Нагорно-Карабах
Горен Карабах или Нагорно-Карабах, (ерменски: Լեռնային Ղարաբաղ Հանրապետություն, Lernayin Gharabaghi Hanrapetut’yun) (руски: Нагорный Карабах) познат и како Република Арцах - поранешна де факто независна република во Јужниот Кавказ, официјално дел од Република Азербејџан, околу 270 км западно од азербејџанскиот главен град Баку, и многу блиска до границата со Ерменија. Поради Азербејџанската Офанзива, Нагорно-Карабах официјално прекинува да постои на 01.01.2024 со потпишувањето на указот од страна на претседателот на Нагорно-Карабах. [1][2]
Нагорно-Карабах |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Слободен и независен Арцах“ |
||||||
територии контролирани од Нагорно-Карабах (темнозелена) територии контролирани од Азербејџан (светлозелена) |
||||||
Главен град (и најголем) | Степанакерт 39°52′N 46°43′E / 39.867° СГШ; 46.717° ИГД | |||||
Службен јазик | ерменски, руски | |||||
Народности | над 99,7% Ерменци
0,2% Руси 0,1% други |
|||||
Уредување | унитарна претседателска република | |||||
• | Претседател | Самвел Шахраманајан | ||||
• | Државен министер | Артур Харутјуњан | ||||
Независност | од Азербејџан | |||||
• | Референдум | 10 декември 1991 | ||||
• | Прогласена | 6 јануари 1992 | ||||
• | Признавање | непризната | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 4,400 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за март 2021 г. | 120,000 | ||||
• | Попис 2015 | 150,932 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за г. | |||||
• | Вкупен | 713 млн. долари | ||||
• | По жител | 4,803 долари | ||||
Валута | Арцахски драм,
Ерменски драм (AMD ) |
|||||
Часовен појас | AMT (UTC+4) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .am | |||||
Повик. бр. | +374 47 |
Потекло на поимот
уредиРегионот е познат по повеќе имиња: рускиот назив е Нагорни Карабах и тој потекнува од советскиот период ("нагорни" означува висок или планински на руски), ерменскиот назив е Арцах (историска област што приближно соодветствува со денешниот регион), додека пак азербејџанскиот назив е Карабах (кој означува Црна градина, од турското кара = црна и персиското бах = градина).
Историја
уредиВо 1923, Советскиот Сојуз го инкорпорирал регионот кој е претежно населен со Ерменци во Азербејџанската ССР и го именувал како Нагорнокарабашка Автономна Област (НКАО). На 10 декември 1991, како што Советскиот Сојуз се распаѓал, во НКАО и во соседниот округ Шахумијан бил одржан референдум на кој била прогласена независност од Азербејџан како Нагорнокарабашка Република (НКР), која не е призната од ниту една меѓународна организација или држава, вклучувајќи ја и Ерменија.
Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах. По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Карабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори со посредство на ОБСЕ Групата Минск.
Население, јазик и религија
уредиНаселение
уредиВо Нагорно-Карабах живеат околу 120,000 жители од кои околу 99,7% се Ерменци. Околу 0,2% се Руси и околу 0,1% други.
Јазик
уредиПоради тоа што регионот е претежно населен со Ерменци, во Нагорно-Карабах воглавно се говори ерменски. Официјални јазици се ерменски и руски. Азербејџанскиот пак, ретко се зборува.
Религија
уредиПопулацијата на Нагорно-Карабах главно има христијанска вера (околу 94,18% од населението). Околу 0,37% се Методисти, додека пак 0,23% се Јеховни Сведоци. Остатокот главно се без религија. Околу 94,5% се застапници на ерменската православна црква, додека пак 0,13% се застапници на руската православна црква во Нагорно-Карабах.
Наводи
уреди- ↑ „https://www.leprogres.fr/“. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ „https://www.msn.com“. Надворешна врска во
|title=
(help)