Коко Шанел
Габриел Бонер Коко Шанел (француски: Gabrielle Bonheur „Coco“ Chanel) (19 август 1883 – 10 јануари 1971 - француски моден творец, основач на познатата марка „Шанел“.[1]
Коко Шанел Coco Chanel | |
---|---|
Роден(а) | Габриел Бонер Шанел Gabrielle Bonheur "Coco" Chanel |
Образование | Католички манастир во Обазин |
Занимање | дизајнер |
Награди | Neiman Marcus Fashion Award Нејман Маркус награда за мода, 1957 |
Ран живот
уредиШанел беше родена на 19 август 1883 година во малото гратче Самур во Франција. Таа беше втората ќерка на Алберт Шанел и Жан Девол, сопственик на тезга на пазарот и перачка поточно во периодот од раѓањето на Коко. Нејзиното раѓање беше потврдено наредниот ден од вработените во болницата во која што таа се роди. Тие беа неписмени и не можеа да го потврдат правилното спелување на презимето и беше запишано од страна на мајорот Франсоа Питоа како Chasnel. Ова погрешно спелување го направи следењето на нејзините корени речоси невозможно за оние што ја писуваа биографијата кога Шанел се искачи највискоко. Нејзините родители се венчале 1883. Таа имаше 5 браќа ии сестри две сестри Џули (1882-1913) и Антоанет (родена 1887) и три браќа Алфонсе (роден 1885) Лусиен (роден 1889) и Агустин (роден и починат 1891) Во 1895 година, кога таа имаше 12 години, нејзината мајка почина од туберкулоза и нејзиниот татко го напушти семејството. Поради ова, малата Шанел помина шест години во сиропиталиште Во Римокатоличката црква во Абазин, каде што го научила занаетот за шивачка. Годишните училишни одмори ги поминувала со роднините во главниот град на провинцијата, каде жените ја научиле Коко да шие толку убаво дури поубаво и од монахињите во манастирот. Кога Коко Наполни 18, таа го напушти сиропиталиштето , и амбициозното младо девојче замина во градот Мулен за да стане кабаре пејачка. За ова време, Шанел настапуваше во клубови во Виши и Мулен каде што ја нарекуваа Коко . Некои велат дека името и доаѓа од некоја песна што ја пеела , а Шанел велела дека е скратено од cocotte, францускиот збор за тепсија, според натписот во Атлантик.
Приватен живот и влезот во модата
уредиКога таа не успеја да најде постојана работа како пејачка, тогаш во ёмулен го сретна младиот и богат Француз текстил наследник Етјен Балсан, на кого подоцна му стана призната љубовница, задржувајќи ја нејзината дневна работа во кројачницата. Балсан дарежливо ја опсипуваше со убавините на богатиот живот дијаманти, фустани и бисери. ( забелешка дека во франција, љубовниците биле признаени меѓу богатите со векови, иако членови на некое занимање, како Шанел биле потценувани како над-класа проститутки.) Додека живеела со Балсан, Шанел почнала да дизајнира шапки како хоби , што подоцна се покажало како подлабок интерес за неа. По отворањето на очите- како што велеше таа, Коко го напушти Балсан и му го зема апартманот во Париз.
Во 1909 година шанел го сретна и запошна афера со еден од пријателите на Балсан, Капетан Артур Едвард Бој Капел.
Капел ја финансираше првата продавница на Шанел и неговиот стил на облекување, поточно неговите дрес блејзери инспирирани од погледот Шанел. Двојката поминуваше време заедно во елитните летувалишта како што е Довил, но тој никогаш не и остана верен на Шанел.
Аферата траеше 9 години, но дури и кога Капел се ожени со убава англиска аристократка во 1918, тој не се раздели од Шанел. Неговата смрт во автомобилска несреќа, кон крајот на 1919, беше најуништувачкиот момент во животот на Шанел.
Според локален извештај меморијалот одржан на патот каде што се случила несреќата бил одржан од страна на Шанел, која со години го посетуваше местото и положуваше цвеќе.
