Бранко Ќопиќ

југословенски писател

Бранко Ќопиќ (српски: Бранко Ћопић; Хашани, 1 јануари 1915Белград, 26 март 1984) — југословенски писател.[1]

Бранко Ќопиќ
Роден/а1 јануари 1915(1915-01-01)
Хашани, Босна и Херцеговина, Австроунгарија
Починат/а26 март 1984(1984-03-26) (возр. 69)
Белград, СР Србија, СФР Југославија
Занимањеромансиер, раскажувач
НационалностЈугословен

Животопис

уреди

Бранко Ќопиќ е роден во селото Хашани, под планината Грмеч, во близина на Босанска Крупа. Во тоа време неговиот татко Вид, кој бил војник во австроунгарската војска, се борел на фронтот на Карпатите, а неговиот чичко Ниџо, кој бил српски доброволец, се борел во српска војска. На возраст од четири години, Бранко го загубил татка си и за него и брат му понатаму се грижеле мајка му Соја, дедото Раде и стрикото Ниџа. Ќопиќ го поминал најраното детство во родниот крај, каде што од најрано доба ја спознал трагедијата на својот народ. Првата книга што ја прочитал била „Мигел Сервантес“ што ја купил од учителката, а во која бил опишан живот на шпанскиот писател Мигел де Сервантес, како и неколку извадоци од неговиот роман „Дон Кихот“. Наобразбата ја стекнал во учителското училиште во Бања Лука и во Сарајево, а кое го завршил во Карловац. Образованието го продолжил на Филозофски факултет при Универзитета во Београду. Во пресрет на Втората светска војна тој бил во училишниот баталјон во Марибор, а по нападот на Југославија, заедно со своите другари, се обидел да му даде отпор на непријателот во близина на Мркоњиќ град. Потоа, заминал во родниот краај откаде меѓу првите стапил во редот на партизаните во народноослободителната војна против фашизмот. Во време на војната, тој бил воен дописник, заедно со својот најдобар пријател и кум, Скендер Куленовиќ.

Творештво

уреди

Свое прво печатено дело, Ќопиќ го објавил во младинското списание „Венац“ во 1928 година. Веќе како студент тој го свртел вниманието на книжевната критика, а првата значајна награда „Милан Ракиќ“ ја добил во 1939 година. По Втората светска војна, најпрвин бил уредник во детските списанија во Белград, а потоа почнал професионално да се занимава со книжевност.

Ќопиќ се смета за еден од најголемите детски писатели во јужнословенската литература. Неговите дела се преведени на голем број светски јазици, а според нив се реализирани бројни ТВ-серии и филмови. Тој бил член на САНУ и на АНУСРБиХ. Неговото книжевно дело било одликувано со голем број значајни награди, вклучувајќи ги и највисоките државни награди на Југославија: Наградата „АВНОЈ“ и Његошевата награда (двете во 1972). Неговите прозни дела се одликуваат со лирско и пластично реалистичко сликање на селскиот живот, со длабоко познавање на психологијата, менталитетот и јазикот на луѓето од неговиот роден крај“.[2] Тој создал впечатливи ликови, полни со патриотски дух, доблести, секогаш подготвени на херојски дела. Во негово творештво на почеток на 1950-тите е забележителен судирот со општествените движења кои ги преточува во сатира, поради што бил нападнат од тогашниот политички врв. Осуда на неговата сатира упатил и Тито, но тој забранил Ќопиќ да биде уапсен. Освен раскази, Ќопиќ пишувал романи, новели и поезија. Во книжевноста останал запомнет според специфичниот хумор кои неговите ликови го искажуваат и во најмачните мигови на животот. Неговото детско творештво имало посебно место во лектирите на некогашните југословенски простори.

Книжевно дело

уреди

Раскази

уреди

Романи

уреди

Поезија

уреди

Комедии

уреди

Дела за деца

уреди

Собрани дела

уреди
  • објавени во 12 книги 1960.
  • објавени во 14 книги 1978.

Наводи

уреди
  1. Потекло на зборот - Антологија на српскиот расказ I, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 325.
  2. Branko Ćopić, Orlovi rano lete, Mlado pokolenje, Beograd, 1966, стр. 312-313.