Прусија (германски: Preußen, изг. „пројсен“) била една од најголемите германски држави со површина од 295.610 км2. Главен град на Прусија бил Берлин. Во нејзиниот територијален состав биле и покраините Прусија, Бранденбург, Померанија, Горна и Долна Шлеска, Саксонија, Шлезвиг-Холштајн, Хановер, Вестфалија, Хесен-Насау, Пфалц, Хоенцолерн и пограничната марка Позен-Западна Прусија. Со одлука на сојузниот контролен совет од 25 февруари 1947 година, пруската држава е укината и територијално расформирана.

Прусија
Preußen
1525–1947
Flag of Прусија
Знаме (1892–1918)
Грб (1701–1918) of Прусија
Грб (1701–1918)
Motto: Suum cuique  (лат.)
„Секому своето“
Прусија (сино) во цутот, како водечка земја во Германското Царство
Прусија (сино) во цутот, како водечка земја во Германското Царство
Главен градКенигсберг, подоцна Берлин
Говорени јазицигермански (службен)
Вероисповед
протестантство, римокатолицизам
Уредувањемонархија, демократија
Војвода 
• 1525–1568
Алберт I (прв)
• 1688–1701
Фридрих III (последен)
Крал1 
• 1701–1713
Фридрих I (прв)
• 1888–1918
Вилхелм II (последен)
Премиер 
• 1918–1920
Паул Хирш (прв)
• 1933–1945
Херман Геринг (последен)
Историски периоднов век - најнов век
10 април 1525
27 август 1618
18 јануари 1701
9 ноември 1918
• Укинување (де факто)
30 јануари 1934
• Укинување (де јуре)
25 февруари 1947
Површина
1939297.007 km2 (114,675 sq mi)
Население
• 1939
41.915.040
Денес дел одГерманија, Полска,
Русија, Литванија,
Данска, Белгија,
Чешка, Холандија, Швајцарија

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Историската основа на пруската држава ја чинела најпрво грофовијата Бранденбург (словенски: Бранибор), чии територии кон крајот на 12 век ги освоиле германските феудалци Албрехт Медвед и Хенрих Лав од Полапските Словени. На почетокот на 13 век, германскиот витешки (тевтонски) ред ја освоил и Источна Прусија каде го покориле литванското племе Пруси. Полапските Словени и литванските Пруси биле дел истребени, а дел претворени во кметови и германизирани. За да се држело многубројното население во ред, како и од тежнеењето за понатамошно продирање на исток, и Бранденбург и Источна Прусија од самиот почеток добиле карактер на воено-гранични области со цврсто воено уредување. Бранденбуршкиот гроф, во 14 век станал еден од најмоќните германски феудалци, па во 1356 ја добил титулата курфирст (изборен кнез), со право како еден од најголемите феудалци да учествува во изборот на германскиот цар. Во 1415, со грофовијата Бранденбург завладеал Фридрих Хоенцолерн, основач на идната германска династија Хоенцолерн, а во 1525 еден дел од оваа династија (Алберт), користејќи ја реформацијата, завладеал со Источна Прусија. Со спојувањето на Бранденбург и Источна Прусија (потполно во 1618) настанала државата Прусија. Таа постепено се развила во права воена држава и прво станала колевка на прускиот, а потоа и на германскиот милитаризам. Нејзините изборни кнезови, користејќи ја политичката распарченост на Германија, воделе безобѕирни војни, освојувајќи ги притоа соседните територии, така што државната територија на Прусија од Вестфалскиот мир од 1648 до крајот на XVIII век многу се зголемила.

