Ѓело Јусиќ
Ѓевалхудин Јусиќ (хрватски: Đevalhudin Jusić), познат како Ѓело Јусиќ (хрватски: Đelo Jusić, 26 јануари 1939, Дубровник - 31 мај 2019) бил хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист.[1]
Животопис
уредиЃело Јусиќ е роден во Дубровник. Неговата ќерка, Дубравка Јусиќ, исто така е поп-музичарка. Јусиќ починал на 31 мај 2019 година.[2]
Музичка кариера
уредиЈусиќ почнал да се занимава со музика во 1960-тите, како основач на групата Дубровачки трубадури (Dubrovački trubaduri).[1] Музичката инспирација ја црпел од родниот град и дал значаен придонес кон подемот на средоземната струја во хрватската популарна музика. Во 2007 година ја добил наградата „Порин“ (Porin) за животно дело.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „porin.info, Đelo Jusić (пристапено на 15.4.2012)“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2019-06-02.
- ↑ Kako nam je Đelo Jusić govorio o smislu života: 'Moji unuci su moj đardin s najlepšim cvijećem'
- ↑ „porin.info, Dobitnici nagrada za životno djelo (пристапено на 15.4.2012)“. Архивирано од изворникот на 2013-04-11. Посетено на 2019-06-02.