Марсел Шмелцер (роден на 22 јануари 1988) — германски фудбалер, играч од одбраната на Борусија Дортмунд.

Германија Марсел Шмелцер
Лични податоци
Роден на 22 јануари 1988(1988-01-22)(36 г.)
Роден во Магдебург, Германија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Број 29
Младинска кариера
Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008- Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 242 (2)
Репрезентација
2010-2014 Германија Германија 16 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Клупска кариера

уреди

Шмелцер е роден во Магдебург. Својата професионална кариера ја започнал во Борусија Дортмунд, каде што го направил своето прво појавување на 9 август 2008 година, во натпревар од првото коло на Купот на Германија против Рот-Вајс Есен. Дебито во Бундеслигата го имал недела дена подоцна, играјќи во последните дваесет минути од победата со 3-2 над Баер Леверкузен. Својата најдобра сезона во кариерата Шмелцер ја имал во текот на кампањата 2010-2011, во која успеал да ги одигра сите минути за клубот во првенството, помагајќи им на милионерите да ја освојат титулата во Бундеслигата.

Следната сезона, Шмелцер, го пропуштил почетокот на Бундеслигата поради повреда. На крајот, тој освоил уште еден трофеј откако Дортмунд успеал да го одбрани насловот во Бундеслигата. Покрај тоа Шмелцер исто така и помогнал на Борусија да го освои и Купот на Германија со победа од 5-2 над Баерн Минхен во финалето, што за него значело 3 титули за 2 години во клубот.

Пред почетокот на сезоната 2016-2017, Шмелцер станал капитен на Борусија Дортмунд по заминувањето на Матс Хумелс.

Репрезентативна кариера

уреди

Своето деби за сениорската репрезентација на Германија, Шмелцер го направил на 17 ноември 2010 во пријателски натпревар против Шведска што завршил без голови 0-0.

Титули

уреди

  Борусија Дортмунд

уреди

Надворешни врски

уреди