Кралство Прусија

уреди

Зајакнетата Прусија од 1701 станала кралство. Напоредно со ширењето на државата, се зајакнувала и воената организација на Прусијата држава. Изборниот кнез Фридрих Вилхелм (кој владеел од 1640 до 1688) ги вовел првите постојани даноци и постојаната војска, чии офицери биле благородници (јункери), додека војниците биле мобилизирани кметовски селани. Кралот Фридрих Вилхелм I (владеел 1713-1740) вовел крут воен апсолутизам (40.000 луѓе биле под оружје) со кој јункерите брзо се помириле од потребата своите кметови да ги држат во уште поголема стега. За да добие повеќе буџетски средства за војската, Фридрих Вилхелм I протерал од земјата или отпуштил многу уметници, филозофи и професори; барал слепа послушност од војниците и граѓаните, прогласувајќи го начелото дека должност на граѓаните е да слушаат, а не да мислат. Кралот Фридрих II (владеел 1740-1786) нималку не отстапил од внатрешната и надворешна политика на своите претходници, иако спровел некои реформи во духот на просветениот апсолутизам. Значително ја проширил државата, освојувајќи ја од Австрија (во т.н. Војна за австриското наследство од 1740 до 1748) Шлеска, а од Полска (во т.н. Прва поделба на Полска од 1772) делови од западниот дел на земјата, со што Прусија влегува во редот на европските големи сили. Подоцна, во втората и третата делба на Полска (1793 и 1795), Прусија уште повеќе се проширила на исток, освојувајќи го Гдањск, Торуњ, Познањ и други полски градови. Француската буржоаска револуција и Наполеоновите војни сериозно го загрозиле феудалниот поредок во цела Германија, па и во Прусија во која селаните биле прави кметовски робови на јункерите. Затоа Прусија била првата феудална голема сила која ја започнала војната против револуционерната Франција (1792), а била и член на многуте феудални коалиции против неа. Особено тешки порази на Прусија и нанел Наполеон I (битките кај Јена, Ауерштет и падот на Берлин) во 1806, после што таа ги изгубила краевите западно од Лаба и полските земји. Меѓутоа, по наполеоновиот пад, пруската феудална држава била повторно реставрирана и по одредбите на Виенскиот конгрес (од 1815) е значајно проширена со придодавање на земјите на средна и долна Рајна, делови од Померанија и Саксонија, а обновен бил и прускиот милитаризам.

Обединување на Германија

уреди

По припојувањето на богатите Рајнски области, капиталистичкиот и индустрискиот развиток ја зафатил цела Прусија во толкава мерка што селаните со откуп почнале да се ослободуваат од кметовските обврски. Во врска со тој процес, сè повеќе се поставувало прашањето за политичкото обединување на Германија како основен предуслов за понатамошен капиталистички развиток. Прашањето било дали соединувањето ќе биде извршено под водство на Австрија или Прусија, кои во Германскиот Сојуз (Deutscher Bund) биле најголеми држави. Хегемонијата сè поочигледно преминувала на Прусија, па во 1834, под нејзино водство, е склопен Царинскиот сојуз (Zollverein) помеѓу сите германски држави (без Австрија), со што всушност е постигнато стопанско обединување на Германија. Иако револуцијата од 1848 сериозно ја зафатила и Германија, нејзиното политичко обединување не е остварено. По слабостите на германското демократско движење, тоа не можело да се изврши на револуционерен начин, со создавање на германски демократски републики, како што замислувале Карл Маркс, Либкнехт и А. Бабел, бидејќи пред сè германската буржоазија се плашела од револуцијата и така станала рано реакционерна и била спремна да склопи сојуз со јункерите. Обединувањето на Германија почнало да се остварува по револуционерен пат: освојувачките и династиските војни на чело со Прусија. На вакви основи, германското обединување преку "железо и крв" го спровел прускиот канцелар Ото фон Бизмарк. Тоа било извршено во две етапи: со победата на Прусија во Пруско-австриската војна од 1866 и со создавањето на Северногерманскиот Сојуз од германските држави северно од Мајна, и во 1871, со создавањето на Германското Царство под прускиот крал како германски крал во текот на Француско-пруската војна од 1870 до 1871.

Галерија на Владетели

уреди

Поврзано

уреди