Ален Бокшиќ
Ален Бокшиќ (роден на 21 јануари 1970, во Макарска) — поранешен хрватски фудбалер, кој настапувал на позицијата напаѓач. Тој бил познат по одличната техника и се смета за еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња.[1][2]
Ален Бокшиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 21 јануари 1970 | ||
Роден во | Макарска, СФРЈ | ||
Држава |
Југославија Хрватска (од 1991) | ||
Висина | м | 1,87||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 2003 (33 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1987-1991 | Хајдук Сплит | 174 | (60) |
1991-1992 | Кан | 1 | (0) |
1992-1993 | Олимпик Марсеј | 58 | (33) |
1993-1996 | Лацио | 67 | (17) |
1996-1997 | Јувентус | 22 | (3) |
1997-2000 | Лацио | 48 | (14) |
2000-2003 | Мидлсбро | 68 | (22) |
Репрезентација ‡ | |||
1988-1991 | Југославија 21 | 11 | (3) |
1990 | Југославија | 0 | (0) |
1993-2002 | Хрватска | 40 | (10) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Со Олимпик Марсеј Бокшиќ ја освоил Лигата на шампионите во сезоната 1992-1993 и на крајот на истата година завршил на четвртото место во изборот за Европски фудбалер на годината. Истата година бил прогласен за Хрватски фудбалер на годината. Потоа, тој играл во една од најсилните лиги во светот во тоа време, италијанската Серија А, каде освоил две скудета со Јувентус во 1997 и со Лацио во 2000 година. Тој исто така бил прогласен за еден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Серија А од 1980 година наваму.[3]
Иако бил избран во составот на Југославија за Светското првенство 1990 во Италија, сепак тогаш само 20-годишниот Бокшиќ не играл на турнирот, бидејќи селекторот Ивица Осим ги претпочитал поискусните играчи како опции во нападот. По распадот на Југославија и прогласувањето на независност од страна на Хрватска, Бокшиќ станал составен дел на репрезентацијата на Хрватска во 1990-тите години под водството на селекторот Мирослав Блажевиќ. Тој играл за Хрватска на Европското првенство 1996, но поради повреда која ја претрпел само неколку недели пред турнирот отпаднал од составот за Светското првенство 1998 во Франција, на кое коцкестите го освоиле третото место. Сепак, четири години подоцна на 32-годишна возраст, тој играл на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, појавувајќи се во сите три натпревари на својата земја во групната фаза, пред да се повлече од репрезентацијата само една година подоцна во 2003 година.
Технички одлики
уредиБокшиќ бил напаѓач кој го поседувал целиот фудбалски репертоар; тој бил динамичен, физички силен и плоден напаѓач, кој бил познат по својата техника, вештина, креативност, движење, моќ, издржливост и темпо, што му овозможувало да ја отвори противничката одбрана и да создаде простор за неговите соиграчи да можат да се уфрлат во нападот. И покрај неговите квалитети, тој еден период се нашол на критика на италијанските медиуми за неговиот повремен недостаток на точност пред противничките голови за време на своето време во Серија А. Исто така, бил доста склон кон повреди.[1][2][4][5][6][7][8][9][10][11][12][13][14]
Кариера
уредиХајдук Сплит
уредиБокшиќ е роден во Макарска и ја започнал својата кариера во клубот Змај од Макарска. Како млад, тој се преселил во Хајдук Сплит, за кого дебитирал во 1987 година. Тој освоил еден Куп на Југославија со сплитските бели во 1991 година, постигнувајќи го единствениот гол во финалето против Црвена Ѕвезда. Вкупно за Хајдук, Бокшиќ одиграл 111 натпревари и постигнал 30 голови.
Кан и Олимпик Марсеј
уредиТој се преселил во францускиот Кан пред почетокот на сезоната 1991-1992, но бил оневозможен од повреди да ги покаже својте квалитети и одиграл само еден натпревар за целата сезона.
Во летото 1992 година, Бокшиќ потпишал за Олимпик Марсеј. Во неговата прва сезона тој уживал голем успех со клубот: Бокшиќ бил најдобар стрелец во француското првенство со 23 постигнати гола, придонесувајќи за освојување на првенствената титула, но најголемиот успех бил освојувањето на титулата во Лигата на шампионите победувајќи го Милан со 1-0 во финалето одиграно во Минхен. Одличната сезона му донела сериозна кандидатура за добивање на Златната топка во 1993 година:[15] завршувајќи на крајот како четврти, само зад Роберто Баџо, Денис Бергкамп и Ерик Кантона.[16]
Во сезоната 1993-1994, тој одиграл уште 12 натпревари во лигата за Марсеј до ноември 1993 година, кога го напуштил клубот. Неговото заминување било во пресрет на еден од најголемите клупски скандали во историјата на фудбалот. Во 1994 година, поради финансиски нерегуларности и скандал со наместен натпревар во кој бил вклучен тогашниот претседател на Олимпик Марсеј, Бернар Тапије, клубот бил административно исфрлен во втората лига на Франција и му била одземена титулата во француското првенство за сезоната 1992-1993.
Лацио
уредиВо декември 1993, Бокшиќ потпишал за италијанскиот Лацио, во трансфер вреден 15 милјарди италијански лири. Своето деби во Серија А го имал против Наполи на 7 ноември. Во неговата прва полусезона со Лацио, Бокшиќ одиграл 21 натпревар и постигнал 4 гола, помагајќи му на Лацио да заврши на четвртото место во лигата.
Во сезоната 1994-1995, под водството на тренерот Зденек Земан, Бокшиќ одиграл важна улога во остварувањето на најдобриот клупски резултат на лацијалите во Серија А уште од 1974 година. Тие завршиле на второто место зад Јувентус, а Бокшиќ постигнал 9 гола во текот на оваа сезона и бил дел од напаѓачкото трио кое го сочинувале тој, Џузепе Сињори и Пјерлујџи Казираги; сите заедно тие постигнале 38 гола во Серија А.
И покрај тоа што оставил добар впечаток, Бокшиќ во својте први три години во Италија во дресот на Лацио не го потврдил чувството за гол кое го покажал во Франција, постигнувајќи многу помалку голови - само 19 за три години.
Јувентус
уредиВо 1996 тој преминал во Јувентус за 14 милијарди лири. Под водството на Марчело Липи, Бокшиќ успеал да освои три титули со бјанконерите во сезоната 1996-1997: Интерконтиненталниот куп, Суперкупот на УЕФА и првото скудето. Клубот, исто така, стигнал и до финалето на Лигата на шампионите, што било второ за Бокшиќ во кариерата, но таму загубиле од Борусија Дортмунд; тој го започнал натпреварот како партнер во нападот на Кристијан Виери и играл до 88-мата минута, а исто така забележал и асистенција за единствениот гол на Јувентус во финалето кој го постигнал Алесандро Дел Пјеро. Бокшиќ постигнал 3 гола на патот до титулата во Серија А, од кој најважен бил оној за минимална победа (0-1) на гостувањето кај Болоња во 28-мото коло од првенството.[17] Вкупно хрватот постигнал 7 гола во дресот на Јувентус, и не успеал да ја импресионира околината на клубот, меѓудругото и поради бројните здравствени и физички проблеми.
Враќање во Лацио
уредиВо 1997 година, Бокшиќ се вратил во Лацио, кој сега бил со нов тренер Свен-Јоран Ериксон, во трансфер вреден 25 милјарди лири.[18] Во првата година по враќањето во Рим, тој постигнал 10 голови во Серија А што бил негов рекорд во Италија, но на крајот на сезоната тој претрпел сериозна повреда на коленото, која го принудила да го прескокне и Светското првенство 1998 со својата репрезентација.[18] Иако сезоната 1997-1998, завршила триумфално за Лацио со освојувањето на Купот на Италија, Бокшиќ поради споменатата повреда не бил во можност да игра во финалните натпревари, но со 5 гола бил најдобар стрелец на клубот на патот до титулата.
Во сезоната 1998-1999, Лацио завршил на второто место во лигата и ги освоил Суперкупот на Италија и Купот на победниците на куповите. Сепак, поради физички проблеми, тој бил отсутен во поголемиот дел од првенството, забележувајќи само 6 настапи и 1 гол за целата сезона.[19] Следната сезона Бокшиќ постигнал 4 гола на 19 натпревари во Серија А, помагајќи му на Лацио да го освои своето второ скудето во клупската историја.
