Атанас Бадев
Атанас Бадев (Прилеп, 14 јануари 1860 - Ќустендил, 21 септември 1908) — македонски композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, еден од првите професионално школувани македонски композитори. Основно образование завршил во родниот град, а потоа школувањето го продолжил во Солун и Бугарија, каде матурирал со одличен успех во I машка гимназија[1] во Софија. За време на летниот одмор во 1879 г. основал црковно-училиштен хор во Прилеп. По желба на семејството две години студирал математика и физика во Универзитетот во Одеса. По враќањето од Русија се вработил во Солун, со намера да обезбеди средства за понатамошното образование.
Атанас Бадев | ||
![]() | ||
Роден | 14 јануари 1860 Прилеп, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 21 септември 1908 Ќустендил, Бугарија | |
Познат | композитор, хорски и музички теоретичар |
Музика најпрвин студирал во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај Милиј Балакирев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражувал и собирал македонската народна музика, бил наставник по музика и хорски диригент во Солун. По бунот на учениците од Солунската гимназија (1896) е преместен во Русе, потоа во Самоков и во Ќустендил.
Работа на македонската музикологијаУреди
Посебно е значајна работата на на Бадев врз проучувањето на македонскиот музички фолклор. Од неговата студија „Нотна тетратка“ може да се заклучи дека Бадев е еден од првите теоретичари којшто има укажано на постоењето на сложени, асиметрични метрички групации во македонската народна музика:
На првиот музички конгрес во Софија, во 1904 Бадев поднесува и реферат за метричко-ритмичките карактеристики на македонскиот фолклор („За фолклорот и неговите особености во Македонија“). Тоа е прв приказ од овој вид за македонската музика. Трудот не е печатен, како и неговата збирка хармонизирани народни песни, чиј ракописи до ден денес не се пронајдени.
Компонирал главно вокални дела, световни и духовни. Зачувани се само свеската „Упражнения по черковното пение“ и „Златоустова литургия“, печатена во 1898, од која посебно се изделуваат ставовите: „Иже херувими“, „Јако да царја“, „Хвалите Господа с небес“ и „Христос воскресе“. Тоа дело, пишувано под влијанието на руската духовна музика, сведочи за еден талентиран творец, полн со фантазија и за она време голем мајстор на хорскиот слог како и на хармонскиот и полифоничен начин на компонирање.
НаводиУреди
- ↑ Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Бадев, Атанас". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 112.
ЛитератураУреди
- Цециќ, Иво, ed. (1985). Енциклопедија на Југославија. книга (II изд. / I македонско изд. ed.). Загреб: Југословенски лексикографски завод. стр. стр. .
- "Химн на св.св. Кирил и Методий; Детска Песен", публикувани во сп. "Художник", книга 19 и 20, Софиja, 1906
- Л.Витанова-Сталева, Атанас Бадев, Известия на Института за музика при БАН, кн. II-III, София, 1956;
- Д.Ортаков, „Атанас Бадев и неговата Златоустова литургија“, Огледи за византиско-словенската музика во Македонија, Скопје, 2001.