Пиј V (лат. Pius PP. V; 17 јануари 1504 - 1 мај 1572) — римски папа од 7 јануари 1566 до 1 мај 1572[1]. Тој е светец во Римокатоличката црква. Тој е познат по имплементацијата на одлуките од Тридентскиот собор, контрареформацијата и стандардизирањето на литургиите.

Pius V
Ракоположен7 јануари 1566
Службата завршила1 мај 1572
ПретходникПапа Павле IV
НаследникПапа Григориј XIII
Лични податоци
Световно имеАнтонио Микеле Гислиери
Роден17 јануари 1504
Починал1 мај 1572
Други папи наречени Пиј (појаснување)

Тој бил Домиканец. Ја поддржувал инквизицијата и бил против осовременување на црквата. Папата Павле IV го назначил на почесната функција врховен инквизитор.

На 7 јануари 1566 бил избран за папа, но бил избран 10 дена подоцна, на својот 52. роденден. За разлика од сите папи претходно коишто носеле црвена облека, тој како Доминиканец бил првиот којшто како папа продолжил да носи облека во бела боја. По него сите папаи ја задржале оваа традиција.

Со тек на време, папата Пиј V забележувајќи дека неговиот авторитет над Христијаните опаѓа, се противел на ширењето на протестантсвото меѓу Христијаните и ја започнал контрареформацијата, која ја започнал во Франција, каде што неговиот авторитет бил најголем. Тој исто така ја обвинувал англиската кралица Елизабета I за ерес, поради определбата за протетантсвото (англиканството) како религија во Англија.

Папата Пиј V умрел на 1 мај 1572 година во Рим.

Наводи

уреди