по потпишувањето на Пожаревачкиот мир, Венецијанската Република започнала нова политика, таа се откажала од војните против Османлиското Царство и се стремела да има добри односи со Високата порта. Оваа политика била во спротивност со интересите на Црногорците и нивната борба против Османлиите и Венецијанците честопати биле негативно настроени кон ослободителната борба на Црна Гора и нејзиниот народ. Руско-турската војна од 1736 година, Црногорците под влијание на владиката Сава и Венецијанците, за разлика од бртските племиња, не зеле активно учество.
Во 1742 година, владиката Сава заминал за Руската Империја. Таму побарал продолжување на финансиската помош за Црна Гора која не се испалаќала навреме. Царицата Елисавета го примила владиката Сава и наредила задоцнетата помош да се исплати, а доделила и нова помош. Додека владиката Сава се наоѓал во Русија, неговиот внук, архимандритот Василије во 1744 година заминал за Венеција со фалификуван печати на црногорските старешни со цел да го заврсти својот углед . Поради овој чекор, Сава дошол во судир со Василије, меѓутоа двајцата Петровичи набргу се смириле, а Василиј станал помошник на владиката.
Василиј и Сава имале различни погледи за политичкиот пат на Црна Гора. Додека, Сава се залагал за соработка со Венецијанската Република, тогашниот архимандрит Василија сакал Црна Гора да се поврзе со некоја голема сила и со надворешна помош Црногорците да ја продолжат борбата против Османлиското Царство. Во 1750 година, Василиј во Белград бил хиротонисан од страна на патријархот Атанасиј, а новиот владика се вратил во Црна Гора. Василиј успеал да се издигне како главна политичка личност во Црна Гора и целосно го потиснал Сава кој почнал да игра второстепена улога во општествениот и политичкиот живот на Црна Гора, а оваа подредена положба Сава ја имал сè до својата смрт.
Додека Василије се наоѓал во Русија, босанскиот везир Хаџи Мехмед Паша со својата војска дошол во Гацко за да ги казни непокорните Црногорци. Митрополитот Сава, гувернадурот Стано Радоњиќ и останатаите старешини, за да го избегнат османлискиот напад, се согласиле да го платат харачот. Меѓутоа, Василије по враќањето во Црна Гора ги поматил нивните сметки и ги потикнал Црногорците да го отфрлат договорот [1]. По неплаќањето на харачот дошло до политички случувања во кој владиката Сава не учествувал сè до смрта на Василиј во 1766 година.
По смрта на Василиј, настапил период племенска анархија, а Владиката Сава немал влијание меѓу Црногорците. Во 1767 година на историската сцена во Црна Гора се појавила една мистериозна личност т.н Шќепан Мали. Тој себеси се претставувал како рускиот цар Петар III [2]. Бидејќи култот кон Русија веќе фатил силни корени, благодарение на дејноста на владиката Василије, самопрогласениот руски цар брзо и енергично успеал да ја наметне својата власт врз Црногорците. Владиката Сава во почетокот не се сомневал во Шќепан, меѓутоа за да ја провери точноста на информацијата се обратил до русиот претставник во Цариград, кој од своја страна известил дека Шќепан е изманик. Владиката Сава набргу потоа дошол во судир со Шќепан Мали, но владиката Сава бил затворен од страна на приврзаниците на Шќепан и бил ослободен во пролета 1768 година.
Шќепан Мали успеал да се одржи на власт во Црна Гора сè до својата смрт во 1773 година. Меѓутоа, владиката Сава повторно немал никаво политичко влијани меѓу Црногорците, а на политичката сцена, како прва личност се издигнал гувернадурот Јован Радоњиќ. Сава во текот на својата владичка дејност имал мала улога во животот на Црна Гора и секогаш бил потиснуван од способни личности.
Белешки
уреди- ↑ Во периодот помеѓу 1750-1766 година прва личност во Црна Гора бил владиката Василије Петровиќ Његош
- ↑ Во периодот помеѓу 1767-1773 година, власта во Црна Гора се наоѓала во рацете на Шќепан Мали