Википедија:На денешен ден/Архива/Октомври
Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“
Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.
Настани
331 п.н.е. | Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела. |
1795 | Белгија е освоена од Франција. |
1827 | Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија. |
1869 | Австрија ги издава првите разгледници во светот. |
1880 | Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон. |
1891 | Во Калифорнија се отвора Стенфорскиот универзитет. |
1908 | Форд го претставува „Модел Т“, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од 825 долари, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство. |
1943 | Околу 4.000 балисти, заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ, Кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија. |
1943 | Петтата армија на САД го зазема Неапол (Италија). |
1949 | Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина. |
1989 | Во Данска е озаконет истополовиот брак. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“. |
Родени
Починале
1404 | Папа Бонифациј IX — римски папа. |
1684 | Пјер Корнеј — француски писател. |
1708 | Џон Блоу — британски композитор. |
1808 | Карл Готхард Лангханс — пруски архитект. |
1923 | Ефрем Чучков — македонски револуционер и војвода од ВМРО. |
1970 | Петар Коњовиќ — српски композитор. |
1979 | Прегуњо — бразилски фудбалер. |
1984 | Благоје Марјановиќ — српски фудбалер. |
1986 | Тришо Стојановски — македонски писател. |
1988 | Павле Вуисиќ — југословенски и српски глумец. |
1994 | Пол Лорензен — германски филозоф. |
2003 | Анте Поповски — македонски поет. |
2007 | Ал Ертер — американски атлетичар. |
Настани
1187 | Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна. |
1535 | Пловејќи низводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада. |
1608 | Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Липерсхеј го демонстрира првиот употреблив телескоп. Познатиот Галилеј првиот вков далекуглед го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката. |
1935 | Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка. |
1944 | Нацистите го задушуваат Варшавското востание. |
1990 | Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица |
1991 | Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна. |
1992 | Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија. |
Родени
Починале
1629 | Антонио Цифра — италијански композитор |
1264 | Папа Урбан IV — римски папа. |
1804 | Никола Кињо — француски изумител, конструктор на првото самоодно парно возило. |
1850 | Сара Бифен — англиски уметник. |
1927 | Сванте Арениус — шведски физичар. |
1962 | Борис Ј. Букреев — руски математичар. |
1965 | Оскар Ланге — полски економист. |
1968 | марсел Дишан — француско-американски сликар и писател. |
1973 | Паво Нурми — фински атлетичар. |
1985 | Рок Хадсон — американски глумец. |
1991 | Димитриј — цариградски патријарх. |
2001 | Франц Библ — германски композитор |
2007 | Катерина — грчка принцеза. |
2017 | Том Пети — американски рок-музичар. |
Настани
1873 | Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок. |
1918 | Царот Борис III го презема бугарскиот престол |
1929 | Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени). |
1932 | Ирак добива независност од Британија. |
1943 | Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, одликите на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба. |
1954 | Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт. |
1995 | Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. |
1995 | Франција, наспроти меѓународниот притисок против јадрени тестирања, изврши нова јадрена проба во јужниот Тихи Океан. |
Родени
Починале
1690 | Роберт Баркли, шкотски писател. |
1701 | Џозеф Вилијамсон — англиски политичар. |
1910 | Жан Анри Дигнан — швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и добитник на Нобеловата награда за мир во 1901 година. |
1931 | Карл Ниелсен — дански композитор. |
1994 | Даб Тејлор — американски глумец. |
2004 | Џенет Ли — американска глумица. |
2016 | Љупка Димитровска — македонско-хрватска пејачка. |
Настани
1725 | Формирање на Росарио во Аргентина. |
1824 | Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив „Соединети Мексикански Држави“. |
1883 | Првото патување на возот „Ориент Експрес“. |
1940 | Средба на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини кај преминот Бренер со цел да го прослават „Челичниот пакт“. |
1941 | Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски. |
1957 | Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит „Спутник 1“ со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми. |
1993 | Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите. |
Родени
1289 | Луј X — француски крал. |
1657 | Франческо Солимена — италијански уметник. |
1720 | Џовани Батиста Пиранези — италијански графичар. |
1861 | Фредерик Ремингтон — американски уметник. |
1886 | Луис Алберни — шпански глумец. |
1895 | Бастер Китон — американски глумец и режисер. |
1923 | Чарлтон Хестон — американски глумец. |
1940 | Силвио Марцолини — аргентински фудбалер. |
1946 | Сузан Сарандон — американска глумица. |
1948 | Јован Колунџија — српски виолинист. |
1955 | Хорхе Валдано — аргентински фудбалер. |
1956 | Ханс ван Брукелен — холандски фудбалски голман. |
1961 | Зоран Вулиќ — хрватски и југословенски фудбалер. |
1963 | А. Ц. Грин — американски кошаркар. |
1973 | Крис Паркс — американски борач. |
1976 | Мауро Каморанези — италијанско-аргентински фудбалер. |
1980 | Томаш Росицки — чешки фудбалер. |
1984 | Ленче Илкова — македонска ракометарка. |
1987 | Жилјен Симон — француски велосипедист. |
1988 | Џанер Еркин — турски фудбалер. |
1997 | Никола Влашиќ — хрватски фудбалер. |
Починале
1669 | Харменсон ван Рајн Рембрант — холандски сликар. |
1821 | Џон Рени — шкотски инженер. |
1944 | Ал Смит — американски политичар. |
1947 | Макс Планк — германски физичар. |
1951 | Вили Морети — американски гангстер. |
1970 | Џенис Џоплин — американска рок-пејачка. |
1974 | Ен Секстон — американска поетеса. |
1996 | Силвио Пјола — италијански фудбалер. |
2004 | Гордон Купер — американски космонаут. |
2020 | Кензо Такада — јапонско-француски моден дизајнер. |
2022 | Лорета Лин — американска музичарка. |
Настани
1502 | На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. |
1582 | Според предлозите на комисија од врвни астрономи, папата Григориј XIII извршил реформа на јулијанскиот календар поради разликата во траењето на календарската (јулијанска) и природната година. Поради тоа, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија деновите од 5. до 14 октомври во 1582. година се прескокнати. |
1864 | Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60.000 жртви. |
1910 | Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република. |
1912 | Потписничките на Балканскиот сојуз — Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција — ѝ предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна. |
1915 | Бугарија влегува во Првата светска војна како една од Централните сили. |
1962 | Во Велика Британија е прикажан првиот филм со Џејмс Бонд — „Д-р Но“. |
1991 | Издадена е првата официјална верзија на Линуксово јадро, верзија 0.02. |
1994 | Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во Националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. |
1995 | Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. |
1997 | Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Македонски во срцето на средоземниот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е. |
2007 | На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25.000 посетители, македонската музичка суперѕвезда Тоше Проески го одржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата. |
Родени
1695 | Џон Глас — шкотски министер. |
1703 | Џонатан Едвардс — американски свештеник. |
1820 | Дејвид Вилбер — американски политичар. |
1901 | Џон Алтон — американски кинематограф. |
1907 | Рагнар Нурске — естонски економист. |
