Лав IV Хазар
Лав IV (грчки: Λέων Δ΄), (25 јануари 750 во Цариград - 8 септември 780 во Цариград) бил византиски цар кој владеел во периодот од 741 до 775 година.
Лав IV | |
---|---|
Византиски цар | |
На престол | 25 март 775 – 18 јуни 780 |
Претходник | Константин V Копроним |
Наследник | Константин VI Слепиот |
Роден(а) | 25 јануари 750 |
Починал(а) | 8 септември 780 (30 години) |
Придружник | Ирина |
Деца | Константин VI Слепиот |
Династија | Сириска династија |
Татко | Константин V Копроним |
Мајка | Ирина Хазарска |
Рани години
уредиЛав IV е познат како Лав IV Хазар. Тој бил син на византискиот царот Константин V Копроним од првата сопруга Чичак - Ирина Хазарска[1], потомка на хазарски владетел. Во 751 година малолетниот Лав бил крунисан од татка си за соцар и наследник. Тој бил свршен за ќерката на францускиот крал Пипин Малиот, но веридбата пропаднала. На 25 март 775 година Лав IV го наследил престолот откако неговиот татко починал[2].
Управување
уредиВо управувањето на Лав IV војниците на Византија биле ангажирани во судирите со Арапите во Сирија и Мала Азија, додека походите против Бугарите биле прекинати[3][4].
Лав бил оженет за Ирина, од која имал син, идниот Константин VI Слепиот, кој како свој наследник односно соцар го прогласил во 776 година[2]. Ова довело до неуспешен бунт меѓу цезарите, полубраќа на царот, кои биле замонашени и заточени во Херсон[5].
Во неговото кратко владеење било прекинато пргпнот на иконопочитателите[6][7]. Според зборовите на Теофан Исповедник "царот Лав за кратко време се покажал како побожен и љубител на Богородица и монасите. Не долго после до неговата смрт тој го изменил а тоа и го продолжи прогонството на иконопочитателите. Набргу потоа карбункули (антракс) ја покри неговата глаба по кое тгој се разболе и почина". (Теофан: 768; 772[8])
Причина за болеста, според Теофан, била неговата желба да ја поседува круната на Маврикиј, која била погребана заедно со телото на царот Ираклиј I. Круната била извадена од гробот и Лав, положувајќи ја на главата, добил труење. Според други верзии царот бил отровен, или веќе бил болен кога се качил на престолот[9] или, според легендата, починал поради треска предизвикана од проклетство[10] , откако зел скапоцен камен од икона во црквата Света Софија.
Наводи
уреди- ↑ „Roman Emperors - DIR Irene (wife of Leo III)“. roman-emperors.org.
- ↑ 2,0 2,1 The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), p 135-136.
- ↑ „Roman Emperors - DIR Leo III“. roman-emperors.org.
- ↑ A History of Byzantium (second edition): Timothy E. Gregory (Blackwell, 2010), p 213.
- ↑ The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), 137.
- ↑ Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071): Romilly Jenkins (Weidenfeld and Nicoloson, 1966), p 92.
- ↑ The Byzantine Revival: Warren Treadgold (Stanford University Press, 1988), p 5.
- ↑ „Roman Emperors - DIR Leo III“. roman-emperors.org.
- ↑ Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071): Romilly Jenkins (Weidenfeld and Nicoloson, 1966), p 90.
- ↑ The Byzantine Revival: Warren Treadgold (Stanford University Press, 1988), p 6.
Извори
уреди„Лав IV Хазар“ на Ризницата ? |
- Garland, Lynda, Irene of Athens, at roman-emperors.org
- Garland, Lynda, Leo IV, at roman-emperors.org
- Jenkins, Romilly, Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071), Weidenfeld and Nicoloson, 1966.
- Treadgold, Warren, The Byzantine Revival, Stanford University Press, 1988.
- The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813), Tr. Harry Turtledove University of Pennsylvania Press, 1982.