Во вториот тригодишен престој во Лацио, тој постигнал вкупно 24 гола, пет повеќе отколку во периодот 1993-1996.
Мидлсбро
уредиПо седум години во Италија, во 2000 година, Бокшиќ потпишал за англискиот Мидлсбро за сума од 2.500.000 фунти. По доаѓањето во Премиер лигата, според некој медиуми тој станал најплатениот играч во англискиот фудбал заработувајќи 63.000 фунти неделно.[20] Тој одиграл три сезони во дресот на Мидлсбро, во кој на 68 натпревари во Премиер лигата постигнал 22 гола.
Својата кариера ја завршил во 2003 година, со вкупно 433 одиграни натпревари и 134 постигнати голови.
Репрезентативна кариера
уредиПред хрватската независност тој бил југословенски државјанин и неколкупати бил повикуван во репрезентацијата на Југославија, а меѓу останато тој се нашол во составот на селекторот Ивица Осим за Светското првенство 1990. Сепак, и покрај добиените повици тој никогаш не заиграл за Југославија, првенствено затоа што бил многу млад и селекторот повеќе им верувал на поискусните напаѓачи како Златко Вујовиќ и Дарко Панчев, но има настапи за репрезентацијата под 21 година.
Со Хрватска тој учествувал на Европското првенство 1996 и Светското првенство 2002; тој бил принуден да го пропушти Светското првенство 1998, на кое хрватите го освоиле третото место, поради повреда со која се здобил непосредно пред почетокот на турнирот.[18] Вкупно за Хрватска, Бокшиќ одиграл 40 натпревари и постигнал 10 гола.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1986-1987 | Хајдук Сплит | ПЛЈ | 1 | 0 | КЈ | 0 | 0 | КУ | 0 | 0 | - | - | - | 1 | 0 |
1987-1988 | ПЛЈ | 13 | 2 | КЈ | 0 | 0 | КПК | 0 | 0 | - | - | - | 13 | 2 | |
1988-1989 | ПЛЈ | 26 | 7 | КЈ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 27 | 7 | |
1989-1990 | ПЛЈ | 27 | 12 | КЈ | 7 | 1 | - | - | - | - | - | - | 34 | 13 | |
1990-1991 | ПЛЈ | 29 | 6 | КЈ | 7 | 2 | - | - | - | - | - | - | 36 | 8 | |
Вкупно Хајдук Сплит | 96 | 27 | 15 | 3 | - | - | - | - | 111 | 30 | |||||
1991-1992 | Кан | Д1 | 1 | 0 | КФ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
1992-1993 | Олимпик Марсеј | Д1 | 37 | 23 | КФ | 1 | 0 | ЛШ | 8 | 6 | - | - | - | 46 | 29 |
јул.-ное. 1993 | Д1 | 12 | 3 | КФ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 12 | 3 | |
Вкупно Марсеј | 49 | 26 | 1 | 0 | 8 | 6 | - | - | 58 | 32 | |||||
ное. 1993-1994 | Лацио | А | 21 | 4 | КИ | 0 | 0 | КУ | 0 | 0 | - | - | - | 21 | 4 |
1994-1995 | А | 23 | 9 | КИ | 4 | 0 | КУ | 6 | 2 | - | - | - | 33 | 11 | |
1995-1996 | А | 23 | 4 | КИ | 1 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 26 | 4 | |
1996-1997 | Јувентус | А | 22 | 3 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 8 | 4 | СУ+ИнтК | 0+1 | 0+0 | 33 | 7 |
1997-1998 | Лацио | А | 26 | 10 | КИ | 6 | 5 | КУ | 6 | 0 | - | - | - | 38 | 15 |
1998-1999 | А | 3 | 0 | КИ | 0 | 0 | КПК | 3 | 1 | СИ | 0 | 0 | 6 | 1 | |
1999-2000 | А | 19 | 4 | КИ | 4 | 3 | ЛШ | 10 | 1 | СУ | 0 | 0 | 33 | 8 | |
Вкупно Лацио | 115 | 31 | 15 | 8 | 27 | 4 | - | - | 157 | 43 | |||||
2000-2001 | Мидлсбро | ПЛ | 28 | 12 | ФАКуп+ЛК | 3+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 12 |
2001-2002 | ПЛ | 22 | 8 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 23 | 8 | |
