Џони Еванс
Џонатан Грант "Џони" Еванс (роден на 2 јануари 1988 година) — севернo-ирски фудбалер, играч од одбраната на Лестер Сити и северноирската репрезентација.
Џони Еванс | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 2 јануари 1988 | ||
Роден во | Белфаст, Северна Ирска | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,89||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 6 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2006–2015 |
![]() | 131 | (4) |
2006 |
→![]() | 11 | (2) |
2006–2007 |
→![]() | 18 | (1) |
2008 |
→![]() | 15 | (0) |
2015–2018 |
![]() | 89 | (5) |
2018– |
![]() | 20 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2006– |
![]() | 78 | (3) |
† Учества (Голови). |
КариераУреди
Еванс е роден во Белфаст и ја започнал својата кариера во Гринајланд, каде што бил забележан од скаутите на Манчестер Јунајтед. Тој напредувал во академијата на клубот играјќи успешно за резервистите и во летото 2006 се нашол на списокот на играчи кој со себе ги повел менаџерот Сер Алекс Фергусон за подготвителната турнеја за новата сезона. Не можејќи да се избори за место во првиот тим Еванс одработил периоди на заем во Антверпен и на двапати во Сандерленд. Тој го направи своето деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед во натпревар од Лига купот во сезоната 2007-2008, станувајќи редовен член на првиот тим веќе во следната сезона. Тој е последниот северно-ирски фудбалер кој настапил за Манчестер Јунајтед и прв по голманот Рој Карол (2001-2005).
Во летото 2015 бил продаден на Вест Бромвич Албион.
По испаѓањето на Вест Бромвич од Премиер лигата во 2018 година, Еванс потпишал за Лестер Сити.
ТитулиУреди
СандерлендУреди
- Чемпионшип лига (1) : 2006-2007
Манчестер ЈунајтедУреди
- Премиер лига (3) : 2008-2009, 2010-2011, 2012-2013
- ФА Комјунити Шилд (4) : 2008, 2010, 2011, 2013
- Лига куп (2) : 2008-2009, 2009-2010
- ФИФА Светско Клупско првенство (1) : 2008
Надворешни врскиУреди
- Профил на ManUtd.com
- Профил на StretfordEnd.co.uk
- Профил Архивирано на 2 ноември 2012 г. на redStat
- Профил Архивирано на 15 август 2012 г. на irishfa.com