Методи Поповски
политичар
Методи Поповски - Мајка (4 мај 1909 - 2 јануари 1987) — командант од Народноослободителната војска на Македонија (НОАВМ). Во 1941 година се приклучил на НОД и НОБ, поради што е уапсен и интерниран (1942-1943). По враќането заминал во партизани и станал заменик командант на чета, командант на Прилепскиот баталјон „Мирче Ацев“, а потоа и командант на Петта македонска народно-ослободителна бригада (август-октомври 1944), како и командант на Кумановската дивизија на НОВЈ. Делегат на Првото заседание на АСНОМ. По ослободувањето бил офицер во ЈНА и началник на Народната милиција на НРМ.[1]
Методи Поповски | ||
Роден | Методи Поповски 4 мај 1909 Прилеп | |
---|---|---|
Починал | 2 јануари 1987 Скопје |
Наводи
уреди- ↑ Втора македонска ударна бригада. Сеќавања и документи, Скопје, 1973
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |