Нил Дајмонд

американски кантавтор

Нил Лесли Дајмонд (англиски: Neil Leslie Diamond; роден на 24 јануари 1941)[1] ― американски пејач и текстописец. Продал повеќе од 130 милиони плочи, што го прави еден од најпродаваните музичари на сите времиња.[2][3][4] Имал десет синглови на прво место на американските топ-листи Billboard Hot 100 и Adult Contemporary, а 38 негови песни се пласирале во топ-10. Тој глумел и во филмови, а на филмското платно дебитирал во музичкиот филм од 1980 година, Џез пејачот.

Нил Дајмонд
Нил Дајмонд во 2012
Роден(а)Нил Лесли Дајмонд
24 јануари 1941(1941-01-24)(83 г.)
Њујорк, САД
Занимање
  • Пејач
  • текстописец
  • музичар
  • глумец
Активен период1962–денес
Деца4
Страница
neildiamond.com

Дајмонд бил примен во Куќата на славата на текстописците во 1984 година и во Куќата на славата на рокенролот во 2011 година, а во 2000 година ја добил наградата за животно дело Семи Кан. Во 2011 година, добил почести од Центарот Кенеди, а во 2018 година добил Греми награда за животно дело.[4]

Живот и кариера

уреди

Дајмонд е роден во Бруклин, во еврејско семејство од полско-руски доселеници.[5][6][7][8][9] Во детството четири години живеел во Шајен, Вајоминг, каде што татко му бил стациониран во армијата.[10] Во Бруклин учел во средното училиште Еразмус Хол[11] каде што соученичка му била Барбра Стрејсенд.[12] Во нивната класа бил и шаховскиот велемајстор Боби Фишер.[13][14]

За својот 16-ти роденден ја добил неговата прва гитара, а овој подарок му го променил целиот живот, почнал да посетува часови по свирење, да пишува песни и оттогаш се занимавал само со музика.[15] Дајмонд матурирал во средното училиште Абрахам Линколн во јуни 1958 година и истата есен се запишал на Универзитетот во Њујорк. Музиката, сепак, останала негов главен приоритет.

Шест месеци пред дипломирањето, Sunbeam Music Publishing му понудила 16-неделна работа да пишува песни за 50 долари неделно, и тој се откажал од факултет за да ја прифати работата.[10]

По неговите 16 недели со Sunbeam, Дајмонд не бил повторно ангажиран и тој почнал да пишува и да пее свои песни за демо. „Никогаш навистина не го избрав пишувањето песни“, вели тој. Во раните 60-ти основал дует со неговиот средношколскиот другар Џек Пакер наречен „Нил и Џек“; потпишале договор за издавање со Allied Entertainment Corporation of America и договор за снимање со нивната подружница, Duel Records. Двата сингла кои ги објавиле, „You Are My Love“ (1960) и „I'm Afraid“ (1961), не биле успешни, по што дуото се распаднало. Списанијата „Кешбокс “ и „Билборд“ им дале позитивни критики, па Дајмонд во 1962 година потпишал договор со „Колумбија рекордс“ како соло изведувач. Во јули 1963 година, Колумбија го издала синглот „Clown Town" / "At Night“ кој и покрај позитивните критики не успеал да се пласира на топ листите. Колумбија го исфрлила од издавачката куќа и тој следните седум години се вратил на пишувањето песни.

Дајмонд станал популарен како текстописец во 1967 година откако ја напишал песната „I'm a Believer“ за групата Monkees. Несакана последица било тоа што Дајмонд почнал да се здобива со слава како текстописец. „I'm a Believer“ станала златна плоча за само два дена од објавувањето, седум недели останала на врвот на топ-листите и била прогласена за поп-песна на годината за 1966 година.[12] По оваа песна, Дајмонд станал една од клучните фигури во новото движење на кантавтори и постојано се наоѓал на топ листите.

„And the Grass Won't Pay No Mind“ била преработена од Елвис Присли (кој исто така ја препеал „Sweet Caroline“) и Марк Линдзи. Други значајни музичари кои преработиле негови рани песни биле: Лулу, Клиф Ричард и англискиот хард-рок бенд Deep Purple.

Кон средината на 1969 година, Дајмонд се преселил во Лос Анџелес. Неговиот звук бил разубавен со песни како „Sweet Caroline" (1969), „Holly Holy" (1969), „Cracklin' Rosie" (1970) и „Song Sung Blue" (1972); последните две песни се искачиле на прво место на Hot 100. „Sweet Caroline“ бил прв голем хит на Дајмонд по неговиот пад. Во 2007 година, Дајмонд рекол дека песната „Sweet Caroline“ ја напишал за Керолајн Кенеди (ќерка на Џон Кенеди) откако ја видел на насловната страница на Лајф во облека за јавање,[16] но во 2014 година во интервју за емисијата „Today “ рекол дека е напишана за неговата тогашната сопруга Марсија. Тој не можел да најде добра рима со името „Марсија“ и затоа го употреби името Керолајн.[17][18]

Во 1976 година го издал албумот Beautiful Noise, продуциран од Роби Робертсон од The Band. На Денот на благодарноста 1976 година, Дајмонд се појавил на прошталниот концерт на The Band, The Last Waltz, каде ја извел песната „Dry Your Eyes“, која ја напишал заедно со Робертсон, а која се појавила на Beautiful Noise.

