Михаил Мишустин
Михаил Владимирович Мишустин (на руски: Михаил Владимирович Мишустин; 3 март 1966 во Лобња) — руски политичар и економист. Од јануари 2020 година е премиер на Русија.
Пред заземањето на премиерската функција, од 2010 година бил директор на Федералната служба за оданочување. Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин го номинирал Мишустин за претседател на Владата на Руската Федерација на 15 јануари 2020 година, по оставката на Димитриј Медведев.[1] Сослушувањата за неговото назначување се одржале во Државната дума на 16 јануари, и истиот ден бил назначен на функцијата.[2]
Од април до мај 2020 година, премиерската функција на Мишустин како вршител на должност ја презел неговиот заменик Андреј Белоусов откако Мишустин објавил дека е позитивен на COVID-19.[3]
Оваа биографска статија за личност од Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ „Путин предложил главе ФНС Михаилу Мишустину пост премьера“. Архивирано од изворникот 15 January 2020. Посетено на 15 January 2020.
- ↑ Litvinova, Daria (16 January 2020). „Russia's new PM a career bureaucrat with no political aims“. Associated Press. Архивирано од изворникот 16 January 2020. Посетено на 16 January 2020.
- ↑ „Russian Prime Minister tests positive for Covid-19“. CNN. 30 April 2020. Посетено на 4 May 2020.
Надворешни врски
уреди„Михаил Мишустин“ на Ризницата ? |
Владини функции | ||
---|---|---|
Претходник Михаил Мокрецов |
Директор на Федералната служба за оданочување 2010–2020 |
Наследник Даниил Егоров |
Политички функции | ||
Претходник Димитриј Медведев |
Премиер на Русија 2020–сè уште |
На должноста |