1908 | Џошуа Логан — американски филмски режисер и писател. |
1925 | Бил Диксон — американски џез-музичар. |
1930 | Павел Попович — советски космонаут. |
1936 | Вацлав Хавел — чешки писател и политичар. |
1940 | Милена Дравиќ — српска театарска и филмска глумица. |
1951 | Боб Гелдоф — ирски рок-музичар. |
1960 | Карека — бразилски фудбалер. |
1966 | Инеса Кравец — украинска атлетичарка. |
1971 | Маурисио Пелегрино — аргентински фудбалер и тренер. |
1976 | Никола Рицоли — италијански фудбалски судија. |
1975 | Кејт Винслет — англиска глумица. |
1986 | Руј Кошта — португалски велосипедист. |
1986 | Никита Курбанов — руски кошаркар. |
1989 | Даниеле Рато — италијански велосипедист. |
Починале
1565 | Лодовико Ферари — италијански математичар |
1606 | Филип Депорт — француски поет |
1880 | Жак Офенбах — француски композитор од германско потекло кој се смета за „татко на операта“. Негови најзначајни остварувања се оперетите „Убавата Елена“ и фантастичната опера „Хофмановите приказни“. |
1926 | Мари Јасаи — унгарска глумица. |
1933 | Рене Адоре — француска глумица. |
1934 | Жан Виго — француски режисер. |
1957 | Хосе Леандро Андраде — уругвајски фудбалер. |
1986 | Мајк Бургман — австралиски тркач. |
Настани
1582 | Поради воведувањето на реформите во календарот, подоцна наречени грегоријански календар според папата Грегор XIII, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија овој ден во 1582. година е прескокнат. |
1600 | Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри VI со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта „Евридика“, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери. |
1889 | Томас Едисон го покажува неговиот прв филм (слики во движење). |
1908 | Австрија ги анексира Босна и Херцеговина. |
1943 | Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други. |
1981 | Во текот на воена парада, убиен е претседателот на Египет Анвар ал-Садат од исламски радикали во војската. |
Родени
1459 | Мартин Бехајм — германски морепловец и географ. |
1769 | Исак Брок — британски командант. |
1887 | Ле Корбизје — швајцарско-француски архитект. |
1888 | Роланд Гарос — француски пилот. |
1889 | Марија Домбровска — полска писателка. |
1919 | Томи Лотон — англиски фудбалер. |
1937 | Иво Данеу — словенечки и југословенски кошаркар. |
1955 | Бранко Чрнац Туста — хрватски рок-пејач, член на групата КУД Идијоти. |
1965 | Јирген Колер — германски фудбалер. |
1967 | Кенет Андерсон — шведски фудбалер. |
1971 | Алан Стабс — англиски фудбалер. |
1973 | Џеф Дејвис — американски комичар. |
1997 | Тео Ернандес — француски фудбалер. |
Починале
1014 | Самуил — македонски цар |
1891 | Чарлс Стјуарт Парнел — ирски политичар |
1943 | Јосиф Јосифовски - Свештарот — народен херој на Македонија. |
1973 | Сидни Блекмер — американски глумец |
2006 | Вилсон Такер — американски писател |
2007 | Лаза Ристовски — српски рок-музичар, член на групите Смак и Бијело дугме (р. 1956). |
2018 | Скот Вилсон — американски глумец. |
2019 | Џинџер Бејкер — британски рок-музичар. |
2024 | Јохан Нескенс — холандски фудбалер. |
Настани
1492 | Кристофер Колумбо ја одминува Флорида при промена на курсот. |
1506 | Папата Јулиј II и Франција ја окупираат Болоња. |
1769 | Англискиот истражувач Џејмс Кук го открива Нов Зеланд. |
1840 | Вилем II станува крал на Холандија. |
1886 | Шпанија го укинува ропството во Куба. |
1931 | Направена првата инфрацрвена фотографија во Рочестер, Њујорк. |
1943 | Кај кумановското селото Драгоманце кумановскиот партизански одред води битка против четниците. Загинале 9 четници, а 5 преминале во партизани. |
1991 | Европската Заедница ѝ става ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА, заканувајќи се со економски санкции. |
1993 | Основана Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал. |
Родени
1576 | Џон Марстон — англиски писател. |
1748 | Карл XIII — крал на Шведска. |
1885 | Нилс Бор — дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот. |
1910 | Ѓорѓи Абаџиев — македонски писател, публицист и историчар. |
1914 | Михајло Лалиќ — црногорски, српски и југословенски писател. |
1932 | Стеван Хорват — српски и југословенски борач во грчко-римски стил. |
1951 | Џон Кугар Меленкамп — американски рок-музичар. |
1952 | Људмила Туришчева — советска гимнастичарка. |
1957 | Фарук Хаџибегиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1960 | Виктор Лазло — белгиски пејач. |
1966 | Кул Кит — американски рапер. |
1967 | Тони Бракстон — американска пејачка. |
1968 | Том Јорк — англиски рок-музичар, член на групата „Рејдиохед“ (Radiohead). |
1973 | Дида — бразилски фудбалски голман. |
1976 | Сантјаго Солари — аргентински фудбалер и тренер. |
1984 | Мауро Сантамброџо — италијански велосипедист. |
1987 | Горка Изагире — шпански велосипедист. |
1988 | Диего Коста — шпански фудбалер со бразилско потекло. |
1993 | Раде Круниќ — босанскохерцеговски фудбалер. |
1995 | Линдон Дајкс — шкотски фудбалер. |
1995 | Петар Стојановиќ — словенечки фудбалер. |
1996 | Луис Капалди — шкотски поп-музичар. |
1996 | Гуљелмо Викарио — италијански фудбалски голман. |
1998 | Трент Александер-Арнолд — англиски фудбалер. |
Починале
1849 | Едгар Алан По — американски поет |
1894 | Оливер Вендел Холмс — американски писател |
1904 | Димитар Цанко — македонски преродбеник |
1959 | Марио Ланца — американски тенор и филмска ѕвезда. |
1985 | Христо Андонов Полјански — македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. |
1997 | Јанез Врховец — српски и југословенски глумец. |
2012 | Мерсад Бербер — босански сликар. |
Настани
451 | Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор. |
1600 | Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република. |
1793 | Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец. |
1893 | Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рендгенски зраци. |
1942 | Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер. |
1944 | На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја заземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили. |
1967 | Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во Кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. |
1979 | Основана Галеријата на икони во Прилеп — една од најзначајните збирки на духовна уметност во Македонија. |
1991 | Собранието на Хрватска донело одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска. |
1995 | Руската воена врховна команда најави дека ќе ги насочи своите јадрени ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО. |
2005 | Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000. |
Родени
1789 | Џон Раглс — американски политичар. |
1864 | Бранислав Нушиќ — српски комедиограф, сатиричар и критичар. |
1892 | Марина Цветаева — руска и советска поетеса. |
1917 | Валтер Лорд — американски писател. |
1922 | Нилс Лидолм — шведски фудбалер. |
1928 | Диди — бразилски фудбалер. |
1939 | Пол Хоган — австралиски глумец. |
1949 | Сигурни Вивер — американскаглумица. |
1965 | Мат Бјонди — американски пливач. |
1968 | Звонимир Бобан — хрватски фудбалер. |
1970 | Мет Дејмон — американски глумец. |
1978 | Дарко Станиќ — српски ракометар. |
1980 | Роберт Вречер — словенечки велосипедист. |
1980 | Ник Канон — американски глумец. |
1985 | Бруно Марс — американски пејач. |
1993 | Габриње Мугуруса — шпанско-венецуелска тенисерка. |
1993 | Барбара Палвин — унгарски модел. |
1997 | Бен Вајт — англиски фудбалер. |
1999 | Ѓорѓе Петровиќ — српски фудбалски голман. |
Починале
1652 | Џон Грејвс — англиски математичар. |
1754 | Хенри Филдинг — англиски писател. |
1897 | Алексеј Саврасов — руски уметник. |
1967 | Ернесто Че Гевара — јужноамерикански комунистички револуционер. |
1970 | Жан Жионо — француски писател. |
1992 | Вили Брант — западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на Германија. |
2004 | Жак Дерида — француски филозоф. |
2024 | Михаил Ренџов — македонски поет. |
Настани
1000 | Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка. |
1595 | Шпанската армија го зазема Камбраи. |