Шанел стана лиценциран кројач ( шапкар) во 1910 година и отвори бутик на 21 улица Камбон, Париз наречен Chanel Modes . Шивачката кариера на Шанел одденднаш напредува брзо кога глумицата од театар Габриел Доризат ги носи моделираните шапки во Нозиервата претстава Bel Ami во 1912 (Подоцна, Доризат ги носи повтроно нејзините шапки во Les Modes). Во 1913, таа оформува бутик во Довил каде што ја претствавува нејзинта луксузна кежуал облека која беше погодна за ретворба и спорт. Шанел ја лансира својата кариера како моден творец кога го отвора нејзиниот следен бутик, Наречен Chanel-Biarritz, во 1915 година кој се грижи за богатата Шпанска клиентела кои летуваат во Biarritz кои не беа под влијание од војната. Модерно како Довил, Шанел создава општена кежуал облека направена од жерсе, материјал типичен за машката долна облека. До 1919, Шанел беше регистрирана како шивачка и основа своја модна куќа на 31 улица Камбон.
Подоцна во животот таа измисли и разви лажна историја за скромните почетоци. Шанел цврстоке тврди дека кога нејзината мајка починала нејзинито татко испловил во Америка за да се збогати а таа била испратена да живее кај своите две неомажени тетки со ладно срце. Таа дури и тврдеше дека е родена 1893 наспроти 1883, и дека мајка и починала кога имала 2 место 12 години.
Во 1920, таа беше претставена на светски познатиот композитор Игор Стравински (кој ја компонираше Пролетен Обред) од страна на балетскиот импресарио Сергеј Диачлиев, на кого таа му понуди да остане тој со неговото семејство кај неа. За време на оваа соживување се озборуваше дека тие имале афера.
Коко излегуваше со едни од најпознатите мажи на тоа време, но никогаш не се омажи. Причината може а се види во одговорот, кога ја запрашаа зошто не се омажила за Војводата од Вестминистер Имаа неколку Војводи од Вестминистер. Има само една Шанел.
Подоцнежни години
уредиВо 1925 година, Вера Бате Ломбарди, родена како Сара Гертруда Аркврајт, наводно вонбрачна ќерка на Маркизот од Кембриџ, стана муза на Шанел, и исто така нејзин партнер во бројни европски кралски семејства. Шанел го основа Англискиот изглед ( English look), заснован на личниот стил на Ломбарди. Ломбарди исто така ја имаше највисоката можна социјална поврзаност. Таа ја запозна Шанел со нејзиниот чичко, Војводата од Вестминистер, со нејзиниот братучед Војводата од Виндзор и со многу други аристократски семејства.
Во 1939 година, на почетокот на Втората светска војна, Шанели ги затвори своите продавници. Веруваше дека не е време за мода. Живееше во хотелот „Риц“ во Париз постојано повеќе од 30 години, правејќи го хотелот нејзин париски дом дури и за време на германската окупација.[2] За тоа време, таа беше обвинувана за аферата со Ханс Гантер вод Динклиџ германски офицер и нацистички шпион кој среди таа да остане во хотелот. Таа, исто така, одржуваше еден апартман над нејзината модна куќа на 31 улица Камбон и ја изгради „Villa La Pausa“ на Француската Ривиера.
Во 1943 година, по четири години на професионалана пауза, Шанел ја контактира Ломбарди, која живееше во Рим. Таа ја покани Ломбарди да дојде во Париз и да ја обноват нивната работа. Ова беше всушност завера на Операцијата Моделхут, обид на Нацистот веле шпион Валтер Шеленберг да направи таен контакт со роднината на Ломбарди Винстон Черчил. Кога Ломбарди ја одби понудата, беше уапсена како британски шпион од страна на Гестапо. Шанел подоцна беше обинета како соработник, но го избегна судењето поради интервенција на британското кралско семејство.
Шанел беше блиска пријателка со Валтер Шеленберг до крајот на неговиот живот. Кога тој почина од рак во Торино, Шанел плати за неговиот погреб.[3]
Некои твдрења сугерираат дека Коко Шанел била блиска со уште еден нацист, Валтер Кутчман. Валтер Кутчман кој е одговорен за убиства на илјадници Полски евреи во почетокот на Вторта светска војна , беше преместен во Франција 1943 каде што стана Париски СС контакт на Шанел. Кутчман правеше чести патувања до Шпанија со Шанел го големи суми на пари разменувајќи меѓу нив.
