Лудолф ван Цојлен

Лудолф ван Цојлен (герм./хол. Ludolph van Ceulen), (28 јануари 154031 декември 1610) бил германски математичар од Хилдесхајм, познат по своите пресметки на бројот π. Како и многумина Германци за време на католичките инквизиции, Цојлен се преселил во Холандија.

Гравиран портрет на Лудолф ван Цојлен

Подоцна Цолјен се преселил во Делфт каде предавал мечувалство и математика. Во 1594 отворил мечувалска школа во Лајден. Во 1600 бил назначен за првиот професор по математика на Лајденскиот универзитет. Починал во Лајден.

Пресметување на π

уреди
 
De circulo & adscriptis liber (1619)

Лудолф ван Цојлен поминал голем дел од животот пресметувајќи ја бројната вредност на математичката константа „пи“ (π), по исти методи како оние на Архимед две илјади години порано. Потоа Цојлен дошол до 20-децимална вреност и ја објавил во Van den Circkel („За кружницата“) во 1596, а подоцна ја проширил на 35 децимали. По неговата смрт, на неговата надгробна плоча Лајден бил испишан „Лудолфовиот број“.

3.14159265358979323846264338327950288...,

Надгробниот камен подолго време бил изгубен, но вратен во 2000 г.

Надворешни врски

уреди