Отвори го главното мени

Робсон де Соуза (португалски: Robson de Souza), роден на 25 јануари 1984 во Сао Висенте) познат како Робињо е бразилски фудбалер, напаѓач на Истанбул Башакшехир и поранешен репрезентативец на Бразил.

Робињо
Robinho061115-2.jpg
Лични податоци
Полно име Робсон де Соуза
Роден на 25 јануари 1984 (1984-01-25) (35 г.)
Роден во Сао Висенте, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Истанбул Башакшехир Истанбул Башакшехир
Број 70
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2005 Сантос Сантос 111 (46)
2005–2008 Реал Мадрид Реал Мадрид 101 (25)
2008–2010 Манчестер Сити Манчестер Сити 41 (14)
2010Сантос Сантос 2 (0)
2010–2015 Милан Милан 108 (25)
2014–2015Сантос Сантос 20 (6)
2015 Гвангжу Евергранде Гван. Евергранде 10 (3)
2016–2017 Атлетико Минеиро Атлетико Минеиро 60 (19)
2018 Сиваспор Сиваспор 30 (12)
2019- Истанбул Башакшехир Истанбул Башакшехир 8 (2)
Репрезентација
2004 Бразил Бразил 23 8 (3)
2003–2017 Бразил Бразил 100 (28[1])
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Својата кариера ја започнал во 2002 година во екипата на Сантос од Бразил, кога имал 17 години. Во 2005 година потпишал за Реал Мадрид, за сума од € 24 милиона. Во тимот на Реал одиграл 101 натпревари и постигнал 25 голови. Во 2008 година потпишал за Манчестер Сити за сума од € 42,5 млн. евро и плата од £ 160.000 неделно. Во Манчестер останал до 2010 година, кога преминал во редовите на Милан. После Милан играл уште и за Сантос (на заем од Милан една сезона), за Гвангжу Евергранде од Кина, за Атлеико Минеиро во неговиот роден Бразил, како и за турските клубови Сиваспор и Истанбул Башакшехир, каде настапува и денес.

За бразилската репрезентација има одиграно точно 100 натпревари и постигнал 28 голови. Својот последен натпревар за кариоките го одиграл на 25 јануари 2017 против Колумбија.

НаводиУреди

  1. „Brazil – Record International Players“. Rsssf.com. конс. 3 May 2010.