Декан (латински: decanus, грчки: δεϰάρχης) ― управник на факултет што се избира од редот на професорите и има мандат на определено време.[1]

Потекло на поимот

уреди

Првично декан бил главешина на дружина од десет војници или калуѓери. Подоцна, во средниот век називот се задржал во манастирите кои често биле многу големи и во кои можело да има и по стотина калуѓери. За полесно управување, калуѓерите биле организирани во групи по десет чиј поглавар бил калуѓер наречен „деканус“.

Кога од некогашните манастирски училишта се развиле универзитетите, називот „декан“ продолжил да се користи за разни административни челници во тие образовни установи.

Македонија

уреди

На македонските универзитет, декан е челник на факултет кој може да вклучува повеќе академски оддели. Деканот го бира Наставно-научниот совет на факултетот, а изборот го потврдува ректорот на универзитетот. Деканот го претставува факултетот, ги води седниците на факултетската управа, води сметка за примена на статутот.

Покрај деканот, се бира и одреден број на продекани[1] за одредени области (настава, финансии...) кои заедно го сочинуваат деканатот.

Наводи

уреди