Франкфурт на Мајна
Франкфурт на Мајна или само Франкфурт (германски: Frankfurt am Main) — најголемиот град во германската покраина Хесен и петти по големина во Германија, со 672.000 жители. Во урбаното подрачје се проценува дека има 2.295.000 жители во 2010 година[2]. Градот е во центарот на големото метрополско подрачје Франкфурт/Рајна – Мајна, кој има 5.600.000 жители[3] и е вторa најголема метрополитенска германска област.
Франкфурт на Мајна | ||
Хоризонт на Франкфурт на Мајна | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Хесен | |
Адм. подрач. | Дармштат | |
Округ | Урбан округ | |
Град единици | 16 окрузи (Ortsbezirke) 46 квартови (Stadtteile) | |
Градоначалник | Петер Фелдманн (CПД) | |
Владејачки партии | ДХС / Зелените | |
Основни податоци | ||
Површина | 248,31 км2 | |
Надм. височина | 112 м | |
Население | 773.068 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 3.113 жит/км2 | |
- Градско | 2.295.000 | |
- Метроп. | 5.600.000 (12/2006) | |
Основано | I век | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | F | |
Пошт. бр. | 60001-60599, 65901-65936 | |
Повик. бр. | 069, 06109, 06101 | |
Портал | www.frankfurt.de | |
Местоположба на град Франкфурт на Мајна во рамките на Hesse | ||
Координати | 50°6′37″N 8°40′56″E / 50.11028° СГШ; 8.68222° ИГД |
Градот е расположен на стариот брег на реката Мајна, германски збор за тоа е „Furt”. Тоа е дел од поранешната Франконија, а жителите беа раните Франки. Така, името на градот го открива своето наследство како „брег на Франките“[4].
Сместен на реката Мајна, Франкфурт е финансиски и транспортен центар во Германија и најголем финансиски центар во континентална Европа. Тој е седиште на Европската централна банка, Германската сојузна банка, Франкфуртската берза и на Франкфуртскиот саем, како и седиште на уште неколку големи комерцијални банки. Аеродромот во Франкфурт е еден од светските најпрометни меѓународни аеродроми, Централната железничка станица во Франкфурт е една од најголемите крајни станици во Европа и Франкфуртскиот Кројц (Autobahn крстосница) — најупотребуваната крстосница во Европа. Франкфурт е единствениот град во Германија кој е на списокот на десетте Алфа светски градови[5]. Франкфурт се наоѓа во поранешната Американска окупациона зона во Германија и тој порано беше седиште на американската армија во Германија.
Франкфурт се смета за алфа светски град[6], запишан во списокот во 2008 година од страна на групацијата на Лофборскиот универзитет[7] и е рангиран на 21 место од сите глобални градови во поглед на надворешната политика од страна на Индексот на глобалните градови во 2008[8] и претставува меѓународен центар за трговија, финансии, култура, сообраќај, образование и туризам. Според анкетата во врска со трошоците за живот на трговецот, Франкфурт е втор најскап град во Германија, а 48-ми во целиот свет[9]. Франкфурт, исто така, се вбројува во топ десетте најубави градови за живот во светот, според консултантската агенција за човечките ресурси Мерсер[10].
Меѓу говорниците на англиски јазик, градот е познат едноставно само како Франкфурт, иако повремено Германците го нарекуваат со полното негово име за да го разликуваат од другиот Франкфурт (значително помал) во областа Бранденбург, Франкфурт на Одра.
40% од населението на Франкфурт, и 65% на оние на возраст под пет години се со имигрантско потекло[11].
Краток преглед
уредиФранкфурт е финансиски центар на Германија со векови и е дом на бројни големи банки и брокерски куќи. Трите столба на економијата во Франкфурт се финансиите, сообраќајот и трговијата. Берзата во Франкфурт веќе долго е најголема во Германија и е една од најзначајните во светот. Франкфурт е исто така седиште на Европската централна банка, која ја поставува монетарната политика за економијата во Еврозоната, како и на Германската сојузна банка. Повеќе од 300 домашни и меѓународни банки се претставени во Франкфурт, вклучувајќи ги и седиштата на најголемите германски банки.
Франкфурт има одлична сообраќајна инфраструктура, а меѓународниот аеродром на Франкфурт е најголемиот европски воздухопловен центар. Неговата централна местоположба во срцето на Европа и одличната пристапност по воздушен, железнички и патен пат го прават аеродромот навистина привлечен.
Исто така, во Франкфурт се одржуваа многу големи саеми секоја година, особено познати се Меѓународната изложба на автомобили, најголемото светско моторно шоу, Саемот на книга во Франкфурт, најголемиот светски саем на книгата и најголемиот светски музички саем.
Франкфурт е исто така дом на многу културни и образовни институции, вклучувајќи го Универзитетот Јохан Волфганг Гете, многу музеи, и две големи ботанички градини, Градината на палмите и Ботаничката градина на Универзитетот Јохан Волфганг Гете во Франкфурт на Мајна.
Франкфурт е еден од трите града во Европската Унија, кои имаат значаен број на облакодери. Со 12 облакодери (т.е. згради повисоки од 150 метри) во доцната 2010, Франкфурт е втор веднаш по Париз со 14 облакодери, и пред Лондон со 10 облакодери. Градот Франкфурт содржи два најголеми облакодери во Европската Унија, кулата Комерцбанк и кулата Месе, со што се рангираат на третото и четвртото место веднаш по Кулата Набережнаја и Триумфалната палата во Москва.
Историја
уредиВо областа на Ремер, каде биле воспоставено римски колонии, веројатно во I век, а некои артефакти од тоа време се наоѓаат дури денес. Градското подрачје Бонамес го добило името веројатно уште во римскиот период - се смета дека е изведено од bona me(n)sa. Нида (Хедернхајм), исто така бил град на Римјаните.
Името на Франкфурт на Мајна потекнува од Franconofurd од германските племиња на Франките; Furt (англиски Ford) каде реката беше доволно плитка за да се помине преку неа. Алеманите и Франките живееле овде и од 794 год Карло Велики претседавал со царското Собрание и црковниот Синод, кога за првпат е споменат Franconofurd.
Франкфурт бил еден од најважните градови во натамошното Свето Римско Царство. Од 855 година, германските кралеви и цареви биле избирани во Франкфурт и крунисани во Ахен. Од 1562 година, кралевите/царевите, исто така биле крунисувани во Франкфурт, Максимилијан II бил првиот. Оваа традиција завршила во 1792 година, кога бил избран Франц Втори. Крунисувањето било намерно одржано на Денот на Бастилја, 14 јули, годишнината од освојувањето на Бастилја. Изборите и крунисувањата се одржувале во Катедралата на Св. Вартоломеј, позната како Kaiserdom (Катедралата на царот) или во претходниците.
Frankfurter Messe (Франкфуртскиот саем) за првпат бил спомнат во 1150 година. Во 1240 година, царот Фридрих Втори им додели царска привилегија на неговите посетители, што значи дека тие ќе бидат заштитени од страна на Царството. Саемот станал особено важен, откако за сличните саеми во француските комуни се изгубило интерес во 1380 година. Саемот на книгата се одржува во Франкфурт уште од 1478 година.
Во 1372, Франкфурт стана Reichsstadt (Царски град), односно директно потчинет на Светиот римски цар, а не на некој регионален владетел или пак локален благородник.
Франкфурт успеа да остане неутрален за време на Триесетгодишната војна, но градот патеше од бубонската чума, која ја донесоа бегалците. По завршувањето на војната, Франкфурт си го поврати богатството.
Во Наполеоновите војни Франкфурт бил окупиран и неколкупати бомбардиран од француската војска. И покрај тоа, и понатаму остана слободен град сè до целосниот колапс на Светото Римско Царство во 1805/6. Во 1806 година, станал дел од кнежевството Ашафенбург на чело со Fürstprimas (Архиепископот), Карл Теодор Антон Марија фон Далберг. Ова исто така значело дека Франкфурт бил припоен кон Рајнскиот Сојуз. Во 1810 година Далберг ја доби титулата Големиот војвода на Франкфурт. Наполеон сакал својот посвоен син Евгениј де Бохарн, веќе Принц на Венеција, да го направи Голем војвода на Франкфурт по смртта на Далберг (бидејќи второспоментиот како католички епископ нема легитимен наследник). Големото војводство траело краток период од 1810 до 1813 година, откако воениот тек на настани се свртел во корист на англо-пруските водечки сојузници, кои ја отфрлиле наполеонската доминантност во Средна Европа. Далберг се повлекол во корист на Евгениј де Бохарн, што секако било само симболична акција, бидејќи второспоменатиот всушност никогаш не владеел по уништувањето на француските армии и кога Франкфурт им припаднал на сојузниците.
По последниот пораз и абдикацијата на Наполеон, Виенскиот конгрес (1814-1815, прецртување на картата на Европа) го распушти Големото војводство и Франкфурт влезе во новонастанатиот Германски Сојуз (сè до 1866) како слободен град, станувајќи седиште на Бундестагот, сојузниот парламент што го претседаваше Хабсбуршкиот император на Австрија, претставен од австискиот „претседателски пратеник“.
По несреќната револуција од 1848 година, Франкфурт бил седиште на првиот демократски избран германски парламент, Франкфуртски парламент, кој заседавал во Frankfurter Paulskirche (Црквата Св. Павле) и бил отворен на 18 мај 1848 година. Институцијата пропаднала во 1849 година, кога прускиот крал прогласил дека нема да ја прифати „круната на мизеријата“. Во годините на неговото постоење, собранието развило заеднички Устав за обединета Германија, со прускиот крал како свој монарх.
Франкфурт ја загубило својата независност по Австриско-пруската војна, откако Прусија во 1866 година присвоила неколку помали држави, меѓу кои и Слободниот град Франкфурт. Пруската администрација го вклучила Франкфурт во својата провинција Хесен-Насау. Претходно независните градови Борнхајм и Бокенхајм биле припоени во 1890 година.
Во 1914 година, граѓаните на Франкфурт го основале Универзитетот Франкфурт, подоцна наречен Универзитет Јохан Волфганг Гете. Ова е единственото граѓанско основање на Универзитет во Германија, а денес тој е еден од најголемите универзитети во Германија.
Од 6 април до 17 мај 1920 година, следеле воени интервенции за смирување на Рурското востание, Франкфурт бил окупиран од страна на француската војска[12]. Французите изјавиле дека членовите од 42 до 44 од Мировниот договор во Версај, кој се залагал за разоружување на Рајнската област се прекршени[13]. Во 1924 година, Лудвиг Ландман станал првиот еврејски градоначалник на градот и водел кон значајно проширување за време на наредните години. Меѓутоа, за време на нацистичката ера, синагогите во Франкфурт биле уништени.
Градот Франкфурт бил неколкупати бомбардиран за време на Втората светска војна (1939-1945). Биле убиени над 5.500 жители за време на нападите и некогаш познатиот средновековен градски центар, во тоа време и најголем во Германија, бил уништен. Повоената реконструкција се обележа со едноставен модерен стил, неповратно менувајќи го архитектонското лице на Франкфурт. Само неколку привлечни згради биле историски реконструирани, но на специфичен начин.
Збирката на историско важните документи Каирска гениза на Градската библиотека биле уништени за време на бомбардирањата на градот. Според арабискиот и генизаскиот научник С.Д. Гоитајн „не преживеала дури ни литературата која ја индицира содржината“[14].
По завршувањето на војната, Франкфурт станал дел на новонастаната држава Хесен, која се состоела од некогашните провинции на стар Хесен-(Дармштад) и Пруски Хесен. Градот бил дел од Американската окупациона зона на Германија. Воениот гувернер на американска зона (1945-1949) и Високиот комесар на Америка за Германија (1949-1952) имале нивни штабови во IG Farben Building, намерно оставена неоштетена за време на бомбардирањата на сојузниците за време на војните. Франкфурт бил првичниот избор за привремен главен град на Западна Германија - тие стигнаа и до градење на нова парламентарна зграда, која никогаш не беше искористена за таа намена. Од 1949 година, била користена како зграда за радиските студија на Hessischer Rundfunk. На крајот, Конрад Аденауер (првиот повоен канцелар) го претпочитал малиот град Бон, во најголем дел бидејќи бил блиску до неговиот роден град, но исто така и од друга причина; многу други истакнати политичари се спротивставуваа на изборот Франкфурт, еден од најголемите градови во Германија и стар центар на старото германско доминантно Свето Римско Царство, да биде прифатен за „постојан“ главен град на Германија, притоа намалувајќи ја поддршката на населението во Западна Германија за повторно обединување, и можното враќање на Владата во Берлин.
Во текот на 1970-тите, градот создал еден од европските најефикасни подземни транспортни системи. Тој систем го вклучува приградскиот железнички систем (S-Bahn) способен да оди од најзафрлените подачја, па сè до центарот, и длабок подземен лесен железнички систем со помали вагони (U-Bahn) исто така способен за патување над земја на уличните железници.
Во повоениот период, Франкфурт поново никна во финансиски и транспортен центар на Германија.
Население
уредиКако најголем центар на меѓународната трговија, Франкфурт е мултикултурен град, дом на луѓе од 180 националности. Во прилог на етничкото германско мнозинство, градот содржи бројно имигрантно население од Турција, Италија, Хрватска, Србија, Полска, Грција, Македонија, Мароко, Босна и Херцеговина, Пакистан, Шпанија, Португалија, Франција, Јапонија, САД, Австрија, Индија, Англија, Романија, Авганистан, Русија, Бугарија, Либан и Кина. Франкфурт е исто така дом на втората по големина Корејска заедница во Европа и најголемата во Германија, тамилска заедница од Шри Ланка.
Долго време во Франкфурт доминирал протестантството. Меѓутоа, за време на XIX век голем број на католици се преселиле овде. Во 2006 година, католицизмот беше најголема доминација веднаш по протестантството, 25% и 23% соодветно[15]. Но, и двете доминации губат членови и двете заедно имаат помалку од пола население. Според Централниот совет на Евреите во Германија, постојат 7.300 Евреи поврзани со еврејската вера во Франкфурт, давајќи ја третата најголема еврејска заедница (покрај Берлин и Минхен) во Германија.
Клима
уредиФранкфурт има умерена океанска клима со релативно ладни зими и благи лета. Просечната годишна температура изнесува 10.1°С.
Климатски податоци за Frankfurt | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 4.0 (39.2) |
5.6 (42.1) |
10.4 (50.7) |
14.5 (58.1) |
19.5 (67.1) |
22.3 (72.1) |
24.8 (76.6) |
24.8 (76.6) |
20.1 (68.2) |
14.0 (57.2) |
7.7 (45.9) |
5.0 (41) |
14.4 (57.9) |
Сред. дневна °C (°F) | 1.4 (34.5) |
2.2 (36) |
6.2 (43.2) |
9.3 (48.7) |
14.0 (57.2) |
17.0 (62.6) |
19.3 (66.7) |
19.1 (66.4) |
15.1 (59.2) |
10.0 (50) |
4.9 (40.8) |
2.5 (36.5) |
10.1 (50.2) |
Прос. ниска °C (°F) | −1.3 (29.7) |
−1.2 (29.8) |
1.9 (35.4) |
4.1 (39.4) |
8.4 (47.1) |
11.7 (53.1) |
13.7 (56.7) |
13.4 (56.1) |
10.1 (50.2) |
6.0 (42.8) |
2.1 (35.8) |
0.0 (32) |
5.8 (42.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 42.5 (1.673) |
37.1 (1.461) |
47.6 (1.874) |
42.8 (1.685) |
60.2 (2.37) |
60.6 (2.386) |
64.9 (2.555) |
52.9 (2.083) |
50.0 (1.969) |
54.6 (2.15) |
51.8 (2.039) |
55.7 (2.193) |
620.7 (24.437) |
Прос. бр. врнежливи денови | 9.8 | 7.1 | 9.3 | 8.5 | 9.8 | 10.3 | 9.3 | 7.8 | 8.1 | 9.3 | 9.7 | 9.9 | 108.9 |
Извор: World Meteorological Organization (UN)[16] |
Географија
уредиГеографска положба
уредиГрадот е сместен на двете страни на реката Мајна во југозападниот дел на Германија. Во јужниот дел на градот се наоѓаат градските шуми на Франкфурт (Frankfurter Stadtwald), германската најголема шума внатре во градот. Центарот на Франкфурт е сместен на северната страна на реката.
Соседски заедници и области
уредиНа запад, Франкфурт се граничи со Мајна-Таунус-Крајс (Хатерсхајм на Мајна, Крифтел, Хофхајм на Таунус, Келкхајм, Лидербах на Таунус, Сулцбах (Таунус), Швалбах на Таунус и Ешборн); на северозапад со Горен Таунус (Штајнбах (Таунус), Оберурзел и Бад Хомбург); на север со Ветераукрајс (Карбен и Бад Филбел); на североисток со Мајна-Кинцих-Крајс (Нидерорфелден и Мајнтал); на југоисток со градот Офенбах на Мајна; на југ со Крајс Офенбах (Ној-Изенбург) и на југозапад со Крајс Грос-Герау (Мерфелден-Валдорф, Риселсхајманд и Келстербах).
Градски делови и окрузи
уредиГрадот е поделен на 46 градски делови (Stadtteile или Ortsteile), кои пак се поделени на 118 градски бецирк (Stadtbezirke). Најголемиот Ortsteil е Заксенхаузен-Зид. Повеќето градски делови ги припоија предградијата (Vororte) или претходно одделните градови, како Хекст. Некои како Норденд никнаа за време на рапидното збогатување на градот во Грундерцајт по што следеше соединувањето на Германија. Другите беа формирани од населбите, кои претходно им припаѓале на други градови, како Дорнбуш.
46 поделби се комбинирани во 16 окружни области или Ortsbezirke, кад секој од нив има Окружен комитет и претседавач.
Историја на припојувањето
уредиСè до средината на XIX век, територијата на Франкфурт се состоеше од сегашните Градски делови (Stadtteile) на Алтштад, Иненштад, Банхофсфиртел, Гутлојтфиртел, Галус, Вестенд, Норденд, Остенде, Ридервалд и Заксенахаузен. По 1877 година, голем број претходно независни области биле вклучени во градот.
Главни знаменитости
уредиКатедрала Свети Бартолемеј
уредиКатедралата Св. Вартоломеј (Dom Sankt Bartholomäus) — градба во готски стил, која е изградена во XIV и XV век на темелите на претходната црква од меровинзишко време. Таа е главната црква во Франкфурт. Од 1365 година па наваму, царевите на Светото Римско Царство биле избирани од црквата и од 1562 до 1792, римско-германските цареви биле овде крунисувани.
Од XVIII век, Св. Вартоломеј била нарекувана „катедрала“ од страна на народот, иако никогаш не била седиште на некој епископ. Во 1867 година, катедралата била уништена од пожар и била повторно обновена во сегашниот свој стил. Висината на катедралата е 95 метри.
Црква Свети Павле
уредиЦрквата Св. Павле (Paulskirche) — национален историски споменик во Германија со голема политичка симболика, бидејќи била седиште на првиот демократски избран Парламент во 1848 година. Во 1789 година била основана како протестанска црква, но не била завршена сè до 1833 година. Нејзината важност има корени од Парламентот на Франкфурт, кој се состанувал во црквата за време на револуционерните години 1848/49 со цел да напишат Устав за обединета Германија. Обидот не успеа, бидејќи монарсите од Прусија и Австрија не сакале да ја изгубат моќта, и во 1849 година пруската војска го завршиле демократскиот експеримент со сила на закана и со тоа парламентот бил разрешен. Понатаму, објектот бил повторно искористена во служба на црквата.
Св. Павле била делумно уништена во Втората светска војна, особено внатрешноста на зградата, која сега има модерен стил. Била брзо и симболично повторно изградена по војната; а денес не се користи за верски служби, туку главно за изложби и настани.
Старата оперска куќа
уредиПознатата стара оперска куќа (Alte Oper) била изградена во 1880 година од страна на архитектот Ричард Лусе. Била една од главните оперски куќи во Германија сè дотогаш додека не била тешко уништена во Втората светска војна. Сè до доцните 1970 години била рушевина, со прекар „Најубава германска рушевина“. Имало мислења дури и да се минира. Поранешниот градоначалник на Франкфурт Руди Арнт повикал минирање во 1960-тите години, со што го здобил прекарот „Динамитот-Руди“. (подоцна Руди споменал дека никогаш не мислел на таа сугестија сериозно). Должејќи се на јавниот притисок, била целосно реконструирана и одново отворена во 1981 година. Денес служи како концертна сала, додека оперите се изведуваат во Операта Франкфурт.
Насловот на бордурата на Старата опера вели: „Dem Wahren, Schönen, Guten“ (За вистината, за убавината, за доброто“).
Франкфуртската оперска куќа
уредиФранкфуртската опера е водечка оперска компанија во Германија и една од најважните оперски куќи во Европа. Била избрана за „Оперска куќа на годината“ од страна на германското списание Opernwelt во 1995 и 2003 година.
Црква Света Катарина
уредиЦрквата Св. Катарина е најголемата евангелистичка (лутеранска) црква во Франкфурт. Сместена е во самиот центар на градот на влезот во Цајл.
Хауптвахе
уредиХауптвахе (Hauptwache) — зграда во барокен стил изградена во 1730 година, најпрво се користела како затвор. Името ѝ е дадено по околниот плоштад и транспортниот центар под неа. Таа се наоѓа на едниот крај на Цајл, на главната шопинг-улица во градот.
Цајл
уредиЦајл е главната улица за шопинг во Франкфурт и една од најнатрупаните во Германија. Улицата е пешачка зона и се граничи со два големи плоштади, Хауптвахе на запад и Констаблервахе на исток. Таа е втората најскапа улица за продавниците за изнајмување под кирија во цела Германија, веднаш по Кауфингерштрасе во Минхен.
Во текот на еден месец пред Божиќ, продолжената пешачка зона е резервирана за еден од најголемите и најстарите божиќни пазари во Германија.
Ремер
уредиИмето на градската куќа значи „Римски“. Всушност, девет куќи биле земени од страна на градскиот совет во 1405 од богатите трговски семејства. Средната куќа станала градска куќа, подоцна била поврзана со соседните згради. На горниот спрат е Kaisersaal (Салата на царот), каде што ново крунисаниот император ги одржувал своите гозби. Ремер бил делумно уништен за време на Втората светска војна и подоцна повторно обновен. Сместен е во Ремерберг (плоштадот на градската куќа).
Архитектура на XX век
уреди- Фрауенфриденкирхе, изградена 1929, пример за рана модерна градба на црква.
- Гросмарктхале, изградена 1926–1928, поранешен пазар на трговија на големо, а подоцна седиште на Европската централна банка.
- Зградата ИГ Фарбен, изградена 1928–1930, денешен Универзитет Јохан Волфганг Гете.
- Куќата на Гете, повторно изградена во 1947. Родното место на Јохан Волфганг фон Гете од 1749 година била уништена во Втората светска војна и подоцна повторно изградена исто како оригиналот. Музејот на Гете е веднаш до неа.
- Музејот за применета уметност, изграден 1985, дизајниран од страна на Рихард Mајер
Облакодери
уредиФранкфурт е единствен град во Германија со значаен број облакодери, се мисли на згради од најмалку 150 метри. Постојат единаесет згради и уште две (Кулата 185, 205 метри и Седиштето на Европската централна банка, 185 метри) во фаза на изградба. Само Бон, исто така, има една зграда (Пост кулата, 163 метри) над 150 метри. Најголем број од облакодерите во Франкфурт се сместени во западниот дел од центарот на градот познат како Банкенфиртел (финансиска област). Највисоките облакодери во Франкфурт се:
- Кула Комерцбанк, 259 метри — европска највисока зграда (1997–2003), седиште на Комерцбанк.
- Кула Месе, 257 метри — европска највисока зграда (1990–1997).
- Вестендштрасе 1, 208 метри — седиште на ДЗ Банк.
- Кула Мајна, 200 метри — седиште на Ландесбанк Хесен-Тирингија со платформа за набљудување отворена за јавност.
- Кула 185, 200 метри — седиште на ПвЦ Германија
- Тријанон, 186 метри — седиште на ДекаБанк.
- Опернтурм, 170 метри - седиште на УБС Германија
- Кула Силвер, 166 метри — германска највисока зграда (1978–1990), седиште на Дрезднер Банк.
- Плаза Биро Центар, 159 метри — германска највисока зграда (1976–1978).
- Дојче Банк I, 155 метри — седиште на Дојче Банк.
- Дојче Банк II, 155 метри — седиште на Дојче Банк.
- Скајпер, 154 метри.
Други високи згради
уреди- Кула Европа - Кулата Европа е телекомуникациска кула, позната како Франкфуртска ТВ-кула. Таа е највисоката кула во градот со висина од 337,5 метри. Била отворена за јавност во 1999 година, со прием на вртешкиот врв. Месното население ја нарекува „Гинхајмер Шпаргел“ (Гинхајмер Аспарагус), што не е точно, бидејќи не е сместена во округот Гинхајм, туку се наоѓа на неколку метри во округот Бокенхајм.
- Кула Хенингер - Кулата Хенингер е 120 метри висок силос за жито, изграден од 1959–1961 и во сопственост на пиварницата Хенингер. Има два ротирачки ресторани на висона на 101 и 106 метри и отворена платформа за набљудување на висока од 110 метри. Кулата била затворена за јавност сè до октомври 2002 година. Плановите за уништување на кулата и заменување на истата биле оставени. Денес има нови планови да се претвори во станбена кула.
- Кула Гете - Кулата Гете е 43 метри висока кула, изградена целосно од дрво на северниот крај на Франкфуртската градска шума во Заксенхаузен. Таа е петта по големина дрвена градба во Германија. Била изградена во 1931 година и сè уште е популарно место за туристите, посебно за семејствата како големо собиралиште и кафетеријата е изградена на долниот дел од кулата.
Култура
уредиФестивали
уредиНајголемиот фестивал во градот е Museumsuferfest (Музејскиот фестивал на речниот брег). Тоа е еден од најголемите културни фестивали во Германија, кој привлекува над 3 милиони посетители во период од 3 дена. Се случува еднаш годишно на крајот на август, на двете страни на речниот брег на реката Мајна во центарот на градот. Тука се сместени над 20 музеи кои се отворени до доцна во ноќта. Исто така постојат посебни атракции како живи свирки, танцувачки шоуа, неколку штандови за уметност, работилници за накит, облека и храна од секаде во светот. Завршува со спектакуларен огномет.
Најстариот народен фестивал во Франкфурт е Dippemess (Фестивалот за камени работи) кој се одржува двапати годишно околу Велигден и на крајот на септември во источниот дел на градот. За првпат е споменат во XIV век како годишен пазар, а денес е повеќе од забавен парк. ( "Dippe" на регионалниот дијалект на Хесен, збор кој значи „пехар“ или „грне“ и кој нема да биде разбран во најголем број германси региони. Името на фестивалот потекнува од самата намена, кога на саем се нудеа традиционални украсни грниња, лонци или други работи од камен).
Франкфуртскиот Wäldchestag (Денот на дрвото) — шеговито познат како регионален празник затоа што сè до 1990-тите години, било познато дека продавниците во Франкфурт биле затворени на овој ден. И покрај името, фестивалот се одржува четири дена по Педесетницата, а всушност Денот на шумата се одржува во вторник. Но, она што е посебно за овој фестивал е неговата местоположба во Градската шума на Франкфурт, јужно од центарот на градот, во Нидеррад.
Фестивалот Wolkenkratzer Festival (Фестивалот на облакодерите) — уникатен во Германија. Се одржува нередовно, последниот беше во мај 2007 година. Два дена повеќето облакодери во Франкфурт се отворени за јавноста, што секако не е секогаш случај, независно од палубата за набљудување на Кулата Мајна. Околу 1.2 милиони посетители ја искористиле можноста да го видат градот од горе. Падобранците, скокачите од височина, огнометите и ласерските шоуа се дополнителни атракции. Следниот фестивал ќе се одржи во 2013 година.
Звукот на Франкфурт — музички фестивал кој се одржува во центарот на градот. Се одржувал редовно од 1994-2004 година. Разни артисти и бендови изведуваат отворени и бесплатни концерти на осум бини сместени главно околу Цајл. Различните видови музика (рок, латино, техно, хаус, алтернативна и поп-музика) привлекувааат околу 500.000 посетители секоја година.
Странска култура
уредиМузеи
уредиНајголемиот број музеи во Франкфурт се распоредени по должината на реката Мајна во Захсенхаузен (јужната страна) или во стариот дел на градскиот центар (северниот дел). Областа е позната како Museumsufer (Музејски речен брег).
Има 13 музеи на јужната страна помеѓу Eiserner Steg и Friedensbrücke, вклучувајќи ги:
- Deutsches Architekturmuseum (германски архитектонски музеј)
- Deutsches Filmmuseum (германски филмски музеј)
- Ikonenmuseum (музеј за икони)
- Liebieghaus (општински музеј за скулптури)
- Museum für Angewandte Kunst (Museum of Applied Art)
- Museum Giersch (регионален музеј за уметност)
- Museum für Kommunikation
- Museum der Weltkulturen (Музеј за светските култури)
- Städel, еден од најпознатите уметнички музеи во Германија
Самата улица, Schaumainkai, е делумно затворена за сообраќај во саботи за најголемиот пазар за стари работи во Франкфурт.
Има два музеи на северната страна:
Музеи кои не се на самиот речен брег:
- Музеј за модерна уметност
- Schirn Kunsthalle (Уметничка галерија Ширн)
- Заедница за франкфуртската уметност, основана во 1829
Друг важен музеј е сместен во областа Вестенд:
- Природно-историски музеј Зенкенберг, најголемиот природно-историски музеј во Германија.
Кулинарски специјалитети
уреди- Франкфуртски колбас (хот дог)
- Frankfurter Rindswurst (франкфуртски говедски колбас)
- Apfelwein (Вино од јаболко)
- Зелен сос
- Бетменхен
- Frankfurter Kranz
- Handkäse mit Musik
- Rippchen mit Kraut
Денс музика
уредиКорените на техно-музиката потекнуваат од Германија, а особено од Франкфурт. Овде, во раните 1990-ти години, локалниот диџеј Свен Фет и диџејот ДАГ за првпат отсвирија јак, длабок стил на ациден хаус, кој стана многу популарен во целиот свет во следната декада. Едно од главните места на раната транс музика беше ноќниот клуб Омен. Според тоа, едни од најраните и највлијателните техно-влијанија, Џем и Спун, Денс 2 Транс, Оливер Либ и Хардфлур и дискографските куќи како што беа Хартхаус и Ај Кју, биле основани во градот во 1990-ти години.
Сообраќај
уредиАеродроми
уредиДо градот од другите градови ширум светот се стигнува преку Аеродромот Франкфурт (Flughafen Frankfurt am Main), кој е сместен на 12 км од центарот на градот. Аеродромот има три писти и има 265 постојани одредишта. Рангиран е меѓу првите десет аеродроми во светот и е најголем карго аеродром во Европа. Аеродромот исто така служи како седиште на Кондор и како главно седиште за германскиот авиопревозник Луфтханза. Во зависност од тоа колку вкупно патници има или колку летови се искористени, рангиран е на второто или третото место за најпрометните во Европа по лондонскиот аеродром Хитроу и парискиот аеродром Шарл де Гол. Во 2009 година низ Франкфуртскиот аеродром поминаа 50.9 милиони патници. До аеродромот се стигнува со кола или автобус и има две железнички станици, една регионална и една за подалечни одредишта. Линиите на S-Bahn се S8 и S9 (насока „Frankfurt (Main) Hbf“, „Offenbach Ost“ или "Hanau"), оддалечен на 10-15 минути од аеродромот до Главната железничка и центарот на градот и возовите IC и ICE за пооддалечените одредишта исто така на 10-15 минути.
И покрај името, Аеродромот Франкфурт-Хан не е сместен во близина на Франкфурт, туку се наоѓа околу 120 км од градот во Лауценхаузен (Рајнска област-Пфалц). До овој аеродром може да се стигне единствено со кола или автобус. Автобуската линија започнува од Централната станица во Франкфурт и до аеродромот се потребни саат и четириесет и пет минути. Минатата година над 4 милиони патници го искористиле овој аеродром, со цел да ги употребат нискобуџетните авиокомпании како Рајанер.
Аеродромот Франкфурт-Егелсбах е прометен аеродром за општата авијација, сместен југоисточно од Меѓународниот аеродром Франкфурт, блиску до градот Егелсбах.
Патишта
уредиУлиците во центарот на Франкфурт обично се пренатрупани со автомобили за време на сообраќајниот метеж. Некои области, особено оние околу центрите за шопинг Цајл, се пешачки зони. Има бројни паркиралишта сместени низ градот.
Франкфурт е сообраќајно седиште на системот на германскиот аутобан (автопат). Франкфуртер Кројц е автопатска раскрсница блиску до аеродромот каде што се автопатите А3 (Келн-Вирцбург) и А5 (Базел-Хановер). Со околу 320.000 автомобили дневно, тоа е една од најнабиените крстосници во Европа. А66 го поврзува Франкфурт со Висбаден на запад и со Фулда на исток. А661 започнува на југ (Дармштат), поминува низ источниот дел на Франкфурт и завршува на север (Бад Хомбург). А648 е краток автопат во западниот дел на Франкфурт.
Железнички станици
уредиГлавната железница на Франкфурт е најголемата железничка станица во Германија во железничкиот сообраќај. Според бројот на патници, рангирана е на второто место заедно со главната железница на Минхен (секоја по 350.000) по главната желеница на Хамбург (450.000). Сместена е помеѓу Галус и Банхофсфиртел, не многу оддалечена од Саемот на Франкфурт и финансиската област (Банкенфиртел). Служи како големо седиште на возовите на големи далечини (InterCity, ICE), на регионалните возови како и на јавниот транспортен систем на Франкфурт. Таа е крајна станица на најголемиот број ICE линии, правејќи ја најважната станица во германската мрежа на ICE. Овде, исто така, застануваат сите линии на Рајна-Мајна С-Бан, две линии на Франкфурт У-Бан, неколку трамвајски и автобуски линии. Регионалните и локалните возови се интегрирани во Јавниот транспортен систем Рајна-Мајна-Феркерсфербунг (Rhein-Main-Verkehrsverbund) (RMV), вториот по големина интегриран јавен транспортен систем во светот. Поголем е само Берлинскиот интегриран јавен транспортен систем (VBB).
Железничката станица за далечни одредишта на Аеродромот го поврзува Меѓународниот аеродром на Франкфурт со главната железничка мрежа, најмногу со ICE, користејќи ја линијата Келн-Франкфурт. Тоа е една од двете железнички станици на аеродромот, а другата е за локалните S-Bahn (линиите S8 и S9) и регионалните возови со име Аеродромска регионална станица на Франкфурт.
Третата станица на големи далечини во Франкфурт е Südbahnhof (Зидбанхоф), сместена во Заксенхаузен.
Двете најголеми станици во центарот на градот се Хауптвахе и Констаблервахе, двете сместени на најпознатата улица за шопинг во Франкфурт, Цајл.
Јавен превоз
уредиГрадот има два подземни железнички системи: U-Bahn и S-Bahn, како и надземниот трамвајски систем. Информации за U и S Bahn можат да се најдат на веб-станицата на RMV[17].
Девет линии на S-Bahn го поврзуваат Франкфурт со регионот на Рајна-Мајна. Повеќето линии имаат услуга на секои 15 минути во текот на целиот ден, секоја по една линија на време од 15 минути, или две линии кои служат една рута од 30 минути. Сите линии, освен Ѕ7 поминуваат низ тунелот на Франфурт и поминуваат низ Остендштрасе, Констаблервахе, Хауптвахе, Таунусанлаге и Централната станица на Франкфурт. Со напуштање на градот S-Bahn-от се движи над земјата. Тој обезбедува пристап до Саемот на Франкфурт (S3-S6), аеродромот (S8-S9), стадионот (S7-S9) и градовите во близина како Висбаден, Мајнц, Дармштат, Руселсхајм, Ханау, Офенбах на Мајна, Бад Хомбург, Кронберг и некои помали градови.
U-Bahn-от има седум линии кои поминуваат низ центарот на градот и некои поголеми населби. Возовите кои минуваат на таа линија се бавни возови, како и многуте други кои поминуаваат на сред улица наместо под земја, далеку од центарот на градот. Минималниот интервал на услугите е 2,5 минути, иако секојдневната шема е дека секоја линија поминува со честота до 7,5-10 минути, што доведува до околу 3-5 минути на секторите во центарот низ кои поминуваат многу линии.
Франфурт има 9 трамвајски линии кои поминуваат обично на секои 10 минути. Многу делови служат по две линии, на кои им се даваат во честота од по 5 минути за време на гужвите. Трамвајот оди само на земја и има многу повеќе постојки за разлика од U-Bahn или S-Bahn.
Бројот на автобуски линии го комплетираат системот за јавен превоз ва Франкфурт. Ноќните линии ја преземаат работата на U-Bahn и трамвајот од 1.30 до 3.30 часот по полноќ[18].
Такси
уредиТакси може да се најде надвор од скоро секој S-Bahn или U-Bahn и на најголемите железнички раскрсници. Нормалниот начин за дибивање на такси е јавување до такси-операторот или директно одење до такси-станицата. И секако, иако не е правило, такси може да се најде и на улиците низ Франкфурт.
Велосипеди
уредиГерманската железница (Deutsche Bahn) исто така изнајмува и велосипеди за јавноста. Тие можат да се најдат на најголемите патни раскрсници или железнички станици. Сè што треба да направиш е да се јавиш и да изнајмиш за 0.06 евра за минута или дневно за 15 евра. Велосипедите се малку потешки, но имаат амортизери за да го ублажат патувањето. Сребрено-црвената боја на велосипедите со нивната уникатна рамка ги прават поочигледни и тешко достапни за кражба.
Јавноста сега користи и велотакси кое вклучува триколка со заштитна кабина за патниците. Тоа е кабина за двајца и услугата ја покрива прошетката насекаде низ градот.
Франкфурт исто така има мрежа од модерни велосипедски рути низ градот. Повеќето од велосипедските рути на долги далечини коишто водат до градот имаат свои велосипедски ленти. Многу од градските улици се „велосипедски улици“, каде што велосипедистот има првенство на патот, а на моторните возила им е дозволен пристап под услов да не им пречат на велосипедистите. Градот исто така има удел во велосипедизмот, погледни на порталот за велосипеди (the Radfahrportal).
Секоја прва недела во месецот има настан за велосипеди наречен критична маса, кој започнува во 14 часот пред старата опера.
Економија и бизнис
уредиФранкфурт е еден од водечките финансиски центри во Европа. Според годишниот извештај (2007) спроведен од страна на Cushman & Wakefield, тој е еден од првите три градови за меѓународни компании во Европа, заедно со Лондон и Париз. Според листата (2001) изготвена од страна на Универзитетот на Ливерпул, Франкфурт е најбогатиот град во Европа според бруто-домашен производ (БДП) по глава на жител. По Франкфурт се Карлсруе, Париз и Минхен[19] . The Mercer Human Resource Consulting Worldwide Quality of Living Survey 2007 го рангира Франкфурт на седмата позиција на градови со највисок квалитет на живот во светот. Единствениот германски град со повисок квалитет беше Диселдорф на шестата позиција[20].
Банки
уредиФранкфурт често го викаат градот на банките во Германија. Понекогаш е наречен Mainhattan (кованица од зборовите на локалната река Мајна и Менхетн во Њујорк) или Банкфурт. Во 2006 година шест од десетте најголеми германски банки имаа нивно седиште во градот, вклучувајќи ги и првите три (Дојче Банк, Комерцбанк и ДЦ Банк)[21]. Други важни банки се are ИНГ Диба, КфВ, БХФ Банк, Банкхаус Мецлер, Делбрик Бетман Мафај, ДекаБанк, Ландесбанк Хесен-Тирингија и Франкфуртер Шпаркасе. Овде има над триста национални и меѓународни банки[22].
Европската централна банка (Europäische Zentralbank) — една од најважните централни банки во светот, одговорна за монетарната политика покривајќи 16 земји–членки на Еврозоната. Од основањето во 1998 година седиштето е сместено во центарот на Франкфурт, иако сега има планови за преместување во убавата област на поранешниот пазар за големопродажба ([[Гросмарктхале|Großmarkthalle]]) во источниот дел на градот.
Германската сојузна банка (Deutsche Bundesbank) — составен дел од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ). Создадена е во 1957 година.
Берза
уредиСо берзата (Frankfurter Wertpapierbörse) и XETRA, кои ѝ припаѓаат на германската берза, Франкфурт ја има втората најголема берза во Европа по Лондонската берза. Тоа е најголемата берза во Германија со над 90% промет на германскиот пазар. Во однос на пазарната капитализација, германската берза е една од најголемите берзи во светот.
Саеми
уредиСаемите имаат голема традиција во Франкфурт. За првпат беа споменати во XII век. Денес, Франкфуртскиот е третиот најголем саем во светот. Корпорацијата Франкфуртски Саем организирал 120 саеми во 40 земји во 2006 година. Со седиште во Франкфурт се Меѓународниот саем за автомобили, саемот за книга во Франкфурт, Амбиенте (саемот за најголеми потрошувачи на добра), Ахема (најголемиот саем за земјоделство) и многу други како Paperworld, Christmasworld, Beautyworld, Tendence Lifestyle или Light and Building.
Агенции за рекламирање
уредиСаемите имаат голема традиција во Франкфурт. За првпат беа споменати во XII век. Денес, Франкфуртскиот е третиот најголем саем во светот. Корпорацијата Messe Frankfurt аранжираше 120 саеми во 40 земји во 2006 година. Со седиште во Франкфурт се Меѓународниот саем за автомобили, саемот за книга во Франкфурт, Амбиенте (саемот за најголеми потрошувачи на добра), Ахема (најголемиот саем за земјоделство) и многу други како Paperworld, Christmasworld, Beautyworld, Tendence Lifestyle или Light and Building.
Иако е најпознат по банките, исто така Франкфурт е центар на медиумски компании. Има околу 570 компании во рекламната индустрија и 270 компании за односи со јавноста. Според рангирањето на магазинот Фокус од ноември 2007 година, 7 од 49 најголеми компании во Германија се сместени во Франкфурт, вклучувајќи ги McCann-Erickson, Saatchi & Saatchi, JWT и Publicis. Берлин има девет а Хамбург осум. По Франкфурт доаѓа Минхен со шест, а Висбаден е на листата со две.
Сметководствени и професионални услуги
уредиГолемата четворка, четирите најголеми меѓународни фирми за сметководство и професионални услуги, се сместени во или во близина на Франкфурт. Тие се Deloitte Touche Tohmatsu, KPMG (Европското седиште), PricewaterhouseCoopers (PwC). Ernst & Young е сместен во близина на градот Ешборн.
Консалтинг менаџмент
уредиНекои од најголемите меѓународни фирми за консалтинг менаџмент се сместени во Франкфурт, вклучувајќи ги Accenture, Arthur D. Little, McKinsey & Company,Boston Consulting Group, Booz & Company, Oliver Wyman, Bearing Point, Capgemini, Bain & Company и Roland Berger Strategy Consultants.
Електронска комуникација
уредиФранкфурт исто така е важно за интернетот. Таа е седиште на најголемата светска фирма за доделување на IP-адреси, DE-CIX, каде што се регистрирани најдоминантните имиња.
Адвокати
уредиФранкфурт ја има најголемата концентрација на адвокати во Германија, процентуално еден адвокат на 99 жители. Најголемите меѓународни адвокатски компании имаат претставништва во Франкфурт меѓу кои Allen & Overy, Baker & McKenzie, Clifford Chance, Cleary Gottlieb Steen & Hamilton, Debevoise & Plimpton, DLA Piper,Freshfields Bruckhaus Deringer, Hogan Lovells, Jones Day, Linklaters, Mayer Brown, Milbank, Tweed, Hadley & McCloy, Norton Rose, Shearman & Sterling, Skadden, Arps, Slate, Meagher & Flom, Taylor Wessing и White & Case.
Работа во Франкфурт
уредиСо над 922 работни места на 1000 жители, Франкфурт ја има најголемата концентрација на работни места во Германија. Најголем број од околу 600,000 работни места со само 663,000 жители на градот е изјаснет како град со најголем број жители од приградските населби коишто работат во градот,со што се крева бруто-домашниот производ на популацијата значајно. Во работните денови и во саботите има над милион луѓе го границите на градот. Во другите денови, според статистиката богатството на Франкфурт е намалено, во корист на покраините и градовите таканаречени "Speckgürtel", како што се Bad Homburg, Königstein im Taunus, Kronberg im Taunus и Bad Soden am Taunus, чии жители работат во Франкфурт.
Покрај тоа, Франкфурт исто така имаше, 2008, највисоко ниво на криминал, на 100 000 жители во Германија со 15.976 криминални дела годишно и 3 убиства на 100 000 луѓе. Оваа статистика е резултат на приградското население што е пресметано на 650 000 жители, а исто така вклучува и криминални дела извршени на аеродром, како шверцување. Франкфурт всушност е многу безбеден град, што е поткрепено на испитувањата меѓу жителите.
Меѓународниот аеродром на Франкфурт е и самиот најголемо место за работа во Германија.
Други бизниси
уредиФранкфурт е седиште на хемиските индустрии, на софтвер бизнисот и центрите за јавување. Развојот на бизнисот и другите важни оддели на Дојчебан се сместени во седиштето во Галус. Заради Hoechst AG, Франкфурт се смета за „Аптека на светот“ Најголемиот индустриски парк во Франкфурт е едно од трите места на хемиската и фармацевтската индустрија во Европа. Исто така Франкфурт е седиште на неколку големи германски индустриски здруженија како што се здружението за хемиска индустрија, здружението за германски градежни машини и опрема, здружението за електротехничка, електронска и информатичка технологија здружени со комисиите за електротехнички стандарди, и здружението на произведувачите на германски автомобили, кое што моментално се сели во Франкфурт. Унијата на произведувачи на германски автомобили секоја втора година се состанува во Франкфурт за да се совпадне со меѓунаросниот саем за автомобили, споменат погоре. Здружението на германски издавачи на книги има седиште во Франкфурт и го организира саемот на книга во Франкфурт. Во врска со трудовите здруженија Франкфурт е седиште на централата на IG Metall и IG Bau.
Луфтханса ги одржува главните врски преку центарот за авијација преку франкфуртскиот аеродром. Главниот производител на вода и струја за регионот Франкфурт Рајна – Мајна е сместен во самиот град.
Во Франкфурт се сместени главните претставништва на: Германското фудбалско здружение, „Фиат“, „Нинтендо“, „Мазерати“, „Ферари“, „Алфа Ромео“, „Ланча“, „Хјундаи“, „Киа“, „Јагуар“, „Опел“, „Фереро“.
Земјиште и недвижнини
уредиФранкфурт има највисока концентрација на сопственици на земјиште во Германија.Ова се должи на бројни финансиски работници во градот, но исто така и поради метрополската природа со што четвртина од луѓето се странци. Од оваа причина Франкфуртскиот пазар функционира различно од остатокот од земјата каде што цените се генерално пониски од Франкфурт. Цените на германското земјиште се намалени поради поранешната Источна Германија. Економски јаките градови како Франкфурт и другите градови во западна Германија имаат зголемување на пазарот што привлекува многу купувачи од Далечниот Исток.
Институции и организација
уредиФранкфурт е седиште на Германската национална библиотека, Врховниот суд на Хесен, Судската служба на Хесен и има своја полициска академија. Пожарникарскиот оддел, основан 1874 година, и доброволниот пожарникарски оддел имаат осум пожарникарски сектори. Сè до нивното разрешување на крајот на 2003 година, Франкфурт беше седиштето на Федералниот дисциплинарен суд.
Германското претставништво на Меѓународната финансиска корпорација, дел од групацијата на Светската банка и Комитетот за европско осигурување и окупациони пензиски ревизори,, Европската осигурителна контрола, имаат седиште во Франкфурт.
Во Франкфурт има 88 конзулати. Само Њујорк и Хамбург имаат повеќе. Русија и Кина неодамна отворија генерални конзулати во Франкфурт.
Генералниот конзулат на Соединетите држави во Франкфурт во Екенхајм е најголемиот американски конзулат во светот.
Медиуми
уредиВо Франкфурт се издават два важни дневни весници. Конзервативниот Frankfurter Allgemeine Zeitung за првап се издаде во 1949 година и е германски весник кој е најраспространет надвор од Германија, а издавачите го испраќаат во 148 земји секој ден. FAZ се издава во 380 000 примероци дневно. Другиот важен весник, Frankfurter Rundschau, за првпат е издаден во 1945 година и дневно се издаваат по 181 000 примероци. Франкфурт е исто така седиште на новата агенција Reuters.
Од Франкфурт потекнуваат и неколку списанија. Journal Frankfurt е најпознато списание поврзано со настани, забави. „Еколошкото списание“ , „Öko-Test“, објавува материјали за зелената забава на Германија во Бокенхајм. Бокенхајм е познат по квиз-списанијата со истото име и е седиште на издавачката куќа на сатиричното списание, Titanic.
Првата радио станица на Франкфурт беше Südwestdeutsche Rundfunkdienst AG (Југозападното германско радио), кое започнало со работа во 1924 година. Најуспешна им е станицата Hessischer Rundfunk. Станицата "Funkhaus am Dornbusch" е една од најпознатите радио и телевииски емисии. Тука е и ARD-Stern која емитува материјали од поединечните емитери преку високотехнолошкта мрежа. Bloomberg TV и RTL имаат регионални станици на Neuen Mainzer Straße. Други радија во Франкфурт се Main FM и Radio X.. Најголемата приватна радио станица во регионот FFH е сместена во близина на бањата Вилбел.
Од август 1945 година, мрежата на американските сили се емитуваше од Франкфурт. Поради намалувањето на војската, сместеноста во Франфурт на чие место беше мрежата на американските сили, беше напуштена. Од октомври 2004 година, мрежата на американските сили ги емитуваше европските програми од Манхајм.
Образование и истажување
уредиВо Франкфурт на Мајна има два универзитети и неколку посебни школи. Има две школи за бизнис;Школата за бизнис Гете на универзитетот Гете и Франкфуртската школа за финансии и менаџмент.
Универзитет Јохан Волфганг Гете
уредиНајстариот и најпознатиот универзитет во градот е универзитетот Јохан Волфганг Гете, со објекти во Бокенхајм, Вестенд и Ридберг и универзитетската болница во Нидеррад. Престижната Школа за бизнис Гете е дел од Универзитетската куќа за финансии на кампусот Вестенд. Во програмата на оваа школа има над 70% студенти од целиот свет кои учат тука.
Универзитет за применети науки во Франкфурт
уредиФранкфуртскиот Универзитет за применети науки (Fachhochschule Frankfurt am Main) беше оформен од неколку постари организации во 1971 година, и нуди над 38 студиски области во уметноста, науката, инжинерството и правото. Некои од најважните истражни проекти се: Симулатори на планетата Земја, FraLine-Школо за ИТ-технологија, квантитативни анализи на метанот во човекиот труп со помош на масивни спектрометри, софтвер-инжинерство (fraDesk), анализи на квалитативниот и квантитативниот гас во белите дробови на човекот, долгорочни студии на модулите на сончевата фотонапонска енергија.
Школа за финансии и менаџмент во Франкфурт
уредиПокрај универзитетот е Школата за финансии и менаџмент на Франкфурт, најпрво позната како Hochschule für Bankwirtschaft (Институција за високо образование за банкарска економија), со свој кампус во соседството на Остенд. Од 2001 година, таа е посебна институција за студирање економија и менаџмент или FOM.
Штеделшуле
уредиФранкфурт има државна институција за високо уметничко образовиние позната како Städelschule , основана во 1817 година од страна на Јохан Фридрих Штедел, која беше одземена од страна на градот во 1942 година и повторно вратена во државно школо за уметност.
Музичко училиште и конзерваториуми
уредиМузички институции се Франкфуртскиот универзитет за музија и сценски уметнсти и Високиот конзерваториум, кој беше основан во 1878 година.
Други важни школи
уредиДо септември 2003 година, Франкфурт исто така беше седиште на школата за библиотекарска наука и администрација.
Филозофско-теолошката институција Свети Георг (Philosophisch-Theologische Hochschule Sankt Georgen), приватна институција со членство во германското интригантно здружение, беше сместена во Заксенхаузен сè до 1950 година.
Градот е исто така седиште на три Макс Планк општествени институти: Макс Планк институтот за европска историја на правото, Макс Планк институтот за биофизика и Макс Панк институтот за истражување на мозокот.
Франкфуртскиот институт за напредни студии, спонзориран од неколку институционални и приватни извори, е вклучен во теоретското истражување во физиката, хемијата,науката за нервите и компјутерката наука.
Франкфурт е исто така седиште на Römisch-Germanische-Kommission (RGK), бранша на Германскиот археолошки институт за праисториската археологија во Германија и Европа. RGK е вклучен во разни проекти за истражување. Библиотеката, со над 130 000 материјали, е една од најголемите специјализирани археолошки библиотеки во светот.
Образование и медиуми
уредиВо последните години, градот Франкфурт многу инвестираше во информатичката инфраструктура во свите школи. Како резулата на тоа, школите во Франкфурт сега се едни од најопремените школи во светот, со достапноста до компјутери и други медиумски опреми. Со цел да се обезбеди одржување и поддршка на школите со компјутери, градот Франкфурт во соработка со Универзитетот за применети науки го започна проектот Fraline - IT-Schul-Service, иницијатвно ангажирање на студентите да обезбедат основна компјутерска поддршка во школите.
Спорт
уредиФранкфут е дом на следниве спорски тимови и клубови: Eintracht Frankfurt (фудбал), FSV Frankfurt (фудбал), 1. FFC Frankfurt (фудбал), Frankfurter FC Germania 1894 (фудбал), Rot-Weiss Frankfurt (фудбал), Frankfurt Lions (хокеј на мраз), Deutsche Bank Skyliners (кошарка).
Франкфурт беше дома на следниве тимови или клубови: 1. Bockenheimer FC 1899 (фудбал), Frankfurt Galaxy (американски фудбал).
Франкфурт е дом на класичниот круг Rund um den Henninger-Turm. Исто така тој е дом на годишниот Франкфуртски маратон и Европското првенство на Ајронмен.
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиФранкфурт има братски релации со:
|
Партнерства
уреди
|
Галерија
уреди-
Финансиската област, ноќе
-
Кула Вестенд, исто така позната како „Крунисана кула“
-
Поглед на брегот на Мајна
-
Кулите-близначки Дојче Банк
-
Кајзерштрасе, поглед од Централната железника станица во Франкфурт
-
Хундертвасер-градинка во Хедернхајм
-
Облакодери во Франкфурт
-
Зградата на Европската централна банка
-
Традиционална куќа во Франкфурт на Мајна
-
Музејот на карикатурата во Франкфурт на Мајна
-
Плоштадот во стариот дел на Франкфурт на Мајна
-
Традиционална куќа во Франкфурт
-
Традиционална куќа во Франкфурт
-
Традиционална архитектура во Франкфурт
-
Традиционална архитектура во Франкфурт
-
Традиционална куќа во Франкфурт
-
Традиционална куќа во Франкфурт на Мајна
-
Традиционални куќи во Франкфурт на Мајна
-
Споменикот на Фридрих Штолце во Франкфурт на Мајна
-
Катедралата во Франкфурт на Мајна (Frankfurter Dom)
-
Оргулите во Катедрата во Франкфурт на Мајна
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Изборната капела во катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Изборната капела во катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Внатрешноста на Катедралата во Франкфурт на Мајна (детаљ)
-
Старата црква св. Никола во Франкфурт на Мајна
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Население на општините во Хесен“. Статистичка служба на Хесен. јуни 2023. (германски)
- ↑ (англиски) „World Urban Areas“ (PDF). Посетено на 2007-09-20. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Organization for Economic Cooperation and Development, Competitive Cities in the Global Economy, OECD Territorial Reviews, (OECD Publishing, 2006), Table 1.1
- ↑ Room, Adrian (2006). Placenames of the world. McFarland. стр. 135. ISBN 9780786422487. Посетено на 2009-07-23.
- ↑ „World Cities“. Архивирано од изворникот на 2007-02-09. Посетено на 2007-01-23.
- ↑ „GaWC - The World According to GaWC 2008“. Lboro.ac.uk. 2010-04-13. Архивирано од изворникот на 2016-08-11. Посетено на 2010-10-24.
- ↑ Beaverstock, J.V.; Smith, R.G.; Taylor, P.J. „The World According to GaWC 2008“. Globalization and World Cities. Архивирано од изворникот на 2016-08-11. Посетено на 2011-06-11.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Kearney, Inc., A.T. „The 2008 Global Cities Index“. Foreign Policy. Архивирано од изворникот на 2010-01-10. Посетено на 2011-06-11.
- ↑ „Cost of living – The world's most expensive cities“. City Mayors.
- ↑ Mercer's Quality of Living Survey 2009, www.mercer.com. Посетено на 2 March 2009
- ↑ „Statistisches Bundesamt Deutschland - Neue Daten zur Migration in Deutschland verfügbar“. Destatis.de. 2008-10-20. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2011-04-08.
- ↑ Chronology: Emergence of a Modern City 1866-1945 Архивирано на 19 јули 2011 г.. Retrieved 10 June 2010.
- ↑ „French march into Germany“. The Times. 7 April 1920. стр. 10.
|access-date=
бара|url=
(help) "The French commander issued a notice to the public informing them that the occupation was consequent upon the German advance in the Ruhr contrary to the Peace Treaty." - ↑ Goitein, S.D. A Mediterranean Society: The Jewish Communities of the Arab World as Portrayed in the Documents of the Cairo Geniza, Vol. I - Economic Foundations. University of California Press, 2000, p. 5
- ↑ „Kapitel 02 Bevölkerung - page 18“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-19. Посетено на 2010-10-24.
- ↑ „Weather Information for Frankfurt“. Архивирано од изворникот на 2010-06-21.
- ↑ „Rhein-Main Transport Association“. RMV.DE. 2010-11-24. Архивирано од изворникот на 2010-07-27. Посетено на 2011-04-10.
- ↑ „Nightbus Frankfurt Rheinmain“. Nachtbus-frankfurt.de. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 2011-04-10.
- ↑ Nick Swift: European cities outperform their English counterparts. citymayors.com (Zugriff am 1. November 2006)
- ↑ „Highlights from the 2007 Quality of Livings – Mercer Human Resource Consulting“. Mercer.com. Посетено на 2010-10-24.
- ↑ The Top 100 German banks 2006 Архивирано на 6 октомври 2010 г.
- ↑ Wirtschaft in Frankfurt am Main Архивирано на 5 октомври 2010 г.
- ↑ „Partner Cities of Lyon and Greater Lyon“. © 2008 Mairie de Lyon. Архивирано од изворникот на 2009-07-19. Посетено на 2009-07-17.
- ↑ „Milano - Città Gemellate“. © 2008 Municipality of Milan (Comune di Milano). Архивирано од изворникот на 2014-04-10. Посетено на 2008-12-05.
- ↑ „Tel Aviv sister cities“ (хебрејски). Tel Aviv-Yafo Municipality. Архивирано од изворникот на 2008-03-20. Посетено на 2009-07-14.
- ↑ „Sister Cities of Guangzhou“. Guangzhou Foreign Affairs Office. Посетено на 2010-02-10.
- ↑ „Prague Partner Cities“ (чешки). © 2009 Magistrát hl. m. Prahy. Посетено на 2009-07-02. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ „Sister cities of Budapest“ (унгарски). Official Website of Budapest. Архивирано од изворникот на 2005-03-09. Посетено на 2009-07-01.
- ↑ „Leipzig - International Relations“. © 2009 Leipzig City Council, Office for European and International Affairs. Архивирано од изворникот на 2009-06-29. Посетено на 2009-07-17.
- ↑ „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. Посетено на 2009-07-19.
Библиографија
уреди- Frankfurt – City Guide, Kraichgau Verlag (ISBN 3-929228-21-1)
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Frankfurt. |
- Official website Архивирано на 3 мај 2019 г.
- Architecture of Frankfurt Архивирано на 6 март 2006 г.
- Frankfurt Zoo (англиски)
- Frankfurt before and after World War II Архивирано на 14 јули 2009 г.
- Frankfurt webcam links
- Frankfurt photogallery
- Visual Frankfurt Архивирано на 5 ноември 2010 г.
- Frankfurt Panoramas: 360° City Panoramas Panorama-cities.net; Panorama Frankfurt - Bilder von der Skyline Oopper.de; frankfurt360.de, panorama-frankfurt.de