Во 1977 година, Дајмонд го издал I'm Glad You're Here with Me Tonight, а на албумот се наоѓа песната „You Don't Bring Me Flowers“. Барбра Стрејсенд ја преработила песната за нејзиниот албум Songbird, а подоцна бил снимен и дует Дајмонд-Стрејсенд. Таа верзија на песната во 1978 година се нашла на прво место, негова трета песна на врвот на Hot 100. Тие ненајавено се појавиле на церемонијата на доделување на Греми наградите во 1980 година, каде што ја извеле песната пред изненадената и воодушевена публика.[19]

Планираната филмска верзија на „You Don't Bring Me Flowers“ со Дајмонд и Стрејсенд во главни улоги не се реализирала, а Дајмонд глумел во римејкот на класикот од Ал Џолсон, „Џез пејачот“ од 1980 година заедно со Лоренс Оливие и Луси Арназ. Иако филмот добил лоши критики, саундтракот создал три топ-10 синглови, „Love on the Rocks“, „Hello Again“ и „ America “. Неуспехот на филмот делумно се должело на тоа што Дајмонд немал претходно искуство во професионалната глума. „Сметав дека не можам да се справам со тоа“, рекол Дајмонд подоцна, се гледав себеси како „риба без вода“.[20] :85За неговата улога, Дајмонд станал прв добитник воопшто на наградата Златна малина за најлош глумец, иако бил номиниран за наградата Златен глобус за истата улога.

Неговата песна „Heartlight“, била инспириран од блокбастерот од 1982 година И-Ти вонземјанинот.

Во 1997 година, неговата песна Sweet Caroline била отсвирена за прв пат на почетокот на рагби-натпревар во САД. Последователно, свирењето на Sweet Caroline пред почетокот на рагби-натпревари во САД станло традиција за неколку рагби-тимови. Станала химна на стадионите која публиката ја пеела пред почетокот на натпреварите. Ова денес се случува и пред натпреварите на рагби-репрезентации.[21]

На 14 март 2011 година, Дајмонд бил примен во Куќата на славните на рокенролот. На 10 август 2012 година, Дајмонд добил ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Во 2015 година, Ролинг Стоун го ставил Дајмонд на 47-мо место на списокот од „100 најдобри текстописци на сите времиња“.

Во јануари 2018 година, Дајмонд објавил дека боледува од Паркинсонова болест. Затоа, тој не само што ја прекинал неговата турнеја низ Австралија и Нов Зеланд, туку воопшто не одржува повеќе концерти. Сепак, продолжил да снима музика во студио.

На 4 декември 2022 година, џубокс-мјузиклот A Beautiful Noise: The Neil Diamond Musical, заснован на животот на Нил Дајмонд бил премиерно прикажан во театарот Broadhurst во Њујорк.

Наводи

уреди
  1. Rose, Mike (January 24, 2023). „Today's famous birthdays list for January 24, 2023 includes celebrities Neil Diamond, Aaron Neville“. Cleveland.com. Посетено на January 24, 2023.
  2. „Neil Diamond retires from touring after Parkinson's diagnosis“. BBC News. January 23, 2018. Посетено на January 24, 2018.
  3. „Neil Diamond Playlist“. The Independent (англиски). September 28, 2017. Посетено на August 18, 2022.
  4. 4,0 4,1 Празен навод (help)
  5. McMahon, Jeannette (August 17, 2012). „What's Up with Neil Diamond?“. 1233 ABC Newcastle. Посетено на April 28, 2018.
  6. Cooke, Rachel (April 8, 2006). „Another sad lament“. The Guardian. Посетено на April 28, 2018.
  7. Pukas, Anna (May 9, 2008). „NEIL DIAMOND: I'm too much of a loner“. Daily Express. London. Посетено на April 28, 2018.
  8. Saval, Malina (May 20, 2015). 'This Is Big Time,' Neil Diamond Tells a Sold-Out Crowd at Hollywood Bowl“. Variety. Посетено на April 28, 2018.
  9. Egan, Barry (October 27, 2014). „Neil Diamond in the rough“. Irish Independent. Посетено на April 28, 2018.
  10. 10,0 10,1 Празен навод (help)
  11. „Neil Diamond Performs Free Pop-Up Concert At Erasmus Hall In Brooklyn“. CBS New York. September 29, 2014. Посетено на April 7, 2022.
  12. 12,0 12,1 Jackson, Laura (2005). Neil Diamond: His Life, His Music, His Passion. ECW Press.
  13. Christopher Andersen (2006). Barbra: The Way She Is. HarperCollins. стр. 15, 41. ISBN 978-0-06-056256-4. Streisand later said that Fischer was "always alone and very peculiar … But I found him very sexy." Id. at 41.
  14. David Boyer (March 11, 2001). „NEIGHBORHOOD REPORT: FLATBUSH; Grads Hail Erasmus as It Enters a Fourth Century“. The New York Times. Посетено на August 15, 2009.
  15. „Neil Diamond“. Classic Bands. Посетено на March 15, 2017.
  16. „[Interview]“. Sunday Morning. CBS. November 5, 2008.
  17. „Neil Diamond reveals story behind 'Sweet Caroline'. CNN. October 20, 2014.
  18. Dawn, Randee (October 20, 2014). „Neil Diamond sparkles on TODAY, reveals 'Sweet Caroline' secret“. TODAY.com. Посетено на April 7, 2022.
  19. „YouTube“. Архивирано од изворникот на December 7, 2015. Посетено на August 18, 2018.
  20. Bream, Jon (2009). Neil Diamond Is Forever. MBI Publishing.
  21. „Northern Ireland fans singing Sweet Caroline“. June 17, 2015. Архивирано од изворникот на 2023-05-21. Посетено на March 15, 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди

Архивирано на 4 август 2020 г.