Џон Хојер Апдајк (англиски: John Hoyer Updike, 18 март 1932 27 јануари 2009) американски поет, писател и книжевен критичар. Тој е еден од тројцата писатели кои добиле Пулицерова награда повеќе од трипати (покрај Бут Таркингтон и Вилијам Фокнер). Апдајк објавил повеќе од 20 романи, поголем број кратки раскази, но пишувал и поезија и објавувал книжевни критики. Апдајк е познат по тоа што редовно објавувал во The New Yorker, започнувајќи од 1954 година, како и по пенталогијата за книжевниот лик „Зајко“ (Rabbit).

Џон Апдајк
Апдајк во 1989 г.
Роден/аЏон Хојер Апдајк
18 март 1932
Ридинг, Пенсилванија, САД
Починат/а27 јануари 2009
Данверс, Масачусетс, САД
Занимањеписател, поет, критичар
ЖанрРеализам
Значајни делаПенталогијата за Зајакот
Хенри Беч
Вештерките од Иствик
Потпис

Животопис

уреди

Во младоста, Апдајк бил изложен на бројни интелектуално-религиозни влијанија: лутеранизмот, философијата на Серен Кјеркегор, платонизмот, како и теологијата на Карл Барт и Паул Тилих. Самиот Апдајк истакнувал дека во Пенсилванија бил воспитуван во духот на лутеранизмот, а речиси сите критичари се сложуваат дека тој е „ученик“ на Карл Барт. Самиот Апдајк во едно интервју изјавил: „не сум добар бартовец всушност, ако погледнете подобро, не сум ни добар христијанин“.[2] Исто така, тој имал и одредено сликарско образование една година поминал во Англија, како студент на Раскиновото уметничко школо (The Raskin School of Art), а претходно цртал карикатури во харвардското списание „Лампун“ (Lampoon).[3]

Творештво

уреди

Апдајк е еден од великаните на американската книжевност на XX век. Тој е двоен добитник на Пулицеровата награда: за „Зајко е богат“ (1982) и за „Зајко на починка“ (1990).[4]

Дела

уреди

Книги за Зајакот:

  • Зајко, бегај (Rabbit, Run, 1960)
  • Враќањето на Зајко (Rabbit Redux, 1971)
  • Зајко е богат (Rabbit Is Rich, 1981)
  • Зајко на починка (Rabbit At Rest, 1990)
  • Сеќавање на Зајко (Rabbit Remembered, 2000)

Останати романи:

Збирки раскази:

Осврт врз творештвото на Апдајк

уреди

Апдајк е еден од најзначајните современи американски писатели. Според Џојс Керол Оутс, „како Флобер, Апдајк е мајстор кој нè маѓепсува со раскажувачкиот глас додека истовремено нè соочува со испазнетоста на човековата желба.“[5] Самиот Апдајк, во повеќе наврати ја поврзувал својата поетика со сликарството, објаснувајќи дека само се обидувал да ги наслика нештата онакви какви што се. Според Џејмс Плат, изострената перцепција и чувството за светлина го прават Апдајк „вербален Вермер“ кој во своите дела ги пренесува сликарските синтагми. Впрочем, Апдајк го истакнувал Вермер како негов омилен сликар за кого пишувал во повеќе есеи. Според Плат, Апдајк ја прифаќа архетипската традиционална врска меѓу светлината и вистината, спасот, знаењето и преобразбата, наспроти темнината и сенката. Плат истакнува дека и кај Вермер и кај Апдајк силно е изразен духот на домаќинството и предметите чија важност се изедначува со луѓето. И други критичари го споредувале Апдајк со Вермер, како Кенон, кој истакнува дека „исто како Вермер, тој може да ги осветли малите моменти и да ги исполни со важност“. Сличен став има и Причет кој тврди дека „во својата преокупираност со мирот на предметите во домаќинството Апдајк е потомок, во пишувањето, на холандскиот жанр-сликари“.[6] Исто така, во делото на Апдајк се забележува големото влијание на Кјеркегор, а самиот Апдајк изјавил: „... едно време, за сите мои книжевни дела мислев како на илустрации на Кјеркегор“.[7]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. "John Updike". Front Row. Retrieved on 18 January 2014.
  2. Biljana Dojčinović, „Zeka Angstrom (opet) beži“, во: Džon Apdajk, Beži, Zeko, beži. Laguna, Beograd, 2018, стр. 360.
  3. Biljana Dojčinović, „Zeka Angstrom (opet) beži“, во: Džon Apdajk, Beži, Zeko, beži. Laguna, Beograd, 2018, стр. 362.
  4. Biljana Dojčinović, „Zeka Angstrom (opet) beži“, во: Džon Apdajk, Beži, Zeko, beži. Laguna, Beograd, 2018, стр. 377.
  5. Džon Apdajk, Beži, Zeko, beži. Beograd: Laguna, 2018.
  6. Biljana Dojčinović, „Zeka Angstrom (opet) beži“, во: Džon Apdajk, Beži, Zeko, beži. Laguna, Beograd, 2018, стр. 362-363.
  7. Biljana Dojčinović, „Zeka Angstrom (opet) beži“, во: Džon Apdajk, Beži, Zeko, beži. Laguna, Beograd, 2018, стр. 365.