1604 | Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат. |
1876 | Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ. |
1967 | Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. |
1975 | На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. |
1995 | Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција. |
Родени
1547 | Мигел де Сервантес — шпански писател, автор на романот „Дон Кихот“. |
1608 | Џон Милтон — англиски поет. |
1757 | Шарл X — крал на Франција. |
1893 | Марио де Андраде — бразилски писател. |
1899 | Хенри Сајмонс — американски економист. |
1894 | Владимир Мошин — проучувач на македонската средновековна уметност и култура. |
1903 | Карел Стекли — чехословачки режисер. |
1907 | Жак Тати — француски филмски глумец и режисер. |
1920 | Јусеф Латиф — американски џез-музичар. |
1921 | Тадеуш Ружевич — полски писател. |
1938 | Хајнц Фишер — австриски политичар. |
1944 | Абдулах Сидран — босански писател и сценарист. |
1944 | Нона Хендрикс — американска поп-пејачка. |
1948 | Џексон Браун — американски музичар. |
1955 | Стив Овет — британски атлетичар. |
1958 | Срѓан Шапер — српски и југословенски рок-музичар, член на групата Идоли. |
1962 | Хорхе Буручага — аргентински фудбалер. |
1967 | Георге Попеску — романски фудбалер. |
1971 | Евгениј Наместников — руски хокеар. |
1973 | Тери Балсамо — американски гитарист. |
1990 | Кевин Кампл — германско-словенечки фудбалер. |
Починале
1047 | Климент II — римски папа. |
1569 | Владимир Андреевич — руски кнез |
1841 | Карл Фридрих Шинкел — германски архитект, урбанист и сликар. |
1924 | Валериј Брјусов — руски писател. |
1934 | Александар I — Крал на Југославија (убиен). |
1956 | Мари Доро — американска глумица. |
1999 | Милт Џексон — американски џез-музичар. |
2010 | Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда. |
2014 | Борис Бузанчиќ — хрватски и југословенски глумец. |
2016 | Анджеј Вајда — полски режисер. |
2016 | Арон Прајор — американски боксер. |
Настани
1582 | Поради воведувањето на грегоријанскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија. |
1631 | Саконската војска ја зазема Прага. |
1889 | Формиран колеџот Бернард. |
1944 | Во селото Жегљане, Кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегле XVI, XVII и XVIII македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. |
1946 | Во Скопје, во црквата „Св. Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија. |
1967 | Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). |
1991 | Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп. |
1993 | Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција. |
Родени
1813 | Џузепе Верди — италијански композитор (п. 1901). |
1892 | Иво Андриќ — српски писател. |
1901 | Алберто Џакомети — италијански вајар и сликар. |
1904 | Сотир Ставридис — македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје. |
1913 | Клод Симон — француски писател. |
1917 | Телониус Монк — американски џез-музичар. |
1923 | Николас Парсонс — англиски глумец. |
1930 | Харолд Пинтер — англиски драматург - добитник на Нобеловата награда за литература. |
1946 | Наото Кан — јапонски политичар. |
1953 | Бисерка Вишниќ — југословенска ракометарка. |
1953 | Миџ Јур — шкотски поп-музичар. |
1963 | Драган Бјелогрлиќ — српски глумец. |
1966 | Тони Адамс — англиски фудбалер. |
1969 | Илија Зимбо — македонски музичар, прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет. |
1974 | Хулио Круз — аргентински фудбалер. |
1983 | Никос Спиропулос — грчки фудбалер. |
1983 | Џек Саворети — англиски поп-музичар. |
1985 | Антонио Пједра — шпански велосипедист. |
1986 | Пјер Ролан — француски велосипедист. |
1991 | Џердан Шаќири — швајцарски фудбалер. |
Починале
426 | Атик — Цариградски патријарх. |
1359 | Хуго IV — крал на Кипар. |
1636 | Питер Бројгел Помладиот — фламански сликар. |
1674 | Томас Трахерн — англиски поет. |
1837 | Шарл Фурје — француски филозоф. |
1930 | Адолф Енглер — германски ботаничар. |
1973 | Лудвиг фон Мизес — австриско-американски економист. |
1976 | Силвана Арменулиќ — југословенска фолк-пејачка. |
1983 | Ралф Ричардсон — англиски глумец. |
1985 | Јул Бринер — американски глумец. |
1985 | Орсон Велс — американски глумец и режисер. |
2004 | Кристофер Рив — американски глумец. |
2014 | Валери Карпов — руски и советски хокеар. |
Настани
1941 | Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Овој напад се смета за почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. |
1954 | Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев. |
1963 | Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија, документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание. |
1964 | Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам. |
1994 | Во Анталија, Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка, на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО. |
Родени
1483 | Мартин Лутер — германски духовник, водач на протестантската реформација. |
1865 | Јован Цвииќ — српски географ и претседател на Српската академија на науките и уметностите. |
1885 | Франсоа Шарл Моријак — француски писател и публицист, добитник на Нобеловата награда за литература. |
1910 | Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
1937 | Боби Чарлтон — англиски фудбалер. |
1941 | Кирил Псалтиров — македонски глумец. |
1963 | Жорди Виљакампа — шпански кошаркар. |
1964 | Милорад Ратковиќ— српски фудбалер. |
1965 | Александер Хаке — германски рок-музичар. |
1975 | Лабина Митевска — македонска глумица. |
1999 | Келдон Џонсон — американски кошаркар. |
2001 | Даниел Малдини— италијански фудбалер. |
Починале
1670 | Луј Ле Во — истакнат француски барокен архитект. |
1961 | Чико Маркс — американски глумец. |
1963 | Жан Кокто — француски писател. |
2000 | Матија Љубек — хрватски и југословенски кануист. |
2022 | Анџела Ленсбури — британско-американска глумица. |
Настани
539 п.н.е. | Персискиот цар Кир од Ахеменидската династија го освоил Вавилон. |
1492 | Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања. |
1822 | Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија. |
1941 | Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд. |
1941 | На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 Евреи во Днепропетровск, Украина. |
1964 | СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Егоров. |
1969 | СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“. |
1994 | Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години. |
1995 | На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство. |
1999 | На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја. |
Родени
1350 | Дмитриј Донски — руски кнез |
1873 | Надежда Петровиќ — српска сликарка. |
1874 | Андонис Влахакис — андартски капетан. |
1896 | Еуџенио Монтале — италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. |
1935 | Лучано Павароти — италијански тенор. |
1944 | Драгутин Чермак — српски и југословенски кошаркар и тренер. |
1962 | Бранко Црвенковски — македонски политичар, втор премиер и трет претседател на Република Македонија. |
1963 | Рајмонд Ауман — германски фудбалски голман. |
1966 | Роберто Сенсини — аргентински фудбалер. |
1968 | Хју Џекмен — австралиски глумец. |
1975 | Мерион Џонс — американска атлетичарка и кошаркашка. |
1977 | Боде Милер — американски скијач. |
1979 | Ренато Сулиќ — хрватски ракометар. |
1981 | Шола Амеоби — нигериски фудбалер. |
1987 | Дамијано Карузо — италијански велосипедист. |
1997 | Никола Миленковиќ — српски фудбалер. |
Починале
322 п.н.е. | Демостен — старогрчки државник и оратор. |
1875 | Жан Батист Карпо — француски вајар |
1924 | Анатол Франс — француски писател, добитник на Нобеловата награда. |
1946 | Хајнрих фон Штакелберг — германски економист. |
1971 | Џин Винсент — американски рокенрол музичар. |
1996 | Рене Лакост — француски тенисер. |
1997 | Џон Денвер — американски кантри-музичар. |
1999 | Вилт Чемберлен — американски кошаркар. |
2021 | Драгутин Чермак — српски и југословенски кошаркар и тренер. |
Настани
