Рубикон
Рубикон (латински: Rubico) е мала река на север на Италија. Таа имала посебно значење во римското право, бидејќи ниту еден генерал немал овластување да ја премине со своите трупи. Почнувајќи од 59 п.н.е., служела како граница меѓу римските провинции и Кисалпска Галија; законот на тој начин го штител Рим од внатрешните воени закани. Таа станала позната кога Јулиј Цезар ја поминал со својата легија под оружје на 10 јануари 49 п.н.е. по углед на Гнеј Помпеј Велики. Со тоа го прекршил законот на Римскиот сенат. Според историчарот Светониј, откако ја преминал реката, тој ја изговорил познатата фраза: Коцката е фрлена („Alea iacta est“).
Оттогаш постои израз „да ја премине Рубикон“ кој го надживеал тогашниот Рим, па и денес се користи за човек кој се впушта во акција со ризични последици.
За време на Римската Империја, Рубикон се влевал во Јадранско Море помеѓу Римини (Ариминиум) и Чезена (Кезена). Сегашниот соодветен тек често се оспорува. Главно се врзува со реката Писјатели, која извира на истата планина и тече паралелно во двете долини за да се спои на нивото на морето во местото Гатео.