Кожуф

планина во Македонија и Грција

Кожуф (грчки: Τζένα, Ѕена) — планина која се наоѓа на границата помеѓу Р Македонија и Егејска Македонија, денес во Грција. Највисок врв на Кожуф е врвот Зелен Брег висок 2.171 метар.

Кожуф
Поглед кон планината
Највисока точка
Надм. вис.2166 м
Матичен врвЗелен Брег
Координати41°15′39″N 22°16′21″E / 41.26083° СГШ; 22.27250° ИГД / 41.26083; 22.27250
Географија
Кожуф на карта

Карта

Место Македонија
 Грција
Матичен венецКожуф

Местоположба и правец на протегање

уреди
 
Глетка од планината Кожуф

Планината Кожуф зафаќа површина од 893 км2[1]. Се протега на територијата на две држави: (Република Македонија и Република Грција), при што во границите на Република Македонија, Кожуф опфаќа територија од 80 проценти а останатите 20 проценти се во територијата на Република Грција. Кругот на територијата на планината Кожуф започнува од најсеверната точка-вливот на реката Бошавица во реката Вардар кај Демир Капија. Границата оди по течението на реката Вардар а од десната страна е најимпозантниот дел-кањонот на Демиркаписката Клисура. Ја преминува државната граница на Република Македонија и во близина на селото Љумница (850 м.н.в) на територија на Република Грција продолжува на запад одвојувајки ја планината Пајак, северните страни на Мегленската долина, доаѓа до седлото Пуљевец (1165 м.н.в) и продолжува кон Мрежичко. Тука е границата со Козјак планина. Од Мрежичко преку Мушов Гроб (1019 м.н.в) ја зафаќа северната страна на висорамнината Витачево, доаѓа до реката Бошавица.

Кожуф се протега во правец југозапад-североисток и има заоблено и нерасчленето планинско било[1]. Поточно, планината Кожуф има две главни била како продолженија на Ниџе преку Козјак и тоа во два правца, југозапад и североисток. Од Пуљевец (1165 м.н.в) доаѓа до седлото Орлов вис (1627 м.н.в) преку врвот Коњска глава (1836 м.н.в) доаѓа до третиот по височина врв Дудица (2132 м.н.в). Отука главното било продолжува кон седлото Порта (1845 м.н.в), доаѓајки до највисокиот врв на Кожуф - Зелен Брег (2171 м.н.в) потоа се спушта до седлото Марково Езеро (2035 м.н.в) за да искачи до Морето или К-92 (2102 м.н.в.), па преку Мала Рупа (2004 м.н.в) и преку Сува Рупа (1960 м.н.в) да дојде до селото Љумница.

Врвови

уреди
 
Врвот Чичи Каја фотографиран од месноста Смрдлива Вода

Планината Кожуф има осум двеилјадни врвови и тоа :

  • Зелен Брег (2.166 м)
  • Пиново (2.156 м) во Грција
  • Дудица (2.132 м)
  • Порта (2.112 м)
  • Морето или К-92 (2.102 м)
  • Ѕена (2.065 м) во Грција
  • Марково Езеро (2.035 м)
  • Мала Рупа (2.004 м)

Природни одлики, растителен и животински свет

уреди

Кожуф изобилува со огромен воден потенцијал од која извираат многубројни реки. За планинарите и љубители на планината реката Дошница е една од најубавите и најчисти реки во Македонија. Од изворот под Зелен Брег до вливот во Вардар нема никаков индустриски објект кој ја загадува. Таа е најчистата река во која опстојуват пастрмката, кленот, ракот и други. На Кожуф сè уште опстојува рисот како редок и заштитен вид. За жал од страна на криволовците веќе 2-3 децении го нема еленот, а одвреме навреме се појавува мечката која во потрага по помирни места мигрира од планини во Грција и Македонија кон Кожуф. Растителниот свет е богат со најразновидни видови, но најатрактивни се лековитите билки и дрвото (Arbutus andrachne) или во народот познат како „гол човек“, кој е заштитен со закон. „Гол човек“ е ендемски вид зимзелено дрво чија кора е со црвена боја и лушпеста, а која се менува двапати годишно. Таа е нежна како човечката кожа и оттаму потекнува народното име на дрвото.[2]

На надморска височина од 850 метри се наоѓа месноста Смрдлива Вода, познат по изворот на минерална вода со специфичен мирис и со лековити својства, кои се користат за лекување на заболувања на желудникот и на бубрезите.[2]

Туризам

уреди

Денес, на површина од 2.000 хектари, на Кожуф се наоѓа скијачки центар чија изградба започнала во 2001 година. Центарот е најсовремено опремен и располага со два ски-лифта, со сместивост на носење по 3.000 скијачи за еден час до врвот на жичарницата, еден шестосед (единствен од таков тип на Балканот), ресторан, бачило, 16 апартмани и скијачки патеки во должина од 16 км. Овој центар располага и со опрема за вештачки снег. Во далечната 1953 година, на иницијатива на Даре Џамбаз и Планинарскиот сојуз на Македонија, со група млади ентузијасти бил изграден домот на Висока чука (на 1.100 м.н.в). Долги години, домот бил место на средби на планинари и љубители на планината, но подоцна тој бил запуштен и неупотреблив. На падините на Кожуф се наоѓа селото Конопиште коешто било единствена општина во Македонија чие седиште се наоѓа на планината Кожуф. На највисоките делови на планината се развиени изворишните челенки на реките: Дошница, Бошава, Блаштица и др.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Андоновски, Томе (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. стр. 707.
  2. 2,0 2,1 Александар Матески, „Кожуф“, Економија и бизнис, година 18, број 214, април 2016, стр. 104-105.
  3. А. Стојмилов, Физичка географија на Р Македонија, ПМФ, Скопје, 2003.

Надворешни врски

уреди