1307 | Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Филип Добриот и подоцна измачувани за да признаат дека се кривоверци. |
1792 | Поставен е камен-темелникот на Белата куќа во Вашингтон. |
1884 | Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзален (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата. |
1943 | Под притисок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виктор Емануел III и неговиот премиер Бадољо ѝ објавиле војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дошло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија. |
1952 | Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески. |
1972 | Над Андите се урнал авионот во кој се наоѓала репрезентацијата на Уругвај во рагби. |
2016 | По смртта на татка си, Маха Вачиралонгкорн е прогласен за крал на Тајланд (со владетелско име Рама X). |
Родени
1474 | Мариото Арбертинели — италијански сликар, претставник на француската школа на високата ренесанса. |
1911 | Андре Навара, француски виолончелист. |
1923 | Драга Чаловска - Секуловска — македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. |
1925 | Маргарет Тачер — првата жена премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“. |
1927 | Ли Кониц — американски џез-музичар. |
1931 | Рејмон Копа — француски фудбалер. |
1932 | Душан Макавеев — српски и југословенски режисер. |
1941 | Пол Сајмон — американски поп-музичар. |
1948 | Нусрет Фатех Али Кан — пакистански музичар. |
1941 | Нана Александрија — грузиска шахистка. |
1956 | Синан Сакиќ — српски и југословенски фолк-пејач. |
1967 | Хавиер Стомајор — кубански атлетичар. |
1971 | Саша Барон Коен — британски глумец и комичар. |
1977 | Пол Пирс — американски кошаркар. |
1989 | Карлос Бетанкур — колумбиски велосипедист. |
1990 | Милица Тодоровиќ — српска пејачка. |
Починале
1822 | Антонио Канова — италијански неокласицистички вајар (р. 1757) |
1984 | Илија Зафировски — македонски новинар. |
2003 | Ѓорѓи Колозов — македонски глумец, прочуен по улогите во ТВ-серијалите „Македонски народни приказни“. |
2016 | Пумипон Адунљадет — крал на Тајланд. |
Настани
1933 | Германија се повлекува од Друштвото на Народите. |
1944 | Германскиот окупатор изврши масовни убиства во 9 села во Штипско и Кочанско. Најмногу настрадале штипските села Крупиште, каде биле убиени 49 лица, и Горни Балван со убиени 26 лица, како и кочанското село Уларци со убиени 25 лица. |
1944 | Ослободена е Атина од страна на британската војска. |
1981 | Потпретседателот Хосни Мубарак е избран за претседател на Египет, една недела по убиството на претседателот Анвар Садат. |
1993 | Во Њујорк е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под уставното име. |
1994 | По Ирската републиканска армија и лојалистичките паравоени единици, објавија општ прекин на воените дејства, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата Северноирска граѓанска војна. |
Родени
1829 | Август Малмстрем — шведски историски сликар. |
1890 | Двајт Ајзенхауер — американски генерал и политичар. |
1919 | Димитар Митрев — македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
1931 | Душко Гојковиќ — српски џез-музичар и композитор. |
1940 | Клиф Ричард — англиски поп-музичар. |
1958 | Томас Долби — англиски поп-музичар. |
1959 | Ацо Петровиќ — српски кошаркарски тренер. |
1960 | Стив Крем — британски атлетичар. |
1978 | Ашер — американски поп-пејач. |
1985 | Виталиј Фридзон — руски кошаркар. |
Починале
1856 | Јохан Каспар Мерц — австроунгарски гитарист и композитор. |
1944 | Ервин Ромел — германски фелдмаршал, познат како „Пустинска лисица“ (р.1891). |
1958 | Николај Заболоцки — советски и руски поет. |
1977 | Бинг Крозби — американски глумец и пејач, добитник на филмската награда „Оскар“. |
1990 | Леонард Бернштајн — американски композитор, пијанист и диригент, познат по музичките нумери во филмот „Приказна од западната страна“. |
2010 | Беноа Манделброт — француско-американски математичар, познат изучувач на фракталите (р. 1924). |
2012 | Бранко Чрнац Туста — хрватски рок-пејач, член на групата КУД Идијоти. |
2018 | Милена Дравиќ — српска и југословенска глумица. |
2021 | Марко Живиќ — српски глумец. |
2022 | Роби Колтрејн — британски глумец. |
Настани
1582 | Почнува да се користи грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија календарот прешол од 4 октомври на 15 октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена. |
1878 | Претпријатието на Едисон за електрични светилки, денешен „Џенерал Електрик“, започнала со работа. |
1894 | Алфред Драјфус бил уапсен за шпионирање — започнала аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот Обвинувам! од Емил Зола во весникот „Аврора“. |
1928 | Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхерст, Њу Џерси, САД. |
1945 | Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство. |
1946 | Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна. |
1971 | Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија. |
1984 | Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“. |
1992 | Во Скопје е регистрирана Демократска партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач. |
1995 | По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница. |
2016 | Керсти Калјулајд станува првата жена на функцијата Претседател на Естонија. |
Родени
1608 | Еванџелиста Торичели — италијански физичар и математичар. |
1844 | Фридрих Ниче — германски филозоф. |
1854 | Оскар Вајлд — англиски писател. |
1908 | Џон Кенет Галбрајт — канадско-американски економист. |
1923 | Итало Калвино — италијански писател. |
1929 | Милорад Павиќ — српски писател. |
1934 | Слободан Алигрудиќ — српски и југословенски глумец. |
1943 | Стенли Фишер — еврејско-американски економист. |
1947 | Ласло Фазекаш — унгарски фудбалер. |
1950 | Благоја Георгиевски — македонски и југословенски кошаркар. |
1952 | Вахид Халилхоџиќ — босански и југословенски фудбалер и тренер. |
1960 | Славко Штимац — српски глумец. |
1968 | Дидје Дешан — француски фудбалер и тренер. |
1971 | Нико Ковач — хрватски фудбалер и тренер. |
1972 | Мирко Попов — македонски радио-водител, дикс-џокеј и музичар. |
1977 | Давид Трезеге — француски фудбалер. |
1980 | Том Бонен — белгиски велосипедист. |
1986 | Нолито — шпански фудбалер. |
1988 | Месут Езил — германски фудбалер со турско потекло. |
1989 | Ентони Џошуа — британски боксер, светски првак во тешка категорија. |
1991 | Михел Кох — германски велосипедист. |
Починале
1917 | Мата Хари — германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка. |
1964 | Кол Портер — американски композитор. |
1989 | Данило Киш — српски и југословенски писател. |
2018 | Пол Ален — американски претприемач, основач на „Мајкрософт“. |
2022 | Марин Бабиќ — македонски глумец. |
Настани
1689 | Армијата на Хабсбуршката монархија го ослободува градот Видин од турска власт. |
1813 | Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира. |
1925 | Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот од Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници. |
1945 | Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година. |
1949 | Николаос Захаријадис, водачот на Комунистичката партија на Грција, објавил „привремен прекин на огнот“, со што всушност завршила Граѓанската војна во Грција. |
1964 | Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на атомска бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на атомските сили. |
1994 | Во Македонија се одржа првиот круг од парламентарните, а по првпат и од општи претседателски избори. Киро Глигоров е реизбран за претседател во првиот круг со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ и останатата опозиција ги отфрли резултатите и го бојкотираше вториот круг на изборите. |
2012 | Откриена планетата Алфа Кентаур Bb — најблиска вонсончева планета до Земјата. |
Родени
1351 | Џан Галеацо Висконти — војвода на Милано. |
1801 | Јосип Јелачиќ — хрватски бан. |
1854 | Карл Кауцки — чешко-австриски марксистички теоретичар. |
1886 | Давид Бен Гурион — израелски политичар. |
1888 | Јуџин О'Нил — американски писател, добитник на Нобеловата награда. |
