Александар Тишма

српски писател

Александар Тишма (16 јануари 1924, Хоргош — 15 февруари 2003, Нови Сад) - српски писател (прозаист, поет и драматург) и преведувач, член на Српската академија на науките и уметностите.

Нови Сад во времето на детството на Тишма
Зградата Матица Српска во Нови Сад

Животопис

уреди

Основното училиште и гимназијата ги завршил во Нови Сад, а во 1954 година дипломирал англиски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Белград.[1] За време на Втората светска војна се засолнил во Будимпешта.[2] Од 1945 до 1949 година работел како новинар во весниците „Слободна Војводина“ и „Борба“, а од 1949 до 1981 година бил уредник во Издавачкото претпријатие на Матица српска во Нови Сад. Исто така, од 1969 до 1973 година бил уредник на „Летописот на Матица српска“.[1] Во 1997 година работел како доцент на Универзитетот во Тибинген.[3] Тишма бил редовен член на Српската академија на науките и уметностите, како и на Академијата на уметностите во Берлин.[1]

Творештво

уреди

Александар Тишма пишувал романи, раскази, песни и драми, а се занимавал и со публицистика. Неговите дела се преведени на околу 20 јазици. Покрај со пишувањето, Тишма се занимавал и со преведување од унгарски и од германски јазик.[1]

Библиографија

уреди

Тишма е автор на следниве дела:[4] [5]

Награди и признанија

уреди

Тишма бил добитник на повеќе награди и признанија, како:[1]

Значење и влијание

уреди

Во својот роман „Истражител“, српскиот писател Драган Великиќ го споменува Александар Тишма, опишувајќи го како „соголен, директен, дрзок“ со „шеретска насмевка“, чии зборови се остри и соголени до крај.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010.
  2. Laslo Blašković, „Predgovor - Tišmina praška kuća“, во: Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010, стр. 8.
  3. Laslo Blašković, „Predgovor - Tišmina praška kuća“, во: Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010, стр. 10.
  4. Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010.
  5. Aleksandar Tišma. Škola bezbožništva. Beograd: Nolit, 1978.
  6. Dragan Velikić, Islednik, peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 242-245.