Никола Тесла (Смиљан, Лика, 10 јули 1856Њујорк, 7 јануари 1943) — српски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат е како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци.

Никола Тесла
Ги скротив космичките зраци и
ги натерав да придвижат машина
[1]
Роден(а)10 јули 1856
Смиљан, Австриска Империја
Починал(а)7 јануари 1943(1943-01-07) (возр. 86)
САД Њујорк, Њујорк, Соединети Држави
ЖивеалиштеАвстрија (подоцна Австроунгарија)
Франција
САД
Полињафизика, машинско инженерство и електрична енергија
Познат понаизменична струја, асинхрона машина, вртечко магнетно поле, безжична технологија
Поважни наградиЕдисонов медал (АИЕИ, 1916),
Златен медал на Елиот Кресон (1893),
Медал на Џон Скот (1934)
Потпис
Меморијален центар во Госпиќ

Биографија

уреди

Никола Тесла е роден како етнички Србин во селото Смиљан, во рамките на Воената граница, во Австриската империја[2][3]. Неговиот татко, Милутин Тесла (1819–1879),[4] бил свештеник на Источната православна црква[5].

Подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.

По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник[6].

Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура,[7] но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник[8][9]. Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.

Единицата во системот SI за густина на магнетен тек или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле и обележана со ознака  ), во негова чест е наречена Тесла на Conférence Générale des Poids et Mesures во Париз во 1960 година.

Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, јадрената и теориската физика. Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век"[10] и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет."[11]

Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.

Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.

Галерија

уреди
Опит кој прикажува Теслин трансформатор во изведба на проф. Оливер Зајков. Институт за физика, ПМФ, Скопје

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Никола Тесла; Бруклин Игл, 10 јули 1931
  2. Cheney, Uth & Glenn 1999.
  3. O'Neill 2007.
  4. Carlson 2013.
  5. Dommermuth-Costa 1994.
  6. Конгрес српског уједињења - текстот е на англиски.
  7. Скротувајќи го тркалото на природата: Теслината наука за енергијата од Томас Валон.
  8. Дејвид Хачер Чајлдрес, „Документите на Тесла: Никола Тесла за слободната енергија и безжичниот пренос на струја“. Adventures Unlimited Press, 2000.
  9. Роберт Ломас, "Есеј," Блесокот на Генијот. Independent Magazine, 21 август 1999.
  10. Наслов на биографијата од Роберт Ломас за Тесла.
  11. Зајфер, "Волшебник: Животот и времето на Никола Тесла," кратка содржина на делото.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: