Милко Ѓуровски
Милко Ѓуровски (Тетово, 26 јануари 1963) — поранешен македонски фудбалер.
Милко Ѓуровски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Милко Ѓуровски | ||
Роден на | 26 јануари 1963 | ||
Роден во | Тетово, НР Македонија, ФНРЈ | ||
Позиција | напад | ||
Младинска кариера | |||
1975–1978 | ФК Тетекс | ||
1978–1979 | ФК Црвена Ѕвезда | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1979–1980 | Чукарички Станком | ? | (15) |
1980–1986 | ФК Црвена Ѕвезда | 115 | (54) |
1986–1990 | Партизан Белград | 70 | (39) |
1990–1992 | Гронинген | 57 | (23) |
1993 | ФК Камбур | 7 | (0) |
1993–1994 | Гронинген | 14 | (5) |
1994 | Марибор | 19 | (8) |
1994–1995 | ФК Нимс Олимпик | 4 | (0) |
1995–1996 | Железничар Марибор | ||
2005–2006 | Љубљана | 2 | (0) |
Репрезентација | |||
1984–1985 | Југославија | 6 | (2) |
1994 | Македонија | 3 | (0) |
Тренер на екипи | |||
1996–1998 | Железничар Марибор (млади) | ||
2004–2005 | Малечник | ||
2005–2006 | Драва Птуј | ||
2006–2007 | Нафта Лендава | ||
2007–2008 | Марибор | ||
2008 | Вардар | ||
2009–2010 | Беласица | ||
2011- | ФК Пелау |
Животопис
уредиЃуровски е роден на 26 јануари 1963 година во Тетово. Неговото семејство е од тетовското село Жилче, каде Ѓуровски израснал. Бил фудбалер на ФК Црвена Звезда и Партизан од Белград. Играл за младинската и сениорската репрезентација на Југославија. Во составот на Олимписката репрезентација на Југославија, на Олимписките игри во Лос Анџелес (САД, 1984) освоил бронзен медал. По осамостојувањето од 1991 година настапил неколкупати и за Фудбалската репрезентација на Македонија[1]. Моментално е тренер на скопски Вардар[2].
Наводи
уреди- ↑ „Милко Ѓуровски - инфо“. ФФМ. Посетено на 2009-10-31.
- ↑ Стојаноски, Тони (31 октомври 2008). „Милко Ѓуровски нов тренер на Вардар“. А1 Телевизија. Посетено на 2009-10-31.