Адријано Малори

италијански велосипедист

Адријано Малори (италијански: Adriano Malori; р. 28 јануари 1988 во Парма) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2010-2017.[1]

Адријано Малори
Малори во 2013 година
Лични податоци
Цело имеАдријано Малори
Роден28 јануари 1988 (1988-01-28) (32 г.)
Парма,  Италија
Висина1,82 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2007–2009
2009
С.К. Филмоп
Лампре-НГЦ (стажант)
Професионални клубови
2010–2013
2014–2017
Лампре-Фарнезе Вини
Мовистар Тим
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2014)

Етапни трки

Трка околу Баварија (2013)

Еднодневни трки и класици

MaillotItalia.svg Национален хронометарски првак (2011, 2014, 2015)

КариераУреди

Тој бил последен возач на Тур де Франс 2010, завршувајќи скоро четири и пол часови зад победникот Енди Шлек (Леопард Трек).

Возејќи за екипата Лампре-Мерида од август 2009, Малори ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013[2] и му се приклучил на Мовистар Тим.[3] Го освоил завршниот поединечен хронометар на Вуелта а Еспања 2014.[4]

На 23 јануари 2016 година, на Тур де Сан Луис, Малори доживеал тежок пад предводејќи ја групата. Неговото предно тркало зафатило во пукнатина на патот и прелетал преку неговиот велосипед, паѓајќи на глава. Бил ставен во вештачка кома.[5] Три дена подоцна бил преместен во специјална клиника во Буенос Аирес. Извештаите наведувале дека докторите пронашле дека повредата на главата не била последица, туку причина за падот, наведувајќи можна аневризма.[6] Меѓутоа, екипата ги демантирала тие извештаи, велејќи дека оштетувањето на патот биле причина за падот.[7] Во август, Малори објавил дека ќе се врати на трките следниот месец на ГП Квебек и Монтреал.[8]

Малори го најавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам на 10 јули 2017 година поради повреда.[1]

ДостигнувањаУреди

2007
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Светско хронометарско првенство под 23 години
2008
1.   Светско хронометарско првенство
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Хроно Шампеноа
2009
1. Хроно Шампеноа
1. Етапа 1 (ITT) Џиро дела Вале д’Аоста
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
4. Светско хронометарско првенство
2010
2. Краен пласман Трка околу Баварија
3. Национални хронометарско првенство
2011
1.   Национално хронометарско првенство
5. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 4 (ITT)
2012
2. Национално хронометарско првенство
10. Светско хронометарско првенство
2013
1. Краен пласман   Трка околу Баварија
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 4 (ITT) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
3. Национално хронометарско првенство
8. Светско хронометарско првенство
2014
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 5 (ITT) Тур де Сан Луис
1. Етапа 7 (ITT) Тирено-Адријатико
1. Етапа 3 Рут ду Суд
Вуелта а Еспања
1. Етапа 21 (ITT)
  Награда за борбеност на етапа 21 (ITT)
7. Краен пласман Дубаи Тур
2015
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 5 (ITT) Тур де Сан Луис
1. Етапа 1 (ITT) Тирено-Адријатико
1. Етапа 2б (ITT) Сиркут де ла Сарт
2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
1. Етапа 4 (ITT)
2.   Светско хронометарско првенство
3.   Светско првенство во екипен хронометар
7. Хроно де Насионс
1.   Екипен пласман Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро 68 121
  Тур 169 90 СО 107
  Вуелта 114

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Malori starts new chapter in life“. Movistar Team. 10 јули 2017. Посетено на 10 јули 2017.
  2. „Лампре-Мерида (LAM) – ITA“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 6 јануари 2013.
  3. „Malori, direction of the Movistar Team“. Biciciclismo (шпански). Cycling Total comunicación y servicios S.L. 7 август 2013. Посетено на 9 август 2013.
  4. „Контадор ја запечати победата на Вуелта а Еспања 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 септември 2014. Посетено на 14 септември 2014.
  5. „Malori showing signs of improvement after Tour de San Luis crash“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 23 јануари 2016. Посетено на 23 јануари 2016.
  6. Флечер, Патрик (26 јануари 2016). „Malori transferred to specialised clinic in Buenos Aires“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 26 јануари 2016. Посетено на 26 јануари 2016.
  7. Флечер, Патрик (26 јануари 2016). „Malori transferred to specialised clinic in Buenos Aires“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 5 февруари 2016.
  8. Фаранд, Стивен (30 август 2016). „Malori makes emotional journey from wheelchair to start line“. cyclingnews.com. Посетено на 31 август 2016.

Надворешни врскиУреди