1906 | Оскар Вајлд — британски писател. |
1906 | Клинт Брукс — американски литературен критичар. |
1908 | Кузман Сотировски — македонски фудбалер. |
1908 | Енвер Хоџа — албански комунистички државник. |
1906 | Дино Буцати — италијански новинар и писател. |
1918 | Луј Алтисер — француски филозоф. |
1921 | Славчо Стојменски — народен херој на Македонија. |
1921 | Анджеј Мунк — полски режисер. |
1924 | Панче Васоски — македонски глумец. |
1927 | Гинтер Грас — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1999 година. |
1938 | Нико — германско-американска пејачка и глумица. |
1950 | Милош Бојаниќ — српски пејач. |
1951 | Драги Михајловски — македонски писател. |
1953 | Пауло Роберто Фалкао — бразилски фудбалер. |
1954 | Вера Чејковска — македонски писател. |
1958 | Тим Робинс — американски глумец. |
1959 | Гари Кемп — англиски поп-музичар, член на групата Спандау балеј (Spandau Ballet). |
1960 | Боб Моулд — американски рок-музичар, член на групата Хускер ду (Husker Du). |
1963 | Данко Цвјетичанин — хрватски и југословенски кошаркар. |
1966 | Штефан Ројтер — германски фудбалер. |
1970 | Мехмет Шол — германски фудбалер. |
1985 | Кејси Стонер — австралиски возач. |
1986 | Ина — романска пејачка. |
1997 | Наоми Осака — јапонска тенисерка. |
Починале
1793 | Марија Антоанета — француска кралица, сопруга на Луј XVI. |
1992 | Владек Шејбал — полски глумец. |
2003 | Ласло Пап — унгарски боксер. |
2007 | Тоше Проески — македонска поп-ѕвезда. |
2007 | Бахрудин Ченгиќ — босански и југословенски режисер. |
Настани
1878 | Започнало Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓаla османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година. |
1907 | Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажала многу попрактична од телефонската врска, за која биле потребни скапи подводни кабли. |
1912 | Почнала Првата балканска војна. Војната завршила со примирје на 3 декември истата година. На конференцијата во Лондон, на 30 мај 1913 г. Турција морала да се откаже од територите на Европскиот континент, освен од Одрин, кое сојузниците не успеале да го заземат. Македонскиот народ зел активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што пак било причина за почетокот на Втората балканска војна. |
Родени
1760 | Клод Анри Сен Симон — француски социјалист, утопист и филозоф. |
1917 | Мак Диздар — босански и југословенски поет. |
1918 | Рита Хејворт — американска глумица. |
1922 | Борислав Михајловиќ - Михиз — српски писател и критичар. |
1923 | Барни Кесел — американски џез-музичар. |
1943 | Кирил Дојчиновски — македонски и југословенски фудбалер. |
1946 | Виктор Третјаков — руски и советски виолинист и диригент. |
1950 | Јусуф Хатуниќ — босански и југословенски фудбалер. |
1959 | Билјана Јевтиќ — српска фолк-пејачка. |
1963 | Серхјо Гојкочеа — аргентински фудбалски голман. |
1972 | Еминем — американски рапер, музички продуцент и глумец. |
1979 | Кими Раиконен — фински автомобилист во трките на „Формула 1“ |
1983 | Александар Дјаченко — казахстански велосипедист. |
1984 | Готфрид Свартхолм — соосновач на The Pirate Bay. |
1969 | Вајклеф Жан — рапер од Хаити. |
1992 | Адам Марушиќ — црногорски фудбалер. |
1995 | Алексеј Миранчук — руски фудбалер. |
2002 | Максимилијан Бајер — германски фудбалер. |
Починале
1404 | Катерина Висконти — Војвотка на Милано. |
1849 | Фредерик Шопен — полски композитор и пијанист. |
1849 | Васил Дилев — македонски фудбалски голман. |
1938 | Карл Кауцки — чешко-австриски марксистички теоретичар. |
1962 | Наталија Гончарова — руска сликарка. |
1973 | Ингеборг Бахман — австриска писателка. |
2012 | Силвија Кристел — холандска манекенка и глумица. |
2017 | Јагода Сланева — македонска балерина. |
Настани
1842 | Свечено отворен споменикот „Валхала“ — сала на истакнатите дејци и владетели во историјата на германските народи сместен во околината на Регенсбург, Баварија. |
1867 | Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Алјаска за 7,2 милиони тогашни долари. |
1912 | Во Лозана, Турција и Италија потпишале Лозанскиот договор, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912). |
1943 | Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. |
1962 | После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, сè до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета. |
1967 | Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. |
1972 | Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и наемнина. |
1994 | Британската кралица Елизабета II за првпат во петвековната соработка допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија. |
Родени
1130 | Џу Си — најзначајниот филозоф на конфуцијанството по Конфуциј. |
1777 | Хајнрих фон Клајст — германски писател. |
1859 | Анри Бергсон — француски филозоф. |
1894 | Тибор Дери — унгарски писател. |
1898 | Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија. |
1926 | Клаус Кински — германски глумец. |
1941 | Били Кокс — американски рок-музичар. |
1956 | Мартина Навратилова — чешка и американска тенисерка. |
1958 | Предраг Пашиќ — југословенски фудбалер. |
1958 | Томас Хирнс — американски боксер. |
1961 | Винтон Марсалис — американски џез-музичар. |
1983 | Данте — бразилски фудбалер. |
1984 | Фрида Пинто — индиска глумица. |
1984 | Линдзи Вон — американска скијачка. |
1985 | Тијаго Машадо — португалски велосипедист. |
1989 | Ли Хауард — австралиски велосипедист. |
2003 | Алехандро Балде — шпански фудбалер. |
Починале
1893 | Шарл Гуно — француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во XIX век. |
1901 | Август Малмстрем — шведски историски сликар. |
1931 | Томас Алва Едисон — американски пронаоѓач од областа на електротехниката. |
1990 | Гога Џаџу — првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“. |
2003 | Мануел Васкес Монталбан — шпански писател |
Настани
202 п.н.е. | Во Битката кај Зама, Римјаните предводени од Скипион Африканецот извојувале конечна победа против Картагинците и Ханибал во Втората пунска војна. |
1453 | Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ламанш. |
1469 | Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I Кастиљска што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастиља во една земја — Шпанија. |
1512 | Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia). |
1812 | Наполеон почнал да се повлекува од Москва. |
1935 | Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија. |
1944 | Втора светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4 јули 1946 г. е прогласена независна Република Филипини. |
1994 | Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје. |
2002 | Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди. |
2003 | Папата Јован Павле II со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица. |
Родени
1735 | Џон Адамс — втор претседател на САД (1797 - 1801). |
1915 | Кирил Симоновски - Џина — македонски и југословенски фудбалер. |
1921 | Гунар Нордал — шведски фудбалер. |
1924 | Владимир Брезовски — македонски историчар. |
1928 | Борисав Јовиќ — српски и југословенски политичар. |
1945 | Ангус Дитон — шкотско-американски економист, добитник на Нобеловата награда за економија. |
1951 | Фрањо Владиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1956 | Јасна Мердан Колар — југословенска ракометарка. |
1962 | Евандер Холифилд — американски боксер. |
1978 | Руслан Чагаев — узбекистански боксер. |
Починале
1745 | Џонатан Свифт — најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. |
1984 | Анри Мишо — белгиско-француски писател и сликар. |
1995 | Дон Чери — американски џез-музичар. |
2003 | Алија Изетбеговиќ — претседател на Босна и Херцеговина. |
Настани
1728 | Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот. |
1803 | Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија. |
1865 | Отава станала новата престолнина на Канада. |
1941 | Втора светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. |
1944 | Втора светска војна: Ослободен градот Белград |
1945 | Жените во Франција добиле право на глас |
1949 | Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН |
1973 | Англиската кралица Елизабета II свечено ја отворила Сиднејската опера |
1994 | Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин. |
2001 | Протести низ француските градови против зависноста од јадрена енергија. |
Родени
1864 | Алексо Поројлијата, македонски револуционер. |
1866 | Густав Касел — шведски економист. |
1875 | Димо Хаџи Димов — македонски револуционер. |
1882 | Бела Лугоши — американски глумец со унгарско потекло. |
1915 | Мирче Ацев — народен херој на Македонија. |
1915 | Антон Попов — македонски револуционер, публицист, писател. |
1917 | Жан-Пјер Мелвил — француски режисер и глумец. |
1946 | Елфриде Јелинек — австриска писателка, добитничка на Нобеловата награда во 2004 година. |
1946 | Марко Николиќ — српски глумец. |
1950 | Том Пети — американски рок-музичар. |
1951 | Клаудио Раниери — италијански фудбалер и тренер. |
1955 | Арон Прајор — американски боксер. |
1958 | Иво Погорелиќ — југословенски и хрватски пијанист. |
1959 | Борис Стрел — словенечки и југословенски скијач. |
1960 | Лепа Брена — српска и југословенска фолк-пејачка. |
1961 | Драгиша Биниќ — југословенски и српски фудбалер. |
1961 | Јан Раш — велшки фудбалер. |
1964 | Ненад Ненадовиќ — српски глумец. |
1965 | Стефано Пјоли — италијански фудбалер и тренер. |
1966 | Абу Мусаб Ал Заркави — член на Ал-Каеда. |
1971 | Снуп Дог — американски рапер и музички продуцент. |
1992 | Матија Де Шиљо — италијански фудбалер. |
1997 | Адемола Лукман — нигериски фудбалер. |
Починале
1940 | Гунар Асплунд — шведски архитект. |
1987 | Андреј Колмогоров — руски и советски математичар. |
1992 | Коча Поповиќ — српски и југословенски офицер, политичар, филозоф и писател. |
1994 | Берт Ланкастер — американски глумец и режисер. |
1994 | Сергеј Бондарчук — советски сценарист, режисер и глумец. |
2003 | Миодраг Петровиќ - Чкаља — српски глумец и комичар. |
2003 | Ѓоко Георгиев — водител на емисии на Македонското радио и автор на текстови на поп-музика. |
2005 | Ширли Хорн — американска џез-музичарка и пејачка. |
2011 | Муамер Гадафи — либиски диктатор. |
2013 | Лоренс Клајн — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1980 година. |
Настани
1805 | Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години. |
1824 | Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Англија, го патентирал портландскиот цемент. |
1941 | Втора светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца. |
1967 | Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судири со полицијата. |
1995 | По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка. |
1997 | Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора. |
2010 | Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма). |
Родени
1833 | Алфред Нобел — шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец |
1917 | Дизи Гилеспи — американски џез-музичар. |
1919 | Димче Јанко — македонски копаничар од Охрид. |
1933 | Франциско Генто — шпански фудбалер. |
1942 | Елвин Бишоп — американски блуз-музичар. |
1942 | Кристофер Симс — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
1945 | Никита Михалков — руски филмски режисер и глумец. |
1955 | Френк Херш — американски џез-музичар |
1956 | Андро Кнего — хрватски и југословенски кошаркар. |
1957 | Џулиен Коуп — англиски рок-музичар. |
1967 | Пол Инс — англиски фудбалер. |
1981 | Немања Видиќ — српски фудбалер. |
1987 | Георги Братоев — бугарски одбојкар. |
1987 | Валентин Братоев — бугарски одбојкар. |
1990 | Рики Рубио — шпански кошаркар. |
1995 | Јулимар Рохас — венецуелска атлетичарка. |
Починале
1494 | Џан Галеацо Сфорца — војвода од Милано. |
1641 | Хорацие Мажибрадиќ — хрватски поет. |
1927 | Бора Станковиќ — српски писател. |
1931 | Артур Шницлер — австриски писател. |
1969 | Џек Керуак — американски писател, претставник на таканаречената „бит-генерација“ |
1984 | Франсоа Трифо — француски филмски режисер. |
2003 | Елиот Смит — американски рок музичар. |
2022 | Масато Кудо — јапонски фудбалер. |
2023 | Боби Чарлтон — англиски фудбалер. |
Настани
1962 | Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и воздухопловството на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне јадрена пресметка меѓу двете велесили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба. |
1991 | На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел. |
1997 | Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Св. Ѓорѓи“, во Фицрој, Мелбурн, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма. |
Родени
1811 | Франц Лист — унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. |
1870 | Иван Бунин — руски писател. |
1917 | Борко Лазески — македонски сликар. |
1925 | Роберт Раушенберг — американски сликар. |
1929 | Лав Јашин — руски и советски фудбалер. |
1930 | Тодор Веселиновиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
1934 | Вања Војнова — бугарска кошаркарка. |
1943 | Катрин Денев — француска глумица. |
1949 | Арсен Венгер — француски фудбалски тренер. |
1960 | Крис Кирквуд — американски рок-музичар. |
1973 | Ичиро Сузуки — јапонски безболист. |
1975 | Мичел Салгадо — шпански фудбалер. |
1982 | Марк Реншо — австралиски велосипедист. |
1985 | Алина Сомова — руска балерина. |
1986 | Марчело Паварин — италијански велосипедист. |
1987 | Микел Хансен — дански ракометар. |
1990 | Кире Ристевски — македонски фудбалер. |
1999 | Алберт Самби Локонга — белгиски фудбалер. |
Починале
1906 | Пол Сезан — француски сликар. |
1927 | Борисав Станковиќ — српски писател. |
1973 | Димитар Николоски - Луј — македонски музички педагог и композитор |
1987 | Лино Вентура — италијанско-француски глумец. |
2023 | Никола Матлиевски — македонски стопанственик и градоначалник на Охрид. |
Настани
1893 | Во Солун, е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет. |
1917 | Кај местото Линевил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна. |
1942 | Втора светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка. |
1944 | Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби. |
1944 | Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол. |
1954 | САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија. |
1956 | Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија. |
1973 | Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток. |
1992 | По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото. |
Родени
1698 | Анж Жак Габриел — француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура. |
1805 | Адалберт Штифтер — австриски писател, сликар и педагог. |
1844 | Сара Бернар — француска артистка. |
1846 | Александар Архангелски — руски композитор. |
1893 | Гумо Маркс — американски глумец. |
1925 | Нани Лој — италијански режисер. |
1927 | Лешек Колаковски — полски филозоф. |
1940 | Пеле — бразилски фудбалер. |
1940 | Добрило Ненадиќ — српски писател. |
1942 | Мирослав Павловиќ — српски и југословенски фудбалер. |
1955 | Маријан Влак — југословенски и хрватски фудбалер и тренер. |
1961 | Андони Зубизарета — шпански фудбалски голман. |
1971 | Крис Хорнер — американски велосипедист. |
1973 | Уљјана Лопаткина — руска балерина. |
1986 | Јованка Радичевиќ — црногорска ракометарка. |
1992 | Алваро Мората — шпански фудбалер. |
Починале
1872 | Теофил Готје — француски писател. |
1893 | Александар I Батенберг — кнез на Бугарија. |
1918 | Едмон Бушје Де Бел — француски писател. |
1944 | Иван Милутиновиќ — југословенски комунист, партизан и народен херој. |
1990 | Луј Алтисер — француски филозоф. |
Настани
1795 | Русија, Австрија и Прусија ја поделиле територијата на Полска. |
1797 | Лима, главниот град на Перу, е разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе. |
1857 | Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот. |
1918 | Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австроунгарија и Германија на безусловна капитулација. |
1945 | Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Ден на ООН“. |
1992 | Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени. |
1997 | На 5 км под површината на Индискиот Океан, нуркачите го американскиот брод кој носел 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 г. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари. |
Родени
51 | Домицијан — римски цар. |
1668 | Петр Брандл — чешки сликар. |
1865 | Григор Ќуркчиев — македонски генерал во Бугарската армија, учесник во Балканските војни. |
1882 | Имре Калман — унгарски композитор. |
1913 | Тито Гоби — италијански оперски пејач, баритон. |
1914 | Џонас Едвард Салк — американски микробиолог. |
1915 | Боб Кејн — американски уметник, создавач на анимираниот јунак Бетмен. |
1930 | Јохан Галтунг — норвешки пацифист. |
1938 | Бил Вајман — англиски рок-музичар, член на групата Ролинг Стоунс. |
1943 | Христо Георгиевски — македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар. |
1947 | Марин Бабиќ — македонски глумец. |
1960 | Малколм Тарнбул — премиер на Австралија. |
1960 | Љубе Бошкоски — македонски политичар. |
1966 | Роман Абрамович — руски бизнисмен и политичар. |
1985 | Вејн Руни — англиски фудбалер. |
1985 | Оскар Вент — шведски фудбалер. |
1986 | Дрејк — канадски рапер. |
1990 | Илкај Гундоган — германски фудбалер. |
1996 | Џејлен Браун — американски кошаркар. |
Починале
996 | Иго Капет — крал на Франција од Капетинската династија. |
1535 | Франческо II Сфорца — милански војвода. |
1537 | Џејн Симор — третата сопруга на англискиот крал Хенри VIII. |
1725 | Алесандро Скарлати — италијански композитор. |
1912 | Доксим Михајлов — војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
1957 | Кристијан Диор — француски моден творец. |
1991 | Џин Роденбери — американски режисер. |
2005 | Роза Паркс — американска активистка за човекови права. |
2015 | Морин О'Хара — американска филмска глумица. |
2022 | Лесли Џордан — американски глумец. |
Настани
1689 | Австрискиот генерал Енеја Силвио Пиколомини (како дел од контраофанзивата против Отоманското Царство по кампањата на Турците во 1683 година) го запалил Скопје. Во тој период во градот бил зафатен со епидемија на колера. Пиколомини наредил градот да се запали за да се сопре епидемијата. Градот горел два дена. До темел изгореле голем број куќи и дуќани, но епидемијата не сопрела. Дури и самиот генерал Пиколомини се заразил од колера и набрзо починал. |
1936 | Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим - Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови. |
1971 | НР Кина е примена во членството на ООН. |
1993 | Мелина Меркури, артистката во филмот „Никогаш в недела“, која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. „Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам“, изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства. |
1994 | Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари. |
Родени
1757 | Хенрих Фридрих Карл — пруски политичар. |
1811 | Еварист Галоа — француски математичар, |
1825 | Јохан Штраус — помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. |
1838 | Жорж Бизе — француски композитор, автор на операта „Кармен“, најуспешното дело на францускиот реализам. |
1881 | Пабло Луис Пикасо — шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот. |
1911 | Михаил Јангел — советски инженер. |
1931 | Ани Жирардо — француска глумица. |
1946 | Елијас Фигуероа — чилеански фудбалер. |
1981 | Шон Рајт Филипс — англиски фудбалер. |
1984 | Кети Пери — американска пејачка. |
1990 | Матија Катанео — италијански велосипедист. |
1994 | Алекса Аврамовиќ — српски кошаркар. |
1997 | Федерико Кјеза — италијански фудбалер. |
1999 | Ромео Лангфорд — американски кошаркар. |
2000 | Доминик Собослај — унгарски фудбалер. |
Починале
625 | Бонифациј V — еден од најголемите реформатори на црквата во Англија. |
1154 | Стефан Англиски — крал на Англија. |
1400 | Џефри Чосер — најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност. |
1647 | Еванџелиста Торичели — италијански физичар и математичар. |
1941 | Робер Делоне — француски сликар. |
1973 | Абебе Бикила — етиопски атлетичар. |
1976 | Рејмон Кено — француски писател. |
1987 | Андреј Колмогоров — руски математичар. |
2010 | Весна Парун — хрватска поетеса. |
2014 | Џек Брус — шкотски рок-музичар, член на групата Крим (Cream). |
2015 | Јуриј Мамлеев — руски писател. |
2016 | Карлос Алберто — бразилски фудбалер. |
2017 | Фетс Домино — американски рокенрол-музичар. |
2024 | Фил Леш — американски рок-музичар. |
Настани
1689 | По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини. |
1863 | Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија. |
1905 | Шведска ја признала независноста на Норвешка. |
1911 | Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата. |
1912 | Прва балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје. |
1955 | Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија. |
1992 | Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениото археолошко наоѓалиште зафаќа површина од 3 км2 и се наоѓа на околу 60 километри од градот Чиклајо. |
1993 | Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ 1“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети. |
1993 | Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво. |
2002 | Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници. |
2017 | Џасинда Ардерн станува премиер на Нов Зеланд. |
Родени
1685 | Доменико Скарлати — италијански барокен композитор. |
1765 | Јакуб Јан Риба — чешки композитор. |
1888 | Нестор Махно — украински анархист. |
1893 | Милош Црњански — српски писател. |
1911 | Махалија Џексон — американска пејачка, позната како „кралица на госпелот“. |
1916 | Франсоа Митеран — поранешен претседател на Франција. |
1919 | Мохамед Реза Пахлeви — ирански шах. |
1924 | Таип Таипи — југословенски и македонски политички деец. |
1925 | Бошко Станковски — македонски политичар, поранешен претседател на Собранието на СРМ. |
1942 | Боб Хоскинс — британски глумец. |
1949 | Зоран Славниќ — српски и југословенски кошаркар и тренер. |
1950 | Драго Вабец — хрватски и југословенски фудбалер. |
1951 | Бутси Колинс — американски фанк-музичар. |
1952 | Ларс Питер Хансен — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2013 година. |
1952 | Лазар Ристовски — српски глумец и режисер со македонско потекло. |
1956 | Раде Залад— српски фудбалски голман. |
1959 | Ево Моралес — претседател на Боливија. |
1961 | Мануел Естиарте — шпански ватерполист. |
1966 | Златко Далиќ — хрватски фудбалер и тренер. |
1968 | Роберт Јарни — хрватски фудбалер и тренер. |
1974 | Дејан Лилиќ — македонски глумец и телевизиски водител. |
1980 | Кристијан Киву — романски фудбалер. |
1986 | Уве Гензхајмер — германски ракометар. |
1986 | Аидис Круопис — литвански велосипедист. |
2001 | Пау Виктор — шпански фудбалер. |
Починале
1874 | Алфред Велики — крал на Англија. |
1764 | Вилијам Хогарт — важен англиски сликар, графичар, сатиричар и карикатурист. |
1890 | Карло Колоди — италијански писател. |
1837 | Карл Колдевеј — германски поларен истражувач. |
1874 | Петар Корнелиус — германски композитор. |
1957 | Герти Кори — американска биохемичарка. |
1957 | Никос Казанѕакис — грчки писател. |
1955 | Радослав Петковски — македонски писател. |
1972 | Игор Сикорски — руски конструктор на авиони и хеликоптери. |
1999 | Абрахам Полонски — американски режисер, есеист и писател. |
Настани
710 | Сарацените извршиле инвазија во Сардинија. |
1275 | Основан градот Амстердам. |
1524 | Италијански војни: Француските војски го опседнале градот Павија. |
1644 | Започнала Втората њуберска војна. |
1787 | Наполеон Бонапарт бил назначен за генерал на француската армија. |
1806 | По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт влегува триумфално во Берлин. |
1807 | Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија. |
1920 | Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа сè до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации. |
1922 | Под притисок на фашистите на чело со Бенито Мусолини, владата на Италија поднела оставка. |
1924 | Создадена Узбечката ССР. |
1947 | Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните. |
1969 | Бања Лука била погодена од голем земјотрес. |
1971 | Демократска Република Конго била преименувана во Заир. |
1979 | Свети Винсент и Гренадините добиле независност од Обединетото Кралство. |
1978 | Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин, добиле Нобелова награда за мир. |
1991 | Туркменистан ја објавил својата независност. |
1991 | Во Полска биле спроведени првите демократски избори. |
1998 | Герхард Шредер станал канцелар на Германија, по оставката на Хелмут Кол. |
1999 | Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена. |
Родени
Починале
1449 | Улуг Бег — тимуридски монголски владетел, математичар и астроном. |
1505 | Иван III Василевич — кнез на Московското Кнежевство и „Голем кнез на сите Руси“ . |
1605 | Акбар Велики — цар на Индија. |
1949 | Марсел Сердан — светски првак во бокс. |
1949 | Франтишек Халас — чешки поет и есеист. |
1949 | Анте Тресиќ-Павичиќ — хрватски писател и политичар. |
1974 | Сејмур Харис — американски економист. |
1990 | Жак Деми — француски режисер. |
1990 | Уго Тањаци — италијански глумец. |
1992 | Дејвид Бом — американски физичар. |
1993 | Винсент Прајс — американски глумец. |
1995 | Слободан Селениќ — српски писател. |
2009 | Миле Попоски — македонски писател, сценарист и преведувач. |
2010 | Нестор Киршнер — претседател на Аргентина (р. 1950) |
2013 | Лу Рид — американски рок музичар, член на групата Велвет андерграунд (Velvet Underground). |
2024 | Радослав Петковиќ — српски писател. |
Настани
1689 | По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини. |
1863 | Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија. |
1905 | Шведска ја признала независноста на Норвешка. |
1911 | Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата. |
1912 | Прва балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје. |
1955 | Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија. |
1992 | Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениото археолошко наоѓалиште зафаќа површина од 3 км2 и се наоѓа на околу 60 километри од градот Чиклајо. |
1993 | Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ 1“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети. |
1993 | Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво. |
2002 | Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници. |
2017 | Џасинда Ардерн станува премиер на Нов Зеланд. |
Родени
Починале
312 | Максенциј — римски цар. |
1703 | Џон Волис — англиски математичар. |
1704 | Џон Лок — англиски филозоф. |
1740 | Ана I Ивановна — руска царица. |
1923 | Стојан Протиќ — српски политичар. |
1935 | Џими Макулис — грчки пејач. |
1969 | Корнеј Чуковски — руски писател. |
1989 | Димитар Гешовски — македонски артист. |
1999 | Рафаел Алберти — шпански поет. |
2004 | Гил Мел — американски сликар и џез-музичар. |
2005 | Љуба Тадиќ — југословенски и српски глумец. |
2006 | Тревор Бербик — јамајско-канадски боксер. |
2021 | Ратислав Ѓелмаш — српски и југословенски рок-тапанар. |
2022 | Џери Ли Луис — американски рокенрол музичар. |
2023 | Метју Пери — канадско-американски глумец. |
Настани
1923 | Турција е прогласена за република — Национален ден на Турција. |
1944 | Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство. |
1994 | По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот. |
2013 | Пуштен во употреба железничкиот тунел „Мармарај“ преку потокот Босфор што ги поврзува Европа и Азија. |
Родени
Починале
Настани
1890 | Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик. |
1905 | За време на првата Руска револуција, рускиот цар Николај II воведува устав, кој предвидува законодавно собрание |
1918 | Со капитулацијата на Турција, која во Првата светска војна била на страната на Централните Сили, престанува да постои Отоманското Царство. |
1938 | Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ.Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален херој. |
1945 | Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации. |
1967 | За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки Земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата „Космос-186“ и „Космос-188“. |
1973 | Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија. |
1974 | Со нокаутот над Џорџ Форман, Мухамед Али се враќа во боксот како светски првак. |
1975 | Принцот Хуан Карлос станува претседател на Шпанија, заменувајќи го болниот генерал Франциско Франко. |
1983 | Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе. |
1993 | Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“. |
1994 | Втори повеќепартиски избори во Македонија. СДСМ оствари уверлива победа, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите и се откажа од учество во работата на Парламентот. |
1995 | Со тесен пораз, пропаѓа референдумот на Квебек за независност од Канада. |
Родени
1735 | Џон Адамс — вториот претседател на Соединетите Американски Држави. |
1751 | Ричард Шеридан — ирски драматург. |
1871 | Пол Валери — француски поет. |
1873 | Франсиско Мадеро — мексикански политичар. |
1885 | Езра Паунд — американски поет и критичар. |
1906 | Џузепе Фарина — поранешен светски првак во „Формула 1“. |
1930 | Клифорд Браун — американски џез-музичар. |
1931 | Ѓорѓе Марјановиќ — српски и југословенски пејач на забавна музика. |
1936 | Полина Астахова — советска гимнастичарка. |
1937 | Клод Лелуш — француски филмски режисер. |
1939 | Грејс Слик — американска рок-музичарка. |
1946 | Рене Јакобс — белгиски пејач и диригент. |
1958 | Атила Клинче — македонски глумец. |
1960 | Диего Марадона — аргентински фудбалер. |
1962 | Штефан Кунц — германски фудбалер. |
1978 | Гаел Гарсија Бернал — мексикански глумец. |
1981 | Рубен Перес — шпански велосипедист. |
1982 | Един Терзиќ — хрватско-германски фудбалер и тренер. |
Починале
1757 | Осман III — отомански султан. |
1787 | Фердинандо Галијани — италијански економист и значаен општественик од времето на просветителството. |
1910 | Жан Анри Динан — швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. |
1914 | Ернст Штадлер — германски поет. |
1950 | Борис Верлински — советски шахист. |
1953 | Имре Калман — унгарски композитор. |
1975 | Густав Лудвиг Херц — германски физичар. |
1977 | Густав Крклец — хрватски писател. |
1987 | Џозеф Кемпбел — американски митолог, писател и говорник. |
1992 | Џоан Мичел — американска сликарка. |
2002 | Хуан Антонио Бардем — шпански режисер. |
2006 | Клифорд Гирц — американски антрополог. |
2009 | Клод Леви-Строс — француски антрополог, познат како „татко на модерната антропологија“. |
2013 | Френк Вес — американски џез-музичар |
Настани
1517 | На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на реформацијата“. |
1876 | Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести. |
1892 | Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс. |
1924 | Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето. |
1956 | Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот Канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет. |
1984 | Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики. |
1994 | Водачот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата. |
1995 | Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ. |
Родени
Починале
1448 | Јован VIII Палеолог — претпоследен византиски цар. |
1851 | Петар Петровиќ - Његош — владика и владетел на Црна Гора. |
1898 | Јосиф Ковачев — македонски педагог, реформатор, револуционер, политичар и научник. |
1984 | Индира Ганди — премиер на Индија и истакнат водач на Движењето на неврзаните. |
1987 | Џозеф Кемпбел — американски митолог. |
1993 | Ривер Феникс — американски глумец и музичар. |
1993 | Федерико Фелини — италијански филмски режисер. |
1997 | Тадеуш Јанчар — полски глумец. |
2002 | Михалис Стасинопулос — претседател на Грција. |
2002 | Раф Валоне — италијански фудбалер и глумец. |
2005 | Амрита Притам — индиска писателка. |
2006 | Питер Бота — претседател на ЈАР. |
2011 | Флоријан Алберт — унгарски фудбалер. |
2020 | Шон Конери — шкотски глумец. |