Зоран Маџиров (14 јануари 1968 во Струмица - 9 мај 2017 во Скопје) — македонски музичар.

Зоран Маџиров
Зоран Маџиров
Животописни податоци
Родено имеЗоран Маџиров
Занимањакомпозитор
Период на активност1982–2017
СоработнициLes Barons Karamazoff
Мреж. местоTheBottleMan.com

Зоран Маџиров пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute.

Го револуционаризирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото Les Barons Karamazoff настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти. На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал.

За Музичката и касетна продукција при Македонска радио-телевизија кон крајот на 2000 година го објавува својот прв домашен компакт диск Home[1].

Наводи

уреди
  1. „www.mmm.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2021-10-08. Посетено на 2010-12-02.