Во 1945 година, таа се пресели во Швајцарија, конечно да се врати во Париз 1954 година, истата година таа се врати во модниот свет. Нејзината нова колекцја немаше голем успех со Паризјаните поради нејзината врска со нацистите. Како и да е, беше многу популарна кај Британците и Американците, кои станаа нејзини верни потрошувачи. Коко Шанел беше една од најголемите и највлијателни модни творци во историјата.
Филмски претстави
уредиChanel Solitaire (1981), режирана од Џорџ Кацендер и настапуваат Мари – Франс Писиер, Тимоти Далтон и Рутгер Хауер.
Американскиот телевизиски филм Coco Chanel го имаше своето деби на 13 септември 2008 на Лајфтајм телевизија, со настам на Ширли Меклејн како 70 годишната Шанел. Режиран од Кристијан Дугај, во филмот исто настапија и барбара Бобулова како младата Шанел, Оливер Ситрук како Бој Капел и Малком Мекдауел. Филмот може да се види како преработена историја За Шанел Компанијата, како го прикажува љубовничкиот живот на Коко како љубовна приказна, изоставајќи ја соработката со нацистите и нејзината поврзаност со кралството за да се избегне судење. Филмот исто така ја изостави и можната поврзаност помеѓу неа и Мата Хари, (познатата шпионка од Првата Светска Војна која што исто така беше танчерка и куртизана за богатите). Како и да е , било и каква споредба со Мата Хари денеска може да се види позитивно откако Гестапо кажаа дека работела за Британците.
Исто така има и филм каде настапува Одри Тату како младата Коко, наречен Coco avant Chanel ( Коко пред Шанел), којшто излзе на 22 април 2009. Снимањето на проектот започна на 15 септември 2008. Одри Тату е новата потпаролка на Шанел.
Друг филм што ја обработува аферата помеѓу Шанел и композиторот Игор Стравински. Избран да го затвори Канскиот филмски фестивал за 2009, Coco Chanel & Igor Stravinsky е режиран од Јан Кунен и настапуваат Ана Муглаис и Медс Микелсен. Филмот е заснован на новелата од 2002 Coco & Igor од Крис Гринлах.
Уште два проекта се зборува дека се работат еден режиран од Даниел Томпсон.
Бродвеј Продукција Коко
уредиШанел беше портретирана од кетрин Хепберн на Бродвеј во мјузикалот Coco, од 1969 година, со музика на Андре Превин, текст и книга на Алан џеј Лернер, музички аранжман на Роберт Емет Дувал, музичка изведба на Херши Кеј и танцувачки аранжман на Харолд Вилер.
Литературни претстави
уредиCoco & Igor е новела напишана од Крис Гринхалх која ја опишува аферата помеѓу Шанел и Игор Стравински и креативните достигнувања инспирирани од таа афера. Новелата беше издадена во 2003.
Во 2008 година беше издадена детската книга насловена Different like Coco (Различен како Коко). Таа го опишува скромното детсвто на Коко Шанел и хронизира како таа направила драстични промени во модната индустрија.
The Gospel According to Coco Chanel: Life Lessons from the World's Most Elegant Woman ( Госпел според Коко Шанел Животни лекции од најелегантната жена во светот) новела напишана од Карен Карбо. Изадена во 2009, ги хронизира скромните почетоци и легендарните достигнувања на Коко Шанел додека овозможува увид и совети за се од прифаќајќи го моментот до живењее според свои услови.
Наводи
уреди- ↑ Editors, Biography com. „Coco Chanel“. Biography (англиски). Посетено на 2022-01-31.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ „Шанел отана во „Риц“ 30 години, Боб Дилан создаваше песни во Челзи“, Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 23.
- ↑ Vaughan, Hal (2011). Sleeping with the Enemy: Coco Chanel's Secret War. New York: Knopf. стр. 160–64. ISBN 978-0307592637.