2002-2003 | ПЛ | 18 | 2 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 19 | 2 | |
Вкупно | 68 | 22 | 5 | 0 | - | - | - | - | 73 | 22 | |||||
Вкупно во кариера | 351 | 109 | 38 | 11 | 43 | 14 | 1 | 0 | 433 | 134 |
Репрезентативна статистика
уредиФудбалска репрезентација на Хрватска | ||
---|---|---|
Год. | Наст | Гол |
1993 | 1 | 0 |
1994 | 4 | 0 |
1995 | 6 | 2 |
1996 | 5 | 2 |
1997 | 7 | 2 |
1998 | 1 | 1 |
1999 | 5 | 1 |
2000 | 4 | 1 |
2001 | 2 | 1 |
2002 | 5 | 0 |
Вкупно | 40 | 10 |
Титули
уреди
КлупскиуредиХајдук Сплитуреди
Марсејуреди
Јувентусуреди
Лациоуреди
|
Поединечниуреди
|
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Deset najboljih nogometaša u samostalnoj Hrvatskoj“. Sportnet.hr. Архивирано од изворникот на 2016-07-01. Посетено на 26 February 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Stefano Bedeschi (21 January 2014). „Gli eroi in bianconero: Alen BOKSIC“ (италијански). Tutto Juve. Посетено на 3 June 2016.
- ↑ „Top 50 Foreign Soccer Players in Italy“. Football Italia. Посетено на 26 February 2013.
- ↑ Stefano Chioffi (12 октомври 2009). „Mandzukic, il "nuovo Boksic" della Dinamo Zagabria“ (италијански). Il Corriere dello Sport. Архивирано од изворникот на 27 март 2017. Посетено на 15 март 2017.
- ↑ CLAUDIO GIACCHINO (19 October 2010). „INTER È IN ARRIVO LA SUPERSFIDA“. La Stampa (италијански). стр. 31. Архивирано од изворникот на 2017-08-01. Посетено на 15 March 2017.
- ↑ „Boksic miglior laziale, poi Marchegiani Galli, Fusi, Sordo che robusta diga“. La Stampa (италијански). 22 November 1993. стр. 5. Архивирано од изворникот на 2017-08-30. Посетено на 15 March 2017.
- ↑ Chris Flanagan (11 January 2018). „Serie A in the '90s: when Baggio, Batistuta and Italian football ruled the world“. FourFourTwo. Посетено на 13 January 2018.
- ↑ „METAMORFOSI BOKSIC ' QUI MI ALLENO AL GOL'“ (италијански). La Repubblica. 13 September 1996. Посетено на 14 January 2018.
- ↑ „BOKSIC, VELENO PER ZEMAN“ (италијански). La Repubblica. 11 June 1996. Посетено на 14 January 2017.
- ↑ Corrado Sannucci (9 April 1999). „Gol, l' aspettavo da un anno“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 14 January 2018.
- ↑ Claudio Giacchino (19 October 1996). „Pagliuca: l'incubo è Boksic“ (италијански). La Stampa. стр. 31.
- ↑ Fabio Vergnano (3 September 1996). „Boksic: non ho l'incubo-gol“ (италијански). La Stampa. стр. 28.
- ↑ Marco Ansaldo (21 April 1997). „Juve, è Boksic l'arma in più“ (италијански). La Stampa. стр. 26.
- ↑ Cancian, Dan (13 March 2019). „Alen Bokšić: the brilliant prototype built to play in another decade“. thesefootballtimes.co. Посетено на 30 January 2020.
- ↑ „Un gran corteo dietro a Re Baggio“. La Stampa. 22 декември 1993. стр. 29.
- ↑ Marco Ansaldo (27 декември 1993). „È Baggio la stella d'Europa“. La Stampa. стр. 1, sez. lunedìsport.
- ↑ Franco Badolato (10 мај 1997). „Boksic: Juve, ti lancio nello sprint decisivo“. La Stampa. стр. 36.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 Piero Serantoni (28 декември 1998). „Boksic, una stella a valore zero“. La Stampa. стр. 29.
- ↑ Corrado Sannucci (9 април 1999). „Gol, l'aspettavo da un anno“. la Repubblica. стр. 7.
- ↑ „Alen Boksic“ (англиски). Forbes. 10 април 2001. Посетено на